Еденската градина?

  • Креатор на темата dARK_ElementaL
  • Време на започнување
D

dARK_ElementaL

Гостин
Во Абрахамски религиии се спомнува така наречената Еденска градина во која бил сместен човекот. Бог од како го создал човекот го сместил таму тоа да му биде домот на Адам и неговата придружничка Ева. Но им дал една јасна наредба дека смеат да јадат од секое дрво во градината освен од дрвото на спознанието на доброто и злото. Но змијата ја наговорила Ева да јаде плод од дрвото и таа јадела па му дала и на својот маж. Поради тоа тие двајца биле избркани од градината за да не јадат од наводното дрво на животот и да не станат бесмртни.

Сега да преминам на главното, на она што ме интересира..

Но што е со локацијата на градината. Во библијата е опишана дека низ неа течеле 4 реки и тоа:
1. Фисон која течела поред земјата Авила каде имало злато
2. Гион која течела околу земјата Хус.
3. Хидекел поред Асирија и
4. Еуфрат
Што овие земји и реки претставуваат денес дали сеуште постојат, под кои имиња се познати?
Постојат теории за можни локации каде се наоѓа градината денес но не е сигурно.
Локациите се: Африка, Израел, Северен Иран, Источна Турција-Анатолија, Јужен Ирак...
Ако знае некој подетално да ми ја објасни оваа библиска мистерија. Што е со неа? Дали има научен доказ дека воопшто постои градината? Што велат научниците кои ја проучуваат оваа мистерија? Ако има некој да додаде плус локација како теорија освен овие јас што ги наведов може и тоа.

молам без навреди на темава сакам сериозни одговори без да бидат вклучени заебанции. Ако некој стварно мисли да одговара нека одговара, а ако мисли да се заебава или навредува некого подобро и нека не пишува зошто не сакам да ми настане лудница овде и да почнете меѓу себе :duel:и :uzi: , а да заборавите притоа на темата.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Во Абрахамски религиии се спомнува така наречената Еденска градина во која бил сместен човекот. Бог од како го создал човекот го сместил таму тоа да му биде домот на Адам и неговата придружничка Ева. Но им дал една јасна наредба дека смеат да јадат од секое дрво во градината освен од дрвото на спознанието на доброто и злото. Но змијата ја наговорила Ева да јаде плод од дрвото и таа јадела па му дала и на својот маж. Поради тоа тие двајца биле избркани од градината за да не јадат од наводното дрво на животот и да не станат бесмртни.

Сега да преминам на главното, на она што ме интересира..

Но што е со локацијата на градината. Во библијата е опишана дека низ неа течеле 4 реки и тоа:
1. Фисон која течела поред земјата Авила каде имало злато
2. Гион која течела околу земјата Хус.
3. Хидекел поред Асирија и
4. Еуфрат
Што овие земји и реки претставуваат денес дали сеуште постојат, под кои имиња се познати?
Постојат теории за можни локации каде се наоѓа градината денес но не е сигурно.
Локациите се: Африка, Израел, Северен Иран, Источна Турција-Анатолија, Јужен Ирак...
Ако знае некој подетално да ми ја објасни оваа библиска мистерија. Што е со неа? Дали има научен доказ дека воопшто постои градината? Што велат научниците кои ја проучуваат оваа мистерија? Ако има некој да додаде плус локација како теорија освен овие јас што ги наведов може и тоа..
ова ке го дополнам и со прашањата
1. Што е со дрвото на спознанието на доброто и злото, мислите ли дека поради што Адам и Ева јаделе од дрвото, поради тоа сега и ние сме способни да правиме зло.
2.Што е со дрвото на животот кое те прави бесмртен ако јадеш од него. Дали ако ја најдеме градината ќе го најдеме и начинот да се стане бесмртен?
3.Или можеби двете дрвја ги измислил самиот Мојсеј кога ја пишувал ''Постанок'' за да ги зачини малку приказните?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.245
Поени од реакции
3.163
ова ке го дополнам и со прашањата
Што е со дрвото на спознанието на доброто и злото, мислите ли дека поради што Адам и Ева јаделе од дрвото, поради тоа сега и ние сме способни да правиме зло.
Што е добро, а што зло?
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Што е добро, а што зло?
па да речеме садизам, егоизам, завист, омраза, предрасуда... тоа со еден збор би се нарекло зло.
додека хуманизам, помагање на сиромашните, мирољубивост,пожртвуваност итн. би се нарекло добро.
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Јаболката од Еденската Градина се спомнува во играта на серијалот Assassins Creed. Е сеа ме интересира, дали постои нешто од ова поврзано со јаболкото во самата игра, или едноставно целосно е изменета замислата?
 
Добро што ја спомна играта. Главна причина за да го поставам третото прашање беше токму assassins creed.
Бидејќи тоа јаболкото што се спомнува во играта не беше овошје туку предмет. Па затоа и јас се прашувам дали јаболкото е само така просто наречено јаболко од страна на луѓето а всушност претставува нешто повеќе од овошје. Или Мојсеј стварно мислел на некаков плод кога пишувал.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
ова ке го дополнам и со прашањата
1. Што е со дрвото на спознанието на доброто и злото, мислите ли дека поради што Адам и Ева јаделе од дрвото, поради тоа сега и ние сме способни да правиме зло.
2.Што е со дрвото на животот кое те прави бесмртен ако јадеш од него. Дали ако ја најдеме градината ќе го најдеме и начинот да се стане бесмртен?
3.Или можеби двете дрвја ги измислил самиот Мојсеј кога ја пишувал ''Постанок'' за да ги зачини малку приказните?
Jас ова би го надополнил со следните прашања:

1. Што ако не постоело дрвото на познанието, и не постоеле Адам И Ева?
2. Што ако не постоело дрвото на животот и што ако си правам бајрам со умот?
3. Што ако не постоел Мојсеј?

И четврто најважно, што ако наместо да читам и да научам нешто корисно во животот си го губам времето со тешки глупости?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
И мене некој да ми краде од јаболката ќе го избркам од градината. Тоа е одлика на секој добар бавчованџија не знам што е тука нејасно.
 
1. / 2. / 3. Никому ништо ако не постојат, животот продолжува понатаму. Важно јас нема да заборавам да се забавувам во животот. А Еденската градина е само уште една необјаснета мистерија како Шамбала,Агарта,Хипербореја, ковчегот со 10те заповеди, светиот грал и сл. Нема доказ нит дека постојат нит дека не постојат.
4. Ако ова ти изгледа како тешка глупост тогаш не мораш да го губиш времето како што велиш. Никој не те тера со сила. Јас ја отворив темата исто како што беа претходно отворени за Шамбала и Агарта. Темата е отворена за некој што го интересираат мистерии, така да ако не те интересира не мора да се замараш брат. Гледај си што си сакаш ти во животот. Твојот живот си е само твој.[DOUBLEPOST=1503677997][/DOUBLEPOST]
И мене некој да ми краде од јаболката ќе го избркам од градината. Тоа е одлика на секој добар бавчованџија не знам што е тука нејасно.
Добро викаш, кој ги терал да јадат од кај што не смеат.:pos: Добро што не опушти малку со хумор.

Ама сепак да се вратиме на темата- Локацијата и другото што го напоменав.[DOUBLEPOST=1503678049][/DOUBLEPOST]да се вратиме на мистеријата
 
Последно уредено од модератор:

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Jas sum religiozna licnost.Veruvam vo Gospod,vo Isus i vo Svetiot Duh.Veruvam i deka postojat angjeli.Veruvam i vo ona shto go pishuva vo Biblijata.Mislam deka ne treba se da sfakjame vo bukvalna smisla.Da,mozebi nekade postoi Edenskata Gradina.E,sega za jabolkoto,mozebi ne stanuva zbor za ovoshjeto,mozebi e samo metafora za nekoj predmet.....Bozja rabota.....Bitno e nie lugjeto da ne zastranuvame od patot,da ne se unishtuvame sebesi i drugite.Shto se odnesuva do besmrtnosta,daleku sme od toa,i ne go ni zasluzuvame.Mozebi ako se podobrime,Gospod kje ni go podari toa.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Jас ова би го надополнил со следните прашања:

1. Што ако не постоело дрвото на познанието, и не постоеле Адам И Ева?
2. Што ако не постоело дрвото на животот и што ако си правам бајрам со умот?
3. Што ако не постоел Мојсеј?

И четврто најважно, што ако наместо да читам и да научам нешто корисно во животот си го губам времето со тешки глупости?
1. Ја како што гледам, секакви дрва има насекаде. Некои од нив одат и зборуваат. Адам и Ева морало да ги има, пошто како инаку би настанал човекот? Сигурно не од некојси таму мајмун, хаха.
2. Има живот, има дрва. Има живи дрва, зошто да нема и дрва на животот?
3. Постоел, постоел. Има Мојсовци. Како на пример Моша Пијаде. А сум чул и за други.

Оној кој ја читал Библијата добро знае дека прочитал се што треба во животот и ништо друго не му треба за да му пречи и да му оттргнува внимание. Можно е Еденската бавча да се наоѓала во Македонија, на оној остров во Преспанско Езеро, кајшто и сега има змии. Еден идеше на времето да прави муабет со нив.
 
Имаше една интересна приказна, мит што го кажуваше Ниче Димовски.

Кога Бог им делел земја на народите по светот, на сите им поделил, но македонците ги заборавил. Македонците се пожалиле кај Него: "Господи ти на сите им подари земја, но нас Македонците не заборави".
Бог погледнал и видел дека навистина ги заборавил.
- ''Ех навистина сум ве заборавил'' - им рекол Tој. Се подзамислил малку и им одговорил. - "Тогаш ќе ви дадам парче од Еденската градина".

И според митот тоа било причината што Македонија има доста плодна повча.
Може и тоа змиите затоа се таму на островот. Потомци на оваа што им зборувала на Адам и Ева. Па веројатно човекот затоа зборувал со нив;)
 
Interesno ! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom