Европско првенство(мажи)-Германија 2024 [10-28 јануари]

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.804
Поени од реакции
6.899
Уште како дете главна асоцијација на месец јануари покрај сите празници и фамилијарни ручеци со најблиските ми бил и ракометот, поточно Светските и Европските првенства, за среќа ние како нација ја имаме таа привилегија последните 13 години активно да уживаме во настапите на нашата ракометна репрезентација и да ги следиме нивните учества на сите големи натпреварувања.

Последниве години сме паднати со квалитет, некако заглавивме во некој процес на подмладување и никако да составиме генерација која на првенствата ќе замине со некаква поголема цел од тоа само да се појавиме, да учестуваме и да собираме искуство за наредните години, сепак тоа не ја исклучува можноста ние да навиваме за нашата репрезентација и да бидеме горди на дечките, кои рака на срце се единствени македонски спортисти кои активно и гордо не претставуваат на светската и европската сцена, слободно можам да кажам и една од ретките работи кои останаа наши-Македонски.

csm_Banner_EM24_1439x720_9395399991.jpg

Европското првенство во ракомет 2024 година за мажи, ќе биде 16-то издание на турнирот и третото на кое ќе учествуваат 24 репрезентации.
Првенството ќе се игра од 10 до 28 јануари 2024 година, а домаќин ќе биде Германија.
Првенството ќе се игра во шест градови, првиот натпревар ќе се одржи во Меркур Шпил-Арена во Дизелдорф и има за цел да го собори светскиот рекорд за најголема посетеност на ракометен натпревар во затворен простор, додека финалето ќе се одигра во Ланксес Арена во Келн.

-desktop-mens-ehf-euro-2024-MB3-DAIMANI-VIP-Tickets.jpg

Од секоја група по две репрезентации одат во следната фаза, со тоа ќе се формираат 2 групи од по 6 репрезентации, се пренесуваат бодови, формат на натпреварување кој веќе на сите ни е добро познат.

20230510-m-ehf-euro-2024-draw-visiual.jpg


Мој фаворит на првенството е Исланд, покрај Македонија ќе навивам и за нив.

П.С. На работа си се заиграв со отварањето на темата, за сите репрезентации имав напишано по некој збор, долги се смените има време за се, не знаев дека максимално може да се употребат 18 000 карактери, јас имав 63 000.:sramezliv:

Останува да уживаме во првенството и се надевам ќе имаме добра дискусија.:kafence:
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.828
Гледајќи оптимистички против кого и да играме од секогаш сум имал верба дека и најмали шанси да имаме можи да добиеме големи селекции независно дали сме играле во фудбал или ракомет, ама Французиве со оваа екипа никад па ни тад не можеме да ги добиеме, 100 натпревари да изиграме со нив во 150 ќе не победат, едноставно непобедлвии се за нас, во секој елемент од ракометната игра со по 3 класи над нас.

Ако имаме некоја нај минимална шанса за победа против една од големиве две, тоа би било против Германија, иако се домаќини не се на ниво на Франција или Данска, па ниту Шведска, пред некое време загубија со 9 разлика од нив, интересно е имаат 4 младинци повикано во сениори од шампионскиот младински тим (не сум сигурен дали 2002 или 2004).

Но ако гледаме пак реално, многу веројатно е дека и од Швајцарија ќе загубиме, особено после играта шо ја покажаа на припремните натпревари изминативе дена -
Швајцарија 35 -27 Аргентина (овие не поболија лани со 9 разлика на светско)
Швајцарија 39-21 Босна
Швајцарија 37-31 Романија


Посакувам и се надевам играчи како Митев, Лазаревски, Фитиљ, Петар, Костески да имаат добро првенство, како играчи кој имаат најмногу потенцијал и простор да напредуваат и да играат на уште повисоко ниво.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.825
Поени од реакции
9.082
Убаво е да се биде оптимист пред сите првенства, и ја во минатото редовно сум бил оптимист дека можеме до големи ствари но треба да се биде реален. Не е тоа хејт кон нашите, баш напротив дај боже да се деси чудо и да одиграме лудо првенство и да стигнеме до полуфинале, но.. Реално по тоа што го гледам на контроливе некако сме една средна репка која може до триумф (и тоа е дискутабилно) против некоја репка од послабиот ешалон, а некако за жал не ја гледам во нашата група. Се крстиме дека можеме против Швајцарија ама по играчкиот кадар кој ги има и по резултатите во подготовките не очекува ептен тежок противник од кој исто така јас лично мислам ќе го јадеме стапот. Дај боже да грешам па да си ги изедам гомната на крајот, ама не верувам дека грешам. Нешто што ми фати око против малаките е прилично брзата игра, добра транзиција, одличен Мечка ( пo мене добивме нов Столе, со тоа што Мечка е добар и во одбрана), Костевски ми се свиѓа во кој правец иде, само со него е проблем коа ќе дојде појака репка не е константен и знае доста топки да сјебе. Тале ми ја кочи играта и замислата на оваа репка, Фитиљ е доста ограничен и многу читлив бек, за центар и нема некои катрактеристики, едноставни му треба многу пристор да се залета и најкорисен е коа сме во транзиција каде е и најопасен. Да он ке има неколку бомби во текот на нетпреварот, но и исто толку промашувања така да не е некое драстично влијание во играта на нашава репка. Нека им е со среќа на нашиве на првенствово, дај боже да ме демантираат, ќе бидам најсреќен.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.610
Поени од реакции
4.119
Швајцарија покрај Шмит кој сеуште игра феноменално и покрај возраста и е прв стрелец во ЕЛ, го имаат и моментално водечкиот стрелец во Бундес Лига Зиндер кој е исто така среден бек меѓутоа претпоставувам дека не би им било проблем да играат истовремено со Шмит. Плус уште 3-4 други играчи од Бундес.
Вака по имиња звучат дека се на рамниште на Холандија и подобри од Аргентина и Тунис од кои ние лани претрпивме убедливи порази.
 
Член од
23 март 2017
Мислења
387
Поени од реакции
702
Како да дојдам до 2 карти за утакмицата за у среда у Диселдорф , гледам на интернет има само од оние вип карти за 450€ тие се скапи. Ако знае некој каде да најдам 2 карти до по 100€ нека ми пише на пп.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.783
Поени од реакции
2.305
Како да дојдам до 2 карти за утакмицата за у среда у Диселдорф , гледам на интернет има само од оние вип карти за 450€ тие се скапи. Ако знае некој каде да најдам 2 карти до по 100€ нека ми пише на пп.
Viagogo probaj, ama racunaj deka od cenata na kartata se x2 duri I x3.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.828
Група А: Македонија и Швајцарија во битка за трето место, единствен проблем ни е одбраната | 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)

Составот на Македонија е очекуван, но во јавноста немаше доволно објаснување зошто отсуствува еден Мартин Серафимов, кој беше еден од најдобрите играчи во Лигата на Европа оваа сезона, а исто така години наназад видно форсираниот Марко Стојковиќ го нема во составот, што секако е едно изненадување за нас, во изминативе години беше доста форсиран. Ни селекторот не е крив што во составот го нема Емилијан Ѓорговски, според мене, тој беше најголем талент, но минутажата во Еурофарм Пелистер на натпреварите од Лигата на шампионите му е помала од минимална, тука Лазаров не е ништо крив, исто така и за Павле Атанасијевиќ, не добива шанса, иако беше форсиран од Лазаров во претходните репрезентативни активности и секако би го спомнал играчот кој моментално е без клуб и можеби е тоа причина што не е во составот – Дејан Манасков. Мислам дека Манасков уште може да допринесе, моментално е без клуб, и одлуката на селекторот за мене е оправдана. Го нема ни Младеновиќ, кој беше доста форсиран и во одбрана и во напад, сега е изоставен, се наоѓа во резервите…Има некои мали промени, во главно тое е што би требало да се повика во репрезентација, на пример, играчи кои што покажаа многу во есенскиот дел, како кружниот напаѓач Милан Лазаревски. Тој во есенскиот дел од сезоната покажа и одбрамбено и офанзивно одлични настапи во Вардар, тој и на подготовките покажа дека е одличен и дека многу напредува годинава. Не се очекува многу од нашата репрезентација, но тоа е добро за нашиот состав да покаже до кај сме спрема другите репрезентации, треба да одиме напред, без притисок, имаме голема шанса да одиграме добри натпревари пред 50.000 публика, подобро од тоа за нас не може да биде.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.133
Поени од реакции
1.887
Составот е тотално очекуван, јас само мислев дека Ојлевски ќе биде пред Кузманоски ради повредата на прстот и тоа дека 2 месеци беше неактивен, но одлуката да оди со едно лево крило и на таа позиција да носиш 20г е неприфатливо но тоа е негова одлука и знае најдобро.
Стојковиќ има време за него заедно со Тино Карасманакис, Самоил Ристевски и Мечка ќе бидат незаменлива алка во дефанзива на нашата репрезентација. Марко во иднина не го гледам со добри офанзивни карактеристики туку ќе биде користен само во дефанзива.
Изненадување ми е Никола Костески кој тотќално е игнориран од поширокиот список и наеднаш да влета во крајни 18. Тука очекував да има четири десни бека, Серафимов, Велкоски, Јагуриновски и Савревски каде еден од овие биде и користен на крило.
А за најфорсиран играч од Лазаров е Џонов, дефинитивно детето не ни за лев ни за среден а ни крило, одбрана само ко индијанец може да се користи и не е ни ефикасен ко таков.
Наредно европско ќе се има појасна слика до каде е репрезентацијата ова се сеуште недоизградени играчи кои имаат потенцијал, најдобрата работа е дека следи генерација деца кои силно тропаат на вратата за во иднина и играчи кои би можеле да направат драстичен отскок и да излезат од сенка во клубовите кај шо не играат, само што за жал нема десен бек никаде по хоризонтот.
Дали ќе се искористи шансата да се натурализација на некој играч ќе каже времето.
Јас сум подржувач на работата на Кире но ја претерува со форсирање на одредени играчи. А составот е скоро идеален кој може да биде избран.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.884
Поени од реакции
16.118
Апсолутно ништо не очекувам од првенството( три порази, гол разлика 70:100), имам веќе кажано, најбитно е да учествуваме редовно на европските првенства сега кога веќе се и проширени на повеќе репрезентации. Да задржиме некој континуитет. А за тоа да се залажуваме дека имаме некој квалитет да се носиме со поголемите репрезентации мислам дека нема потреба. Одамна сме репрезентација од втор, па некогаш и трет ешалон.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.087
Поени од реакции
18.011
Кај нас се скапаа фалење дека греење наместиле во салата, 21 век :icon_lol:
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.014
Поени од реакции
3.670
Не верувам дека некој има некое очекување во групава. Немавме ни на прошлото ЕП. Среќа во ждребот дефинитивно немаме (една Шведска на пример, два пати по ред добива многу лесна група. Прво на СП, сега на ЕП) последниве 3 години, ама па и кога ја имавме во онаа 2020 година, не го искористивме тоа. :toe:
Нереално е да се очекува нешто големо. Дури и да некако случајно ја победиме Германија, и да имаме 2 победи, пак мислам дека не би било доволно за пласман во наредна рунда. Нека уживаат и нека одиграат најдобро што можат и да се борат за секоја топка. Ете тоа е она што се очекува. Без страв, без бдеење во празно. Повеќе шанса за Митев на централен. Тој и Џонов очекувам да го пресликаат тоа што го играа есеноска во ЛЕ, а и Костески и Лазаревски исто да ги искористат шансите максимално. Ме плаши малку ситацијава со голманите. Таму кај што требаше да сме најдобри, на последното првенство бевме доста слаби. Против Грција примавме доста пацерски голови од 9 метри без некој јак шут (и нормално ги остававме пикерите да се изнаиграат, а тоа не смее против една Франција која ти игра со Фабрегас и Лука Карабатиќ на пивот). А Швајцарија се надевам дека ќе ја победиме. Без разлика како играла на подготовките. Тоа ни треба ако сакаме да добиеме некој како Грузија во баражот за СП.
Добро е за нас што имаме 4 дена одмор после првата утакмица, па нема да бидат уморни за последните две утакмици.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.946
Поени од реакции
9.580
На некоја телевизија наша ќе го давет првенствово,воопшто не сум во тек :(
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.087
Поени од реакции
18.011
Не верувам дека некој има некое очекување во групава. Немавме ни на прошлото ЕП. Среќа во ждребот дефинитивно немаме (една Шведска на пример, два пати по ред добива многу лесна група. Прво на СП, сега на ЕП) последниве 3 години, ама па и кога ја имавме во онаа 2020 година, не го искористивме тоа. :toe:
Нереално е да се очекува нешто големо. Дури и да некако случајно ја победиме Германија, и да имаме 2 победи, пак мислам дека не би било доволно за пласман во наредна рунда. Нека уживаат и нека одиграат најдобро што можат и да се борат за секоја топка. Ете тоа е она што се очекува. Без страв, без бдеење во празно. Повеќе шанса за Митев на централен. Тој и Џонов очекувам да го пресликаат тоа што го играа есеноска во ЛЕ, а и Костески и Лазаревски исто да ги искористат шансите максимално. Ме плаши малку ситацијава со голманите. Таму кај што требаше да сме најдобри, на последното првенство бевме доста слаби. Против Грција примавме доста пацерски голови од 9 метри без некој јак шут (и нормално ги остававме пикерите да се изнаиграат, а тоа не смее против една Франција која ти игра со Фабрегас и Лука Карабатиќ на пивот). А Швајцарија се надевам дека ќе ја победиме. Без разлика како играла на подготовките. Тоа ни треба ако сакаме да добиеме некој како Грузија во баражот за СП.
Добро е за нас што имаме 4 дена одмор после првата утакмица, па нема да бидат уморни за последните две утакмици.
Ионака се резилиме на секое првенство вака барем ќе играат против веле сили, ќе соберат некое искуство.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.828
аш напротив дај боже да се деси чудо и да одиграме лудо првенство и да стигнеме до полуфинале,
„Дај Боже да се деси чудо и да одиграме лудо…“ – напиша некој од навивачите кои не се откажуваат ни од македонската репрезентација, ни од надежта дури и кога групата е пеколна, противниците страшни, а Македонија во дооолга преодна фаза.

СЕДМЕРЕЦ: Дај Боже да се деси чудо и да одиграме лудо! | 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)

Те цитирале на 24ракомет :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom