Евровизија 2010

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245

Анализа: 4/39

ЕРМЕНИЈА

Download: http://www.sendspace.com/file/68ei6b

Изведувачи: Eva Rivas
Наслов на песната: "Apricot Stone"
Музика: Armen Martirosyan
Текст: Karen Kavaleryan
Полуфинале и реден број: Полуфинале 2; ред. бр. 2

Ерменија на Евровизија
Ерменците на Евровизија дебитираа во Финска 2006. година со песната "Without Your Love" каде што го освоија одличното 8. место во финалето. Од тогаш па до денес, Ерменија се смета за една од најдобрите земји на Евровизија по успесите, бидејќи секоја година остварува ТОП 10 пласман, а најниско се пласираа минатата година освојувајќи го исто така одличното 10. место со песната "Jan Jan". Најдобриот пласман оваа земја го оствари во Белград, 2008. година, кога Сирушо со песната "Qele, qele", освои 199 бодови и четврто место во финалето.

Ерменија во финалето на Евровизија (2006. - 2009.): 100% (4/4)

Ерменија годинава својот претставник за Осло го избра по пат на национален избор. Националното финале беше оддржано на 14. февруари, и десет изведувачи се бореа за карта за Осло. После напнатото гласање и збирот од бодовите на жирито и публиката, победата ја однесе симпатичната Ева Ривас. Ева ќе биде петтиот по ред претставник на Ерменија на Евровизија и ќе се обиде да ја однесе првата победа во својата земја. Голема поддршка таа доби и од сите досегашни ерменски претставници, кои воедно беа и гости на националното финале.



Ерменците и годинава продолжија со традицијата на избор на млади и убави припаднички на понежниот пол на Евровизија. После Сирушо, и Инга & Ануш, боите на Ерменија ќе ги брани и Ева Ривас. Ева е родена пред 23 години во градот Росотов Дон. Иако се одлучила за студии на социјално право, потајно сонувала за настапи на познати музички фестивали и кариера на позната пејачка ѕвезда. Првиот чекор кон тој сон го направила во етно составот “Arvik“, во кој имала улога како главна солистка. Откако бендот се распаднал, Ева микрофонот го заменува со модната писта па активно почнува да се бави и во манекенските води. Сепак, љубовта кон музиката победува и Ева своите напори повторно ги насочила кон музиката. Моментално работи на својот албум првенец на чија реализација учевствуваат голем број на руски и ерменски продуцентски стручњаци. Овогодишната претставничка на Ерменија се опишува како самоуверена девојка која никогаш не се откажува од зацртаните цели во животот.

Какви шанси и‘ даваат кладилниците на Ерменија годинава?

bet365 – 14/1
Paddy Power – 12/1
Boylesports – 14/1
888sport – 12/1

Apricot stone,
Hidden in my hand
Given back to me
From the motherland
Apricot stone,
I will drop it down
In the frozen ground
I’ll just let it make its round

May God bless and keep my cherished fruit
Grow my tree up to the sky,
Once I waved my home goodbye
I just wanna go back to my roots



Моја анализа: Ерменија е земјата за која многу се радував кога слушнав дека имаат интересна нумера. Минатогодишната „Јан Јан“, дефинитивно беше вистински аутсајдер којa по игра на случајности повторно се најде во ТОП 10, кое според мене навистина не го заслужуваа. Значи никогаш освен минатата година пред тоа Ерменија не ме разочарала, уште кога започнаа на Евровизија секогаш имале прекрасни мелодии, а Сирушо дефинитивно е мојот фаворит. Годинава имаат одлична етно-поп музика со интересни елементи, и мислам дека финалето им е загарантирано, а доколку навистина се најдат таму му гарантирам некаде 10-11 место на завршницата. Патем, Ева е прехаризматична личност, каква случајност Ерменија секоја година да ни праќа преубави и ориентални убавици.

Оценка: 8/10


 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Ерменија закон е песната, а и женската е многу убава.:smir:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245

Анализа: 5/39

ШПАНИЈА

Download: http://www.sendspace.com/file/h7udjj

Изведувачи: Daniel Diges
Наслов на песната: "Algo Pequeсito"
Музика: Jesus Caсadilla
Текст: Jesus Caсadilla
Реден број: Финале; ред. бр. 2

Шпанија на Евровизија
Шпанија на Евровизијата се придружи во дамнешната 1961. година. Од тогаш па се до денес, зема секоја година учевство и бележи, две златни, четири сребрени и еден бронзен медал. Од 2004. година, до воведувањето на полуфинале, Шпанија е член на т.н голема четворка и има директен пласман во финалето. Најдобриот пласман од воведувањето на новиот формат Шпанија го бележи баш таа година, кога во Истанбул го освојува десеттото место. Претходните години Шпанија не успеа да оствари значајни резултати.

Шпанија и годинава одлучи преку интернет гласување да ги одбере финалистите за националниот избор. Интернет гласањето беше отворено три недели, а секој можеше да гласа по пет пати на ден со валидна емаил адреса. Десетте песни со најголем број на гласови освоија карти за националното финале. Тоа беше оддржано на 22. февруари, а најмногу гласови од жирито и публиката освои Даниел Дигес со баладата наречена “Нешто мало“.



Даниел Дигес Гарсија е целото име и презиме на овогодишниот претставник на Шпанија во Осло. Роден е во 1981. година, во шпанската престолнина, а кариерата како успешен глумец ја започнал со настапите во театарот за деца. После тоа бележи многу добри настапи во тин серии кои му носат голема популарност. Сепак, кариерата на Даниел доживеала најголем успех со ангаржманот во Музичкиот театар во Мадрид каде што ги спојува своите две омилени нешта - музиката и глумата. Најпознати улоги му се во шпанската верзија на мјузиклите „Mamma Mia!“ и „We will rock you“. Даниел од неодамна се одлучи и да се позабавува со својата музичка кариера па паралелно со пеењето почнува и да компонира песни. Неостварена желба му е да позајмува глас за некој цртан филм, но е уверен дека ќе најде време и за таа работа.

Што велат кладилниците за Шпанија годинава?

bet365 – 66/1
Paddy Power – 50/1
Boylesports – 66/1
888sport – 40/1

Es lo que te pido amor,
Mi vida se derrumba, me partes el corazуn
Trata pronto de cambiar,
El tiempo se termina ahora de verdad

Algo pequeсito, oh oh oh ooooh
Algo chiquitito, oh oh oh ooooh
Cosas simples que ahora no me das,
que te pido con locura si no quieres terminar.
Algo pequeсito oh oh oh ooooh
Algo chiquitito oh oh oh ooooh
En tus manos tienes la ocasiуn,
hoy decides si quererme
o romperme el corazуn.



Моја анализа: Не е возможно како песната од тотално непривлечна може да ти стане мерам за слушање. Ова е неверојатна балада, која Даниел ја исполнува со еден исклучителен глас. Доста пријатна за слушање и мислам дека со едноставен настап а не ритмичен и брз кои им бележеа неуспеси на Шпанија. Пријатен настап во едноставен шпански стил мислам дека може да му однесе на Даниел место во погорните места во финалната табела, а не на дното каде што последниве години завршуваат.

Оценка: 7/10


 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Ерменија: Не е некоја песна која би влегла одма во уво, бидејќи ова едноставно е песна која ги прикажува звуците на своете поднебје (и тоа на доста добар начин, за пофалба), кои може да звучат непознато за луѓето од другите делови на Европа. Сепак е убава песна, раздвижена, но не толку нападна како што знаат да бидат повеќето разиграни песни од поновата историја на манифестацијава.
Оцена 8/10

Шпанија: Убава балада. Знам, повеќето песни од оваа година се балади, но оваа има интересен валцерски ритам што ја прави уникатна, и звучи нежно како да излегува од музичка кутија. Вистински мелем за слух и душа. Повеќе од јасно е дека во денешно време кога дијаспората игра голема улога во гласањето, големата четворка е секогаш игнорирана, но сепак треба да им даваме шанса и на нив. Сетете се лани на Британија: моќна балада, дело на светски признаен композитор, заврши меѓу првите 5 (по долги години престој на дното) а пејачката од анонимус стана членка на Sugababes.
Оцена 9/10
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Не видех никаде песната на Бугариjа. Еве и ја неја. Чудно зашто има толку други песни како Армениjа и така , а не сте разбрали која песен е избрана во Бугариjа.
Mladi momko ,ne badi glup - segashnite makedonzi nikogash nema da priznaar sto neshto bulgarsko e kvalitetno-oni taka sa vozpitani.!!!
Nema znachenie sto ova pesna se smeta za edna ot favoritite , i videto e edno od najdobrite vo poslednite godini.
Welcome to the Matrix :vozbud:
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.988
Mladi momko ,ne badi glup - segashnite makedonzi nikogash nema da priznaar sto neshto bulgarsko e kvalitetno-oni taka sa vozpitani.!!!
А кој воопшто прокоментира за песната или рече дека е лоша па ти сеа вакви заклучоци што вадиш? Дај не само замарајте со глупости и иронии :nenene:

И не измислувај дека сте едни од фаворитите, еве како сте рангирани на сите ранг листи, како што гледаш сегде сте во последната третина-четвртина, ти тоа ако за фаворит го рачунаш...

http://www.oddschecker.com/specials/tv/eurovision/win-market
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
А кој воопшто прокоментира за песната или рече дека е лоша па ти сеа вакви заклучоци што вадиш? Дај не само замарајте со глупости и иронии :nenene:

И не измислувај дека сте едни од фаворитите, еве како сте рангирани на сите ранг листи, како што гледаш сегде сте во последната третина-четвртина, ти тоа ако за фаворит го рачунаш...

http://www.oddschecker.com/specials/tv/eurovision/win-market
mladi momko ,az sum na 40 godini i imam opit
nadevam se deka ti isto kr go pridobiesh
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.988
Никој не рече дека не смееш да имаш мислење, ама базирај го тоа на реалноста а не критикувај дека „не признаваме дека немате убава песна“ кога никој во форумов не прокоментирал дека е лоша или што и да е, и не објаснувај дека сте први на сите листи кога очигледно не сте. Тоа не е мислење, тоа е тропање глупости.
 

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Никој не рече дека не смееш да имаш мислење, ама базирај го тоа на реалноста а не критикувај дека „не признаваме дека немате убава песна“ кога никој во форумов не прокоментирал дека е лоша или што и да е, и не објаснувај дека сте први на сите листи кога очигледно не сте. Тоа не е мислење, тоа е тропање глупости.
Mladi momko , sichko sto zboruvash e sofistika!!!!
Site znaem deka pesnata e uvava,nema sto da si krivime dushata!!!!
Nadevam se nekogash da imas obektivno mislene
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Mladi momko , sichko sto zboruvash e sofistika!!!!
Site znaem deka pesnata e uvava,nema sto da si krivime dushata!!!!
Nadevam se nekogash da imas obektivno mislene
Имаш слушнато дека не сите луѓе имаат ист вкус? Не може на сите да им се свиѓа или да не им се свиѓа. Аман го отупе веќе.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.988
Mladi momko , sichko sto zboruvash e sofistika!!!!
Site znaem deka pesnata e uvava,nema sto da si krivime dushata!!!!
Nadevam se nekogash da imas obektivno mislene
Па никој тука не рекол дена НЕ Е УБАВА, никој воопшто немаше спомнато ништо за Бугарската песна, ти се почна со коментар „Македонците никогаш нема да признаат дека Бугарската песна е убава“!!!!!

Плус, како што сам/а кажа, секој си има право на свое мислење, ама кога му го кажуваш тоа на некој друг тогаш и ти дозволи на други луѓе да имаат свое мислење. Музиката е уметност, дали нешто е убаво или не е субјективна работа, не е ова теорија па сега да кажеш „биди објективен, песната е убава“, бог да чува, само да се правело проблем од ништо!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245

Анализа: 6/39

ЕСТОНИЈА

Download:
http://rapidshare.com/files/362546276/2010_-_Estonia_-_Malcolm_Lincoln_-_Siren.mp3

Изведувачи: Malcolm Lincoln
Наслов на песната: "Siren"
Музика: Robin Juhkental
Текст: Robin Juhkental
Полуфинале и реден број: Полуфинале 1; ред. бр. 3

Естонија на Евровизија
Естонија својот прв настап на Евровизија го имаа во 1994 година. Заради лошиот пласман истата година, Естонија паузира наредната година, за после тоа да учевствува на секоја Евровизија до денес. Многу добри резултати тие остварија во периодот од 1996. до 2002. година, а меѓу нив е и една победа во Копенхаген 2001 година. Од 2003 се нижеа лоши резултати за оваа балтичка земја, а само еднаш успеваат да отидат во финале и тоа минатата година во Москва со одличната песна “Rдndajad“.

Естонија во финалето на Евровизија (2004. - 2009.): 17% (1/6)

Естонија повторно претставникот го бираше преку национален избор. Десет изведувачи се бореа за карта во Осло на изборот, а телевоутингот и жирито гласуваа. Најмногу бодови имаше дуото “Malcolm Lincoln”, кој настапуваше последен и со песната “Siren“ ќе се обиде макотрпно да ја однесе Естонија во финалето годинава.



Какви шанси има според кладилниците Естонија годинава?

bet365 – 150/1
Paddy Power – 100/1
Boylesports – 125/1
888sport – 100/1

My life has been oh lame,
Has been oh lame so far.
I wasted years, I wasted time,
Trying to reach the stars.
My life has been oh lame,
Has been oh lame so far.

Give me time and give me strength,
Give me strength to carry on.
Give me bit of hope now,
Help me through the night.



Моја анализа: Можеби ќе делува смешно и глупо, но од Естонија годинава ми се допаѓа само видео спотот кој го изработиле толку сјајно, необично и уметнички да изгледа. Се склопува одлично со досадната навидум иритантна песна. Малколм заедно со типот од Русија ми имаат еден од најиритантните гласови годинава на Евровизија, делот каде што толку црка едноставно секој ќе посака да си затне уши. Лани имаа одлична нумера, годинава повторно страшно како и последниве неколку години. За финале многу мали шанси има, скоро никакви, така да во Естонија гледам надеж наредната година со подобра песна.

Оценка: 2/10


 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Естонија: Песната ќе ми се допаднеше ако аранжмански се вложеше повеќе. Можеби има солидна мелодија но со ваков аранжман и вакво иритантно пеење, шанси за во финале нема.
Оцена 3/10

Албанија: Реално гледано, ова е песна во стил кој долж последнава деценија, во светот на поп музиката е експлоатиран преку песните на Бритни, Агилера и голем број нивни wannabe верзии. Сепак, за овогодинешниот ESC во кој доминираат балади, оваа е колку-толку солидна, певлива песна која лесно влегува во уво. Пејачкава има добар глас, така да не мислам дека изведбата во живо може да и ги намали шансите за влез во финале.
Оцена 7/10

Босна и Херцеговина: Досадна поп-рок песна, со мелодија која воопшто не влегува во уво, песна која после секое слушање се заборава. Жал ми е Вукашин но кога ни на Босанците не им се допадна, немам што друго да коментирам.
Оцена 3/10

Хрватска: Типична балада. Не е некоја која би ме фрлила во транс, но мелодиски ми е ОК. Девојкиве имаат солидни гласовни способности, така да нема сомнеж за пласман во финале.
Оцена 6/10

Србија: Пред некое прочитав дека во осумдесетите години, композиторот Корнелије Ковач кој ја сметал Лепа Брена за југословенска верзија на АББА (кои светска слава стекнаа влагодарение на ESC) велел дека песната „Миле воли диско„ била типична Евровизиска поп песна за за 80тите години. Знам, пројдени се нешто помалку од 30 години но барем тие што мислеле како господинот Ковач (кого сепак го почитувам како композитор) може да се опуштат бидејќи Србија со „Ово је Балкан„ го достигна врвот во извезување шабанерија. За финале пак да не муабетам зошто нема каде друго да гласаат сељаците по балканов и пошироко.
Оцена 0/10

Словенија: Рок музика од 80тите заедно со Алпски Volksmusik, меѓусебно залепени со битпазарски Уфо-лепак. Не ми се допаѓа.
Оцена 3/10

Швајцарија: Ништо впечатливо. Ни мелодија, ни аранжман, ниту па гласот на пејачот.
Оцена 1/10

Данска: Премногу некој застарен стил има песнава, ко да е од доцните 80ти или раните 90ти. Певливо - да, ама за во финале - не баш.
Оцена 5/10

Финска: Етно... Просечно накај солидно. Барем не толку очајна и нападна како српската. Убава прилика да се слушне и финскиот јазик, после толку многу години праќање на песни на англиски.
Оцена 6/10

Исланд: Солидна певлива мелодија и моќен глас. Не е толку впечатливо колку ланската, но може да помине во финале.
Оцена 7/10

Латвија: Просечна песна. Смешен текст, ко првооделенка да го пишувала. Гласот на пејачката е премногу детски и немилозвучен. Не е за во финале.
Оцена 4/10

Шведска: Ништо впечатливо. Не разбирам што ќе им е на Швеѓаниве највисокобуџетниот национален избор од сите земји, кога избираат ваква просечна песна.
Оцена 3/10

Азербејџан: Песната која моментално води по кладилнициве. Песната за добра, добра е, се издвојува од другите балади кои се мнозинство за оваа година, прекрасен глас има пејачката, но за победничка...не баш. Битно, потенцијален хит за 2те постфестивалски недели. 8/10


Белорусија: Обична балада. Ништо особено. 2/10

Украина:
Лошо, навистина лошо. Прво праќај го Сердјучка кој е прототип за евровизиски ретард, па форсирај глупи песнички како "Shady lady" и "Be my valentine" за да конечно да го допреш дното. Досадна рок балада, толку досадна што очигледно ни на пејачкава не и се допаѓа. Да и се допаѓаше, барем ќе се потрудеше малку по-живо да ја пее. Уште поглупа работа е што Украинциве смениле дури три песни, и поништиле дури две национални избори за да пратат ваков очај. 0/10

Грција:
Типична грчка песна во поп-фолк/етнопоп стил со кој нашите сакани и мили соседи секоја година ни ги малтретираат ушите. Секако имало и песни кои ми се допаѓале, ама што е многу многу е. Давајте нешто ново. Не е секогаш дандарикањето на бузукито милозвучно. 1/10

Малта:
Е ова веќе личи на нешто. Моќна и милозвучна балада, прекрасна пејачка. Не и бегаат првите пет места. 9/10

Холандија:
Песната верувале или не ја компонирал истиот кој ја напишал музиката за цртаната серија Штрумфови(The Smurfs). Така да, песнава повеќе одговара за на Детски Евросонг. Истото мислење го имав лани и за Fairytale, што значи еве им можност за холанѓаните конечно да ги видиме во финале. 6/10

Турција:
Интересна и заразна поп-рок песна со благи влијанија од турскиот мелос. Мене веќе ми е меѓу фаворитите. 9/10

Бугарија:
Мелодиски ми е просечна песната. Со аранжманот се потрудиле да ја направат за поефективна, и им успеало. Колку би влегла во финале не знам. Очигледно песните од 2007 и 2008 остануваат најдобри песни кои источниот сосед ги пратила воопшто.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245

Анализа: 7/39

ИЗРАЕЛ

Download: http://www.sendspace.com/file/uvk3nn

Изведувачи: Harel Skaat
Наслов на песната: "Milim"
Музика: Tomer Adaddi
Текст: Noam Horev
Полуфинале и реден број: Полуфинале 2; ред. бр. 3

Израел на Евровизија
Израел својот прв настап на Евровизија го имаа во 1973 година. Од тогаш па до денес, Израел ја пропушти Евровизијата пет пат, а од 32 пати, колку што има настапувано, бележи вкупно три победи. Во последната деценија, Израел во ТОП 10 бележеше два пати, а два пати не успеа да се пробие во финалето.

Израел во финалето на Евровизија (2004. - 2009.): 67% (4/6)

IBA, националната израелска телевизија, уште на 25. декември минатата година објави дека годинава претставник во Осло ќе биде Харел Скаат. Отворен беше јавен конкурс и од пристигнатите песни стручното жири ги одбра четирите најдобри. На националниот избор оддржан на 15. март тој ги испеа сите четири песни, а жирито и телевоутингот како 60:40 резултат одлучија дека најдобрата песна е баладата „Milim“ (Зборови).



Какви шанси има според кладилниците Израел годинава?

bet365 – 5/1
Paddy Power – 8/1
Boylesports – 8/1
888sport – 5/1

השארת לי רק מילים
מקלט בין הצללים
ספרים מסודרים ובין החדרים
השארת לי רק מילים
זר של מנעולים
אלוהים, השארת לי רק מילים

קירות שותקים עכשיו
ומה לקחת כשברחת
כן, מה לקחת
במלחמה הזאת אולי ניצחת
ומה נשאר לי כשהלכת?



Моја анализа: Без размислување, ова е една од најдобрите композиции на овогодинешната Евровизија. Харел има неверојатен глас, израелскиот јазик дава уште подобар акцент на преубавата балада. Сепак ова е една исклучителна тешка балада, која навистина вреди да се најде во ТОП 5, ако не и победата да ја однесе, како што велат некои кладилниците, по тоа што Израел и Германија се едни од главните фаворити. И да, не заборавајте да ја ислушните целата песна, затоа што поинаку нема да го добиете ефектот.

Оценка: 9/10


 

Kajgana Shop

На врв Bottom