Има еден Бог. Има и една вера (а не религија бидејќи религии има многу). Така да и да се расправате џабе ќе биде. Тој Бог е Сесвета Троица (Отецот, Синот и Светиот Дух= 1 Бог, а 3 лица), а верата е Православна. Ако добро се види и протолкува Светото Писмо на Стариот и Новиот Завет ќе се забележи дека Стариот завет е подготвителен, а во Новиот Завет се спознава Вистината, таа апсолутна Вистина, Христос. Еден и најголем пример се
двете главни заповеди :
„Возљуби Го Господа, Твојот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли“ и втората :
„Возљуби го својот ближен како себе си“ .
Но можеби некој ќе праша кој ги исполнува овие заповеди, а за тоа одговорот е: оној кој православно верува, се смирува пред другите и прави добри дела. Денес е многу тешко некој во целина да ги исполнува, но затоа треба да бараме помош од Бог да ни ја даде таа Божја благодат и љубов за да ги исполниме.
И ќе се надоврзам на некои други. Дека секој може да мисли и прави што сака тоа е дозволено,
но треба да се помисли и на другите ближни кои се околу нас (ближни се сите луѓе) затоа што ако ние правиме без дозвола на другите тогаш тоа нема да биде добро, а ако знаат и другите и ни дозволат е така ќе бидеме многу посреќни и ние и сите околу нас.
А да згаснат сите други религии е неможно бидејќи никој не се смирува, туку секој сака да биде во право. И јас можеби сметам дека сум во право, но некои не мислат како мене, а за тоа се во право бидејќи секој има слободна волја. Па кој сака верува, а кој не, ќе го оставиме на неговата мисла и нема да го осудуваме бидејќи кој суди и на него ќе му судат.