ма нееее
ЕКРИ: На Македонија и е неопходен закон против дискриминација
Ирина Гелевска Коментари (2)
15.06.2010 14:28
На Македонија и е неопходен закон против дискриминација но, нацрт законот наиде на остри критики, се наведува во најновиот извештај од четвртиот мониторинг на ЕКРИ-европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливост при Советот на Европа.
ЕКРИ им препорачува на македонските власти, систематски и јавно да ги осудат и правно да ги казнат сите изјави на омраза и да формираат специјализиран орган за борба против расизмот и дискриминацијата.
Според
ЕКРИ, во Македонија треба да се поработи на меѓуетничките односи и се уште присутната поделеност во училиштата по етничка основа. Се укажува на лошиот однос на полицијата во полициските акции,
особено против припадниците на некои малцински групи како Ромите.
Потребно е да се усвои европската повелба за регионални и малцински јазици.