Еден за сите, сите за еден!

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не сакам повеќе да пишувам на мрачни теми и да ја читам цела омраза, несигурност и фантазија на мојот народ. Затоа се решив да отворам една посветла и попозитивна, иако знам дека однапред е осудена на пропаст. Тоа нема да ме предомисли, затоа што секогаш го правам и кажувам тоа што го мислам, па макар било несфатливо и за мене.
Насловот не е поврзан со некакво сценарио дека Французите имаат нешто против нас или дека можеби мускетари се бараните убијци. Насловот е поврзан со пораката и желбата која сакам на некој начин барем да ја наметнам како тема за размислување.
После многуте критики кои ги читам кон мене и моите истомисленици, многу се замислив зошто е тоа така. Зошто во денешно време е лошо и си осудуван ако го браниш животот, мирот и љубовта.
Јас луѓето ги делам само на добри и лоши. Се прашувам, колку е тешко тоа што не го можат сите? Зошто секојдневно настануваат се повеќе основи за поделби, наместо таа енергија да ја насочиме кон уништување и искоренување на сите?
На пример, јас како навивач на Јувентус, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од навивачот на Милан?
Како девојка, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од секој маж на светов?
Како хетеросексуалец, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од хомосексуалците?
Како жител на Струга, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од жител на Охрид или Струмица?
Како православна христијанка, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од некој католик, будист или муслиман?
Како невмровка, треба ли да бидам повеќе или помалку од вмро-овците?
Како обожавател на Адел, треба ли да бидам повеќе или помалку од обожавателите на Гага?
Како сопственик на Опел, треба ли да бидам повеќе или помалку од сопственикот на најновото bmw?
Како Македонка, треба ли да бидам повеќе или помалку од некој Србин, Косовар, Албанец, Бугарин или Грк?

Смешни ми се сите тие поделби, омаловажувања и омрази. Сите сме исти во основа, зарем тоа е толку тешко да се види? Сакам да преке тоа некако, па онака од ракав, имам неколку предлози за тоа како да се подобриме единствено како луѓе, без никаква друга придавка. Ако ништо повеќе, барем тука да разговараме за тоа и колку толку на момент да веруваме дека и тоа е можно.
Ќе кажам само еден засега, во интерес на големината на постов.:oops::)
Зошто кога ќе се решите/ме повторно да се организираат протести за последните крвнички убиства, да не биде тоа еден чин кој ќе испрати убава порака до нашата држава, а и целиот свет? Како што знаеме да ги споменуваме Грците како се кревале против државата за секој проблем, зошто ние да не направиме нешто обратно, па да не спомнуваат и нас исто така? Наместо со сила, да излеземе сите заедно и да покажеме сочуство, љубов и слога? Да излеземе сите граѓани на оваа држава, со нацртани срциња (на пример) на нашите образи и со едно знаме? Едно знаме затоа што во моментов тагуваме по жртви од Македонија. Држава која скоро на сите ни е една и единствена и која не смееме да дозволиме да ни се уништи во било која смисла! Да им покажеме на сите на кои им сметаме дека сме добар народ, дека секоја наредна криза ќе ја пребродиме заедно, исто како и сите претходни. Да им покажеме дека сме посебни по убави работи, за разлика од цел останат насилен свет! Да сме силни внатре, за да не може да не плука никој од надвор. Зарем не го можеме тоа? А замислете колку би било убаво.:love:
Претпоставувам дека многу луѓе ќе се изнасмеат на темава, многу ќе ја мразат, но размислете барем малку, дали тоа не го сакате сите? Дали не сакате подобро утре за сите нас? Дали не сакате да ги видите чудните изрази на новинарите и сите јавни фаци кога би соопштувале за еден таков неочекуван протест од сите припадници на сите нации и вери на Македонија?

Претерав, доста е за почеток. Мило ќе ми е ако има заинтересирани луѓе кои ќе сакаат да постираат тука и да споделуваме убави мисли и предлози за подобра наша иднина. Изморени сме од лошото, дајте да смениме нешто.
Сигурно нема да е којзнае колку актуелна и активна темава, но баш би сакала да се уверам дека грешам. Сакам да ми покажете дека верувате во тоа дека злото се уништува само со добро!
Еве ви за крај едно мускетарско и топло и позитивно пораче:icon_lol:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека главната причина е што луѓето сакаат да се осеќаат посебни и сакаат да се чувствуваат доминантни врз другите, па така со тоа што тие навиваат за клуб, слушаат одреден тип на музика и сл. го наметнуваат како правилен избор, како одраз на интелигенција. Егоцентричноста и ставот “штом е мое мислење, најправилно е и ќе им го наметнам на сите“ придонесуваат за поделба. Муабетот “Ако не си со мене, си против мене“ исто придонесува за поделба. Луѓето сакаат да се делат на групи и подгрупи, полесно им е така да се осеќаат дека припаѓаат некаде. Барем јас тоа го имам приметено.
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Се е ова многу добро, искрено убаво напишано(посебно делот со срцињата).....ама како да го сфатам за сериозно кога "Србин, Албанец, Косовар, Бугарин, Грк" го мисли спротивното.........и тоа јавно јасно и гласно кажано. Македонија направи и дозволи многу отстапки па пак на глава ни се качија....и сега ќе пишуваме текстови за кокичињата и срценца и ќе глумиме некакво лудило као да не се поминати сите граници на толеранцијата....они ти викаат ќе ве заколеме, крвта ќе ви ја испиеме...а ние пораки за мир ќе им праќаме....шо би рекол Кили "Ма немој да ме јебеш бре"
 
Такви луѓе има насекаде. И наши и нивни. А има такви што размислуваат како мене, и наши и нивни. Да оставиме тука простор за убави работи. Да прекиниме со тоа тој така, оној онака. Мислам, навистина мора да прекинеме со тоа, за да си дадеме можност да видиме нешто повеќе и поубаво.
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Такви луѓе има насекаде. И наши и нивни. А има такви што размислуваат како мене, и наши и нивни. Да оставиме тука простор за убави работи. Да прекиниме со тоа тој така, оној онака. Мислам, навистина мора да прекинеме со тоа, за да си дадеме можност да видиме нешто повеќе и поубаво.
На кого и уште колку можности треба? Пошо само во една стотинка низ глава ми поминаа 5-6 можности кои сме ги пружале и оствариле......а еднаш и на нас некој да ни дадеше можност а? нели и тоа би било конечно фер нели?
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ќе се опериш од пишување, за пак да ти се посере тема со исти мислења како до сега. Иако го очекував ова, пак се разочарувам!!!
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ќе се опериш од пишување, за пак да ти се посере тема со исти мислења како до сега. Иако го очекував ова, пак се разочарувам!!!
Тажното нешто е што не може да се очекува нешто подруго од овој народ со години затруен со национализам и ограниченост произлезени од хроничната, прогресивна сиромаштија. Тешко е да се излезе од калапот.
Наместо да застанеме и да кажеме сите "Доста беше, почнуваме различно", најлесно на масата е да го вергла истото и да се чука во гради со некакви квазипатриотски изјави несфаќајќи дека така само полошо прават за својата земја.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Е, све ова убо... само шо кај нас не важи.

Кај нас си важи нашето правило:

Еден за сите, сите за никаде!
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Ќе се опериш од пишување, за пак да ти се посере тема со исти мислења како до сега. Иако го очекував ова, пак се разочарувам!!!
Абе се е со најдобра намера, до пред некој си година дена потполно бев со истите идеи и размислувања...и сега веќе почнува да станува гнило, почнува да мириса лошо и одеднаш разликата во оваа ситуација е што не си ти смрдливиот......све имаш напраено правилно а пак има грешка и не чини?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Не можеме ние бесконечно да покажуваме колку сме добар народ а притоа некој на глава да ни се качува и да ни бара преку леб погача. Си имаме и ние достоинство. Прагот на толеранција можеби е висок но и тој знае да се помине. Ова ти е супер се што си напишала и убаво би било да се дојде до тоа. Но едно треба да сфатиме. Потребно е време да се случи тоа. Тој мултикултурализам во ова општество за да функционира потребно е да има отстапки од сите страни а не само од една. Тоа е процес кој треба да биде еволуција а не револуција. Тоа што Америка го градела со години и години, некој од овде па и од надвор очекува ние да го направиме во само неколку години.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.991
Не сакам повеќе да пишувам на мрачни теми и да ја читам цела омраза, несигурност и фантазија на мојот народ. Затоа се решив да отворам една посветла и попозитивна, иако знам дека однапред е осудена на пропаст. Тоа нема да ме предомисли, затоа што секогаш го правам и кажувам тоа што го мислам, па макар било несфатливо и за мене.
Насловот не е поврзан со некакво сценарио дека Французите имаат нешто против нас или дека можеби мускетари се бараните убијци. Насловот е поврзан со пораката и желбата која сакам на некој начин барем да ја наметнам како тема за размислување.
После многуте критики кои ги читам кон мене и моите истомисленици, многу се замислив зошто е тоа така. Зошто во денешно време е лошо и си осудуван ако го браниш животот, мирот и љубовта.
Јас луѓето ги делам само на добри и лоши. Се прашувам, колку е тешко тоа што не го можат сите? Зошто секојдневно настануваат се повеќе основи за поделби, наместо таа енергија да ја насочиме кон уништување и искоренување на сите?
На пример, јас како навивач на Јувентус, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од навивачот на Милан?
Како девојка, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од секој маж на светов?
Како хетеросексуалец, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од хомосексуалците?
Како жител на Струга, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од жител на Охрид или Струмица?
Како православна христијанка, треба ли да бидам нешто повеќе или помалку од некој католик, будист или муслиман?
Како невмровка, треба ли да бидам повеќе или помалку од вмро-овците?
Како обожавател на Адел, треба ли да бидам повеќе или помалку од обожавателите на Гага?
Како сопственик на Опел, треба ли да бидам повеќе или помалку од сопственикот на најновото bmw?
Како Македонка, треба ли да бидам повеќе или помалку од некој Србин, Косовар, Албанец, Бугарин или Грк?

Смешни ми се сите тие поделби, омаловажувања и омрази. Сите сме исти во основа, зарем тоа е толку тешко да се види? Сакам да преке тоа некако, па онака од ракав, имам неколку предлози за тоа како да се подобриме единствено како луѓе, без никаква друга придавка. Ако ништо повеќе, барем тука да разговараме за тоа и колку толку на момент да веруваме дека и тоа е можно.
Ќе кажам само еден засега, во интерес на големината на постов.:oops::)
Зошто кога ќе се решите/ме повторно да се организираат протести за последните крвнички убиства, да не биде тоа еден чин кој ќе испрати убава порака до нашата држава, а и целиот свет? Како што знаеме да ги споменуваме Грците како се кревале против државата за секој проблем, зошто ние да не направиме нешто обратно, па да не спомнуваат и нас исто така? Наместо со сила, да излеземе сите заедно и да покажеме сочуство, љубов и слога? Да излеземе сите граѓани на оваа држава, со нацртани срциња (на пример) на нашите образи и со едно знаме? Едно знаме затоа што во моментов тагуваме по жртви од Македонија. Држава која скоро на сите ни е една и единствена и која не смееме да дозволиме да ни се уништи во било која смисла! Да им покажеме на сите на кои им сметаме дека сме добар народ, дека секоја наредна криза ќе ја пребродиме заедно, исто како и сите претходни. Да им покажеме дека сме посебни по убави работи, за разлика од цел останат насилен свет! Да сме силни внатре, за да не може да не плука никој од надвор. Зарем не го можеме тоа? А замислете колку би било убаво.:love:
Претпоставувам дека многу луѓе ќе се изнасмеат на темава, многу ќе ја мразат, но размислете барем малку, дали тоа не го сакате сите? Дали не сакате подобро утре за сите нас? Дали не сакате да ги видите чудните изрази на новинарите и сите јавни фаци кога би соопштувале за еден таков неочекуван протест од сите припадници на сите нации и вери на Македонија?

Претерав, доста е за почеток. Мило ќе ми е ако има заинтересирани луѓе кои ќе сакаат да постираат тука и да споделуваме убави мисли и предлози за подобра наша иднина. Изморени сме од лошото, дајте да смениме нешто.
Сигурно нема да е којзнае колку актуелна и активна темава, но баш би сакала да се уверам дека грешам. Сакам да ми покажете дека верувате во тоа дека злото се уништува само со добро!
Еве ви за крај едно мускетарско и топло и позитивно пораче:icon_lol:
Убаво кажано, но искрено, џабе си го трошела времето да објаснуваш... Зарем немаш сфатено до сега кое е нивото на народов во нашава земја, зарем стварно очекуваше некој да те разбере и да признае дека си во право... Тоа ни на сон, пак они истата прикаска ќе си ја тераат и ќе се инаетат со истите глупости...
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Тажното нешто е што не може да се очекува нешто подруго од овој народ со години затруен со национализам и ограниченост произлезени од хроничната, прогресивна сиромаштија. Тешко е да се излезе од калапот.
Наместо да застанеме и да кажеме сите "Доста беше, почнуваме различно", најлесно на масата е да го вергла истото и да се чука во гради со некакви квазипатриотски изјави несфаќајќи дека така само полошо прават за својата земја.

Тоа е сосема точно и на место кажано....ама дел од овој народ кажа "Доста и почна различно" ама другиот дел го повлече за нога и го врати 20 год назад....Македонија моментално има навидум "детски болести"(кои веќе одамна требаше да бидат прележани) ама како што тргнало ќе преминат во хронични
--- надополнето: 19 април 2012 во 23:10 ---
Убаво кажано, но искрено, џабе си го трошела времето да објаснуваш... Зарем немаш сфатено до сега кое е нивото на народов во нашава земја, зарем стварно очекуваше некој да те разбере и да признае дека си во право... Тоа ни на сон, пак они истата прикаска ќе си ја тераат и ќе се инаетат со истите глупости...
Па од таквите ко тебе ние си патиме..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Најдобро е да си силен и од надвор и од внатре.Така никој нема ни да се осмели да те плука.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.465
Такви луѓе има насекаде. И наши и нивни. А има такви што размислуваат како мене, и наши и нивни..
Хех, "таквите луѓе"...

Начелно си во право, но настаните сведочат за многу различните вредности на процентуалната затапеност на "таквите", од едниот до другиот блок.
Бројот на случаите предизвикани од "таквите", кај Албанците, наспрам бројот на истите, во условно кажано, македонскиот блок, во единица време, сведочи за мнооогу поголемата процентуална застапеност на "таквите" кај нив. Ова не го вадам од памет, туку можам да го поткрепам со линкови од настани, кои ќе ја покажат далеку поголемата активност (контра другиот етникум) на "таквите" во албанскиот блок, во однос на другиов.
Просто кажано, за еден месец ќе видиш далеку поголем број напади на Албанци врз Македонци, одколку обратно.
Зборувам за однос 20 спрема еден.
Кога некоја нација има толку висок процент од сопствените припадници кои се "таквите", кога квотата е исполнета го имаме националното сплотување во: чистење на Евреите од Германија, чистење на Бошњаците, чистење на Тутсите...или пак како што е сега, чистење на Србите од Косово. Во овие случаи, верувам дека не сметате дека е добар совет за Евреите, Бошњаците ... да се појавеле тогаш, во тој историски апокалиптичен момент за нив, со срциња на образите. Не затоа што не би било прикладно, туку затоа што тоа, ама баш никако немало да им помогне да преживеат.
Што ќе им помогнело? - Да се борат или да бегаат.

Најбитно прашање е, дали тој процент кај Албанците тука, е толку флагрантно висок?
Моја претпоставка: не до толку ама многу блиску е.

Можам милион примери со споредба да дадам за да покажам колку е тој процент висок.
На пример однесувањето на сите албански субјекти по прашањето за случајот "мавровски работници" и со многу, многу други примери.

Е сега, никој не е будала да тврди дека сите Албанци или сите Македонци се исти. Секој си е различен човек, по могу параметри, Само велам, поткрепен со докази, дека огромен број на Албанците имаат ист став по ова едно прашање.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Убаво кажано, но искрено, џабе си го трошела времето да објаснуваш... Зарем немаш сфатено до сега кое е нивото на народов во нашава земја, зарем стварно очекуваше некој да те разбере и да признае дека си во право... Тоа ни на сон, пак они истата прикаска ќе си ја тераат и ќе се инаетат со истите глупости...
Искрено... јас ја разбирам.
Ја разбирам и маохистичката желба за деградирање . Но не до толку колку што ја прифаќам желбата да се оди понатаму. Промените се секогаш подобри од било какво тапкање во место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom