Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Не сакам повеќе да пишувам на мрачни теми и да ја читам цела омраза, несигурност и фантазија на мојот народ. Затоа се решив да отворам една посветла и попозитивна, иако знам дека однапред е осудена на пропаст. Тоа нема да ме предомисли, затоа што секогаш го правам и кажувам тоа што го мислам, па макар било несфатливо и за мене.
Насловот не е поврзан со некакво сценарио дека Французите имаат нешто против нас или дека можеби мускетари се бараните убијци. Насловот е поврзан со пораката и желбата која сакам на некој начин барем да ја наметнам како тема за размислување.
После многуте критики кои ги читам кон мене и моите истомисленици, многу се замислив зошто е тоа така. Зошто во денешно време е лошо и си осудуван ако го браниш животот, мирот и љубовта.
Јас луѓето ги делам само на добри и лоши. Се прашувам, колку е тешко тоа што не го можат сите? Зошто секојдневно настануваат се повеќе основи за поделби, наместо таа енергија да ја насочиме кон уништување и искоренување на сите?
На пример, јас како навивач на Јувентус, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од навивачот на Милан?
Како девојка, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од секој маж на светов?
Како хетеросексуалец, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од хомосексуалците?
Како жител на Струга, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од жител на Охрид или Струмица?
Како православна христијанка, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од некој католик, будист или муслиман?
Како невмровка, треба ли да бидам повеќе или помалку од вмро-овците?
Како обожавател на Адел, треба ли да бидам повеќе или помалку од обожавателите на Гага?
Како сопственик на Опел, треба ли да бидам повеќе или помалку од сопственикот на најновото bmw?
Како Македонка, треба ли да бидам повеќе или помалку од некој Србин, Косовар, Албанец, Бугарин или Грк?
Смешни ми се сите тие поделби, омаловажувања и омрази. Сите сме исти во основа, зарем тоа е толку тешко да се види? Сакам да преке тоа некако, па онака од ракав, имам неколку предлози за тоа како да се подобриме единствено како луѓе, без никаква друга придавка. Ако ништо повеќе, барем тука да разговараме за тоа и колку толку на момент да веруваме дека и тоа е можно.
Ќе кажам само еден засега, во интерес на големината на постов.
Зошто кога ќе се решите/ме повторно да се организираат протести за последните крвнички убиства, да не биде тоа еден чин кој ќе испрати убава порака до нашата држава, а и целиот свет? Како што знаеме да ги споменуваме Грците како се кревале против државата за секој проблем, зошто ние да не направиме нешто обратно, па да не спомнуваат и нас исто така? Наместо со сила, да излеземе сите заедно и да покажеме сочуство, љубов и слога? Да излеземе сите граѓани на оваа држава, со нацртани срциња (на пример) на нашите образи и со едно знаме? Едно знаме затоа што во моментов тагуваме по жртви од Македонија. Држава која скоро на сите ни е една и единствена и која не смееме да дозволиме да ни се уништи во било која смисла! Да им покажеме на сите на кои им сметаме дека сме добар народ, дека секоја наредна криза ќе ја пребродиме заедно, исто како и сите претходни. Да им покажеме дека сме посебни по убави работи, за разлика од цел останат насилен свет! Да сме силни внатре, за да не може да не плука никој од надвор. Зарем не го можеме тоа? А замислете колку би било убаво.
Претпоставувам дека многу луѓе ќе се изнасмеат на темава, многу ќе ја мразат, но размислете барем малку, дали тоа не го сакате сите? Дали не сакате подобро утре за сите нас? Дали не сакате да ги видите чудните изрази на новинарите и сите јавни фаци кога би соопштувале за еден таков неочекуван протест од сите припадници на сите нации и вери на Македонија?
Претерав, доста е за почеток. Мило ќе ми е ако има заинтересирани луѓе кои ќе сакаат да постираат тука и да споделуваме убави мисли и предлози за подобра наша иднина. Изморени сме од лошото, дајте да смениме нешто.
Сигурно нема да е којзнае колку актуелна и активна темава, но баш би сакала да се уверам дека грешам. Сакам да ми покажете дека верувате во тоа дека злото се уништува само со добро!
Еве ви за крај едно мускетарско и топло и позитивно пораче