Еднаш у село кај дедо ми и баба ми ги начекав на попладневна дремка и му украдов на дедо ми цигара и ќибрит. Ем-те пушеше во тоа време.

Се скрив кај тоа што го викаат „вада“ (а всушност е некое ко изворче, ама со фекалии од канализација

) и ја палам цигарата онаква узбуџена, срце лупа сто, ко којзнае што да правам... Зимам дим, се угушив, се раскашлав, ме слушна еден роднина на дедо ми, ме фати и ме истаста дека сум пушела цигари и за казна баба ми ме тераше да јадам кисело млеко со кајмак.
Исто у село, со двајцата братучеди, ни здосади да играме камај-камај и индијанци-каубојци и решивме „илегално“ да се џитнеме у тоа рекичката, Крива Река, која патем е длабока 10 сантима во најголемиот дел и најмногу пола метар во најдлабоките свои делови.

Ама ние копиљана, од земја не се гледавме. Нашите не ни даваа да се бањаме зошто беше прљава и фекална реката. Ама ние нешто се уфилмавме нинџи и се расџиткавме во тоа гадната вода, а алиштата ги оставивме покрај реката, на брегчето... Братучед ми нешто се глупираше, си ги џитна гаќите во водата и реката ги однесе, не успеавме да ги спасиме.

Се вративме дома смрдливи, мокри, калливи и без гаќите на братучед ми и за малце ќе изедевме ќотек.
Исто со тој Иван, најдобриот мој другар од детството, карши-карши ни беа куќите, какви се глупости не сме правеле... Инвентивни бевме многу

Имавме изградено мала куќичка од неупотребливи цигли што ги крадевме по дворови, испоземавме од дома черги, столчиња, перници... Се сеќавам дека импровизираниот прозор на куќичката всушност беше врата/капак/тоа со кое што се затвара рерната, од некоја стара рерна што сме ја ископале по подруми.

Многу ни беше јака куќицата, имавме и транзисторче на батерии, и дека беше ептен фраерска сите копиљаци од маало сакаа да ни ја видат, па кога увидовме дека можеме и бизнис да правиме од тоа, почнавме да им наплаќаме по 10 денара влез.

Глупи деца, парите за сладолед ги фрлаа на нашата куќа, бе.
Еднаш се нафуравме од еден филм, ќе сме правеле телефон од пластични чаши поврзани со конец од мојот балкон до неговиот.

Тоа не дека се слушаше гласот преку чашките, туку дека бевме на мала далечина, и без чашки се слушавме.
Исто кај баба ми у село, си игравме кај една стара аут оф употреба воденица, до која има еден јаз, вода во која меле каменот... И да не го објаснувам целиот процес на работа на водениците.

Си игравме таму со братучедите и јас се лизнав и паднав во јазот кој ми беше преку глава длабок... Ќе се удавев за малце да не ме спасеше тетин ми.
Кај мене у маало, првиот ден кога научив да возам точак, се чувствував ко да сум го освоила врвот на светот.

И таква фраерка, знам да возам точак без помошни, возам низ улица и кога ми залета воланот лево-десно, изгубив контрола и се истумбав во гаражата на комшијата, на удолница.

Каква бев цела крвови, после ролшуи ми купија, точак бил опасен за мене...
