Девојки и Момци... дали само јас мислам така или на ФИБА страницата не не покажуваат во право светло?
Секој текст што го читам, секој клип што го гледам, се накако разводнет ни е успехот.
Како секој ден да тепаме или во некои случаеви (посебно на видеата) како на среќа да сме го тепале секој натпревар, или се со тројки или незнам како.
Таква слика ми се оформува... незнам како е по медиумите ама ФИБА дефинитивно (барем за мене) создава една неутрална слика за нас (да не речам негативна)... а замислете први сме во новооформената група.
Артиклите не ги пишува претседателот на ФИБА, туку литвански новинари избрани од домаќините.
Треба да знаеш дека првенствово епод покровителство на ФИБА, но целосна организација има Литванската кошаркарска федерација.
Јас забележав аматеризам во голема мера од Литванците во многу погледи.
Артиклите им се катастрофа, исто така и делегатите често утнуваат резултат, на погрешен играч даваат фаул, каснат итн итн.
А и одлуката сите мечеви од нашата група да се играат во мало селце од 15.000 жители е смешна.