- Член од
- 24 ноември 2005
- Мислења
- 3.233
- Поени од реакции
- 391
„Европскиот суд за човекови права уште еднаш ја осуди Бугарија во врска со тужба поднесена од организацијата на Македонците во Бугарија - ОМО Илинден, чиј претседател Јордан Костадинов изјави по пресудата, дека не очекува промена во однесувањето на Софија.
Судот утврди дека Бугарија е виновна затоа што неколкукратно, во 1990 - 91, во 1998-99 и во 2002-2004 година, одбила да ја регистрира организацијата.
Европскиот суд аргументира дека решенијата на бугарското правосудство да не ја регистрира македонската организација поради ”закана за територијалната целост, јавниот ред, правата и слободите на територијата на Република Бугарија’”, претставуваат ”нарушување на правото на Организацијата за слобода на здружување”.
Судот во Стразбур наведува и други аргументи со кои се поткрепува тужбата на ОМО Илинден.
При крајот на минатата година, Европскиот суд, исто така, пресуди во полза на ОМО Илинден, и на другата организацијата на македонското малцинство во Бугарија ОМО Илинден - Пирин, во врска со спречување на правото на учество на јавни собири и нерегистрација на овие две организации.
Претседателот на ОМО Илинден Јордан Костадинов изјави за Радио Скопје дека ова е по трет пат Бугарија да губи процеси со ОМО Илинден. Тој меѓутоа додаде, дека не очекува промена во ставот на официјална Софија, односно дека не очекува регистрација.
Истовремено, тој смета дека главна причина за одбивањето на Бугарија да ја регистрира организацијата, е нивниот став дека се Македонци, а не Бугари по националното чувство и припадност.”
До кога ли со едно лице ќе се обраќаат бугарите кон нас во официјалната политика, а со сосема друго кај нив дома? Не е ли крајно време Европа да го преиспита однесувањето на Република Бугарија по ова прашање? Колку што ни е на сите познато, Бугарија треба наскоро да биде член на Е.У. -Дали Европа ќе направи преседан и ќе и прогледа низ прсти на бугарија?