Европа во 2048 година

Ваше мислење ?

  • Сценарио 1

    Гласови: 6 22,2%
  • Сценарио 2

    Гласови: 5 18,5%
  • Сценарио 3

    Гласови: 6 22,2%
  • Сценарио 4

    Гласови: 10 37,0%

  • Вкупно гласачи
    27

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Aх шит..... и толку убо планирав да постирам слика од Метро 2033-та на темава...
Ама тоа очекувам. Нуклеарен емрегердндон...
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.069
Поени од реакции
11.047
Јаки се овие со коментари: Северна вака, северна така.
Во 2048ма, нема да постои државава. Ке бидеме дел од некои си големи албании и бугарии.

Во 2048ма ке има уште поголемо раслојување кај народот, финансиско.
Ако сеа можам да се начекам на улица со внук од некој богаташ, тогаш внуците наши и нивни ке бидат уште подалеку. Ако во наше време богаташите иделе со скутери или коли, тогаш со авиони ке одат.
Богатите ке бидат по богати, сиромашните по сиромашни.

Истото важи и со државиве. Германија, Полска (особено!) ке бидат појаки, ама па вакви помалите држави ке бидат пустош. Како мариово сеа :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.175
Поени од реакции
17.972
Јаки се овие со коментари: Северна вака, северна така.
Во 2048ма, нема да постои државава. Ке бидеме дел од некои си големи албании и бугарии.

Во 2048ма ке има уште поголемо раслојување кај народот, финансиско.
Ако сеа можам да се начекам на улица со внук од некој богаташ, тогаш внуците наши и нивни ке бидат уште подалеку. Ако во наше време богаташите иделе со скутери или коли, тогаш со авиони ке одат.
Богатите ке бидат по богати, сиромашните по сиромашни.

Истото важи и со државиве. Германија, Полска (особено!) ке бидат појаки, ама па вакви помалите држави ке бидат пустош. Како мариово сеа :)
Среќна Нова '48 :D
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Не знам каква ќе биде иднината на светот,но Македонија ќе биде како Германија што била пред 20 години...бидејќи 50 години се понапред од нас, така да предвидувањата се тие.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Она што е сигурно е дека ниедно од овие четири сценарија нема да се оствари во целост. Работите никогаш не се толку црно-бели а некои од работите наведени погоре е тешко да се остварат во релативно краток период од 28 години.

Јас гласав за сценарио бр.3. Тука сепак е ставено акцент на зависноста од модерната технологија и глобализацијата, работи што се случуваат во моментов. Така да од четирите ова е најприземјено и најреално остварливо сценарио. Не знам дали ова со електронското државјанство и позајмувањето на правата е возможно во догледно време, но како што се движат работите, не би ме изненадило да го дочекам во мојот животен век.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Гласав за сценарио 2.
Но мислам дека ќе има микс комбинација од сите 4 сценарија.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.338
Поени од реакции
19.757
Па веројатно #4 ама кој да знае со сигурност.

ЕУ во иднина ја гледам како и сега - стагнација, поделеност по внатрешните и надворешни работи, протекционизам, полна со нерешливи проблеми, без никаква способност да влијае во соседните региони (освен во септичката јама по име Балкан) а уште помалку ја гледам како фактор на светската сцена. Би рекол дека ќе можат да балансираат помеѓу суперсилите УСА и Кина ама последниве политики сугерираат дека најверојатно ќе бидат привезок на УСА. Мада и тука има поделеност со кинеските инвестиции кои доаѓаат наголемо така да ЕУ може да биде Полско-Литванскиот Комонвелт 2.

Со подобрување и зголемување на квалитетот на живот и економиите во Африка (Нигерија, Уганда, Боцвана, Намибија...) и во И. Европа (Полска, Чешка, Русија...) ќе се намалат мигрантите од овие региони (веќе се намалени од Источна Европа) така да ќе остане Балканот и Украина како единствен извор на ефтини работници. Да се додаде и ужасната демографија на држави како Италија и структурните проблеми како немање на унитарна фискална и банкарска политика, се на се сива слика за ЕУ.

PS Лажни вести ми се глупости, едноставно луѓето во различни држави си имаат различни гледишта и проблеми. Тоа што во Шведска сакаат црни да им го турат во гз не значи дека мрачни сили ги тераат Полјаците да не сакаат.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Не може за една година да се предвидат настаните не пак за во следниве 30 години...

Пример крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години од минатиот век долго време се шпекулирало дека Европа ќе биде една држава (по примерот на САД комплет сите држави во Европа ќе бидат обединети во една најкасно до 2.000 година.) И што бидна од тоа ништо.

Во 1995-1996 се шпекулираше дека Канада за 10 години ќе се подели на 5 држави при што Квебек ќе била најголемата држава и до кај е таа работа???

Мирка Велиновска колумнистката пред 10 години напиша колумна дека во 2050 година ќе започне 4 светска војна во Европа, при што Полска, САД и Турција ја напаѓаат на Русија... Ами таа не кажуват кога ќе започне 3 светска војна директно за 4-тата кажуват... И што треба сега да и веруваме на Мирка???
 
Член од
22 декември 2020
Мислења
213
Поени од реакции
95
А Европа во 2020 сега уште малце 2021 кај е а?
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Мирка Велиновска колумнистката пред 10 години напиша колумна дека во 2050 година ќе започне 4 светска војна во Европа, при што Полска, САД и Турција ја напаѓаат на Русија... Ами таа не кажуват кога ќе започне 3 светска војна директно за 4-тата кажуват... И што треба сега да и веруваме на Мирка???
Дека со ковидов се води третата светска војна.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Дека со ковидов се води третата светска војна.
Ехехе таа ништо чудно за некое време да објави колумна како и каде ќе започне петтата светска војна... Можеби ја има напишано колумната ама сеуште ја нема официјално објавено...
 
K

Kitsune

Гостин
Лековите може да бидат во форма на нанороботи кои ќе бидат програмирани да ги наоѓаат и уништуваат вирусите (иако ова повеќ се однесува за светот општо, но ајде).

Северна Македонија нема веќе да постои. Ќе стане дел од некоја голема Бугарија или Голема Грција. И Албанците ќе си приграбат нешто.

Се повеќе ќе се воспоставуваат во повеќе држави системи како во скандинавските земји.

ЕУ може да почне и политика за обединување на цела Европа во една држава или ќе се распадне до тогаш.

Елизабета уште ќе биде жива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom