- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.793
- Поени од реакции
- 15.818
Од 5ти до 20ти септември, за прв пат пет градови во четири различни земји во Европа ќе бидат домаќини на 39то Европско првенство во кошарка под организација на ФИБА.
Сето ова е благодарејќи на повлекувањето на првичниот кандидат Украина за домаќин на Евробаскетот, пред се поради финансиски и безбедносни причини, па така Загреб, Берлин, Рига, Монпеље и Лил ќе бидат градовите домаќини на ова првенство, завршницата ќе се одигра во Лил за прв пат на фудбалски стадион, нормално среден за потребите на ова првенство.
24 репрезентации ќе се борат за титулата европски шампион, меѓу нив по петти пат ќе е и репрезентацијата на Македонија, после дебаклот на ЕП во Словенија и освоеното 21во место, нашите кошаркари за цел го имаат осмина финалето т.е поминувајќи ја групната фаза, а за тоа ќе им требаат најмалце две победи.
Дебитант на првенството ќе е Исланд.
Титулата од последното ЕП во Словенија ја брани репрезентацијата на Франција, која во финалето во Љубљана ја совлада Литванија со резултат 80-66, трета беше Шпанија победувајќи ја убедливо Хрватска со 92-66.
Да се навратиме на претставување на групите..
Група А, Монпеље
Франција
БиХ
Русија
Полска
Финска
Израел
Група Б, Берлин
Германија
Шпанија
Турција
Србија
Италија
Исланд
Група Ц, Загреб
Хрватска
Македонија
Словенија
Грција
Грузија
Холандија
Група Д, Рига
Летонија
Литванија
Естонија
Република Чешка
Украина
Белгија
Четирите најдобри репрезентации од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, а таму ќе вкрстат групите А со Б и Ц со Д.
Овие натпревари т.е завршницата на ЕП ќе се одигра во Лил.
Арени каде ќе се одигра првенството.
Група А - Монпеље, Park&Suites Arena
Капацитет на арената е 10.700 гледачи, отворена на 8ми септември 2008
Група Б - Берлин, Mercedes-Benz Arena (O2 world)
Капацитет на арената 14.500 гледачи, отворена 2008 година
Група Ц, Загреб, Arena Zagreb
Капацитет на арената 16.500 гледачи
Група Д, Рига, Arēna Rīga
Капацитет на арената 12.500 гледачи, отворена 15ти февруари 2006
Завршница на првенството, Лил, Stade Pierre-MauroyКапацитет на арената за време на Евробаскетот 27.500 гледачи
Преноси од Евробаскетот ќе врши Сител / Сител 3 телевизија, на жалост на гледачите ќе мора во тие неколку недели да ги трпиме Игорче & co