ЕУРО 2020 - Финале | Италија - Англија | 11.07.2021 (21:00)

Кој ќе биде шампион на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
8.807
Поени од реакции
6.800
Италијаните кои цело првенство освен со Шпанија земаа посед на топка, што никогаш не била нивна одлика, некој ги окарактеризира како плачковци и задржувачи на време. Абе на сите им одржаа лекција по фудбал. Немам видено позаслужено освојувење на некое првенство после Бразил 2002. Англија даде случаен гол од првиот шут и после тоа штама. Едноставно им се измочаа на сред Вембли. За разлика од мечот со Данска, овојпат на Англија им требаше и втора топка во теренот за да можат и тие да поиграат. И тоа пази, топката им ја сокрија играчи од фармерска лига без да го имаат 100 милионскиот Грилиш или 150 милионскиот Санчо.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.537
Поени од реакции
4.353
Ama stovie navas Grealish 250 milioni vredi, ne mi go sporeduvajte so nekoi anonimusi tamuu

Колку се само преценети Енглезиве, им се мочам на платите и трансферите мултимилионски, кога на Вембли, СРЕД Лондон те ебат играчи од Сасуоло, па нема поголема сатисфакција кога ги гледаш такви покиснати, мизерни, ваууу џетсетерите и принцовите од Ландоннн и градоначалникот од факинг Пакистан.


Како и да е, лекција по фудбал, доминација сред Вембли, нема поголема сатисфакција од ова ако цел живот навиваш за Италија. ДОКТОРСКИ. Форца!
Утакмица меѓу две странски држави и добиени пенали после нерешено ти се најголема сатисфакција?
Какви животи живеете бе луѓе, сериозно :eek:
Автоматски споено мислење:



Клучен за шампионот во Лига на Шампиони.
Клучен за шампионот во Европско Првенство.
Маестро.
Како беше клучен за ЛШ жити се? Канте беше најзаслужен.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.402
Поени од реакции
3.973
Ова се оди на душа на тикварот Саутгејт. Буквално цело првенство изведува глупости со составот, тактизира, ни самиот не знае што прави, изгубен случај. Играчи кои не намирисаа терен цело првенство ги става да шутираат пенали, плус и Сака. Ги фрли во оган Санчо и Сака и ги изгоре. Да ги оставеше и Вокер и Хендерсон сигурно би биле подобар избор за пеналите отколку овие. Добро што му го закачија.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.097
Поени од реакции
2.704

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.942
Поени од реакции
3.258
Утакмица меѓу две странски држави и добиени пенали после нерешено ти се најголема сатисфакција?
Какви животи живеете бе луѓе, сериозно :eek:

Како беше клучен за ЛШ жити се? Канте беше најзаслужен.
Од 2000та навивам за Италија, вечерва Италијаните станаа европски прваци... може мозокот да ти испроцесира на што се должи сатисфакцијата? По твоја логика не треба ни за Интер да навивам пошто не живеам во Милано? Па уште пишал какви животи живеете, вауу волкот од вол стрит. Дај изгубисе бе, па сум земал тебе да ти објаснувам бог да чува :pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
34.025
Поени од реакции
88.498
олку се само преценети Енглезиве, им се мочам на платите и трансферите мултимилионски, кога на Вембли, СРЕД Лондон те ебат играчи од Сасуоло, па нема поголема сатисфакција кога ги гледаш такви покиснати, мизерни, ваууу џетсетерите и принцовите од Ландоннн и градоначалникот од факинг Пакистан.
Не се слагам. Јас бев за Италија со цело срце и душа ама Англија стварно има добри играчи, т.е. слободно може да кажам подобри од Италија на хартија. Да не коментираме сега под импресии од титулата, треба да бидеме реални. Но, никој не им е крив што немаат квалитетен тренер кој ќе знае максимално да го искористи играчкиот потенцијал што го поседуваат неговите фудбалери. Да почнеш финале на ЕП со 8 играчи кои се дефанзивно настроени за мене е нонсенс, не знам што друго би кажал.

Пред година-две, т.е. откако Алегри си отиде од Јуве имаше една изјава каде вели дека Манчини докторирал на темата фудбал, у фазону до сега бил добар тренер ама со фудбалот и филозофијата што ја наметнал на репрезентацијата станал доктор. Оваа титула е само печат на муабетот на Алегри, дека Роби докторираше и се зацементира во класата на врвни тренери. Ова најмногу го кажувам затоа што со години е оспоруван низ интернетот, и најмногу од се што ме нервира е што тоа доаѓа од фанови на Интер, така да јадат гомна за човекот што после 17 години пост им донесе титула. И сеа некој ќе се фати за неговиот втор мандат во Интер каде имаше просечни резултати ама квалитетот на екипата беше мизерен и за греота. Се надевам дека од денес натака ќе имаат многу поголем респект за човеков. Признавам дека и ја у налет на нервоза иам јадено некад гомна, ама од увек сум го сакал ко тренер, Џонтра и колегите од фк Интер може да потврдат.

Околу финалето, апсолутно заслужена титула за Италија. Англија изигра за една огромна нула, дно, очај, и да не беше раниот гол мислам дека никогаш немаше гол да дадат. Го фатија мртвиот Ди Лоренцо неспремен и на спиење, иначе кур што ќе дадеа гол со 100 дефанзивно настроени играчи. Не разбирам зошто не играше Фоден, не само денес него општо. Човекот е носител на играта во Сити, овој земал не го става во игра... Исто одлуката за пеналџиите му беше држ ме мајко, пишав и претходно дека Рашфорд ќе промаши, а како да погоди кога нема играно цело ЕП и самодовербата му е во минус? Дебил. Лесно е да се јаде гомна од позади тастатура ама ја еба работата со изборот на изведувачи на пеналите Саутгејт, прво и основно Кејн се става за 5-ти пеналџија а не 13 годишниот Сака, колку сака (хехе) нека е талент сепак 19 години има и преголем товар е ова за него, па потоа Грилиш исто мораше да биде меѓу првите 5 и искрено јас немаше да го извадам Хендерсон кој не е Лампард ама е ок пеналџија и има тон искуство позади себе во однос на Санчо и Рашфорд. Секако и голманската класа пресуди овде, Донарума е убедливо најдобар голман моментално, класа невидена.

И да, морам да споменам, иако го мразам од дното на душата, за Киелини може да се напише една книга од 1000+ страни за тоа како треба да се биде добар дефанзивец. Човекот со 38 години го угаси фудбалот во финалево и општо на цело ЕП, ДОКТОР ПО ОДБРАНА. ДА УМРЕ!

Секоја чест и за двете екипи, следен пат помалце курч од англиските фанови (кој никад нема да се деси али ај) и подобар тренер па може и да освојат зашо имаат добра генерација.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
15.852
Поени од реакции
25.948
Kielini e grd e igra za juve pa znaeme sto da ocekuvame od ekspertite na kajgana
Така е, јас мислам дека експертите на Кајгана казната за фаул ја одредуваат според физичката убавина на играчот што го направил.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
2.739
Поени од реакции
4.277
И од што заклучи дека Грилиш е слаб играч. Изигра 15мин, од тоа заклучи? Нека се дадат тие пари за него иако мислам дека никад нема да се дадат и нека изигра сезона па кажи дека не вреди.
Брат, изигра 15 минути во најбитниот меч за Англија. Толку од муабетот :)

И не, никој никаде не кажал дека Грилиш е слаб играч, само дека е преценет и нај изхајпаниот играч во свет моментално. Добар е ама и не е бог отац ко што го прават 99% од медиумите :)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
13.220
Поени од реакции
9.828
Така е, јас мислам дека експертите на Кајгана казната за фаул ја одредуваат според физичката убавина на играчот што го направил.
Kielini napravi takticki faul za koj bese svesen deka ke dobie zolt karton.. cisto ko suza
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.011
Поени од реакции
6.945
Намали скромност и изгуби се од било што.
Киелини за Канаваро е Гаетано Скиреа, Франко Барези, Џакинто Факети и Алесандро Неста у едно.

ок. Сеа за Киелини, да не испадне дека сум под импресии од финалево. Тоа носле мртво го мразам од дно на душа, онака како фаца и појава би го тепал и убивал у најситни детали и иживувања.
Реалноста е дека лигњавко е доктор по одбрана, и ова секогаш сум го зборел у сите фудбалски дискусии. Може јас да го мразам како појава и како играч на Јуве али како дефанзивец и квалитет по фудбал нема што да се глупирам. Еден од најдобрите дефанзивци у историјата на Италија.
Пак ќе повторам, да не испадне сеа дека освоија и ајде понесен од позитивните коментари па и ја да се надополнам. Ваков коментар го мислам и приватно го кажувам секад.
Јавно би требало да го пишам доколку Јуве освои ЛШ, ама среќа тука е Манчини па ми овозможи да се искажам за Џорџо свињата.

Џиџо слабиот и пред се заменливиот според фк Милан.

Роби слабиот тренер според Урко и дел од фк Интер.

Англија јакитеехеххехехехехехехехе

Прегледај го приврзокот 301184
И јас како миланез немам никакви симпатии спрема Јувентус, далеку од тоа.

Ама мислам дека претходните генерации на дефанзивци од еве, крај на 90ти и 2000ти на Италија се подобри од овие.
Иако има и фактор вкус во муабетот и еволуција на фудбал, ама генерално нивото на дефанзивци е паднат последниве години и декади. Веќе не се преферира техника, смиреност, читање на игра, туку брзина, стаменост, цврстина, игра со глава, воздушни дуели.

Зашто сметам дека нивото на индивидуални дефанзивци е паднат? Бидејќи екипите денеска се бранат многу по-колективно, многу по збито од порано и паркирање на автобус е честа глетка денес.

Б и К се меѓу последните од таа "крај на прва декада 2000ти" играчи кои се етаблираа тогаш, односно од поновата генерација. Би ги додал Тиаго Силва и Серхио Рамос кои и денес сеуште играат на високо квалитетно ниво.

Јас би рекол дека се едно многу маргинално ниво под претходната им генерација на дефанзивци кои играле во Италија (Канаваро, Неста, Лусио, Малдини, Турам и тн и тн), ако гледаш сув дефанзивен квалитет, мозок и техника. Е сега, фудбалот е многу по физичка игра, многу по колективно се бранат екипиве, што нив ги издигнува денес на едно најквалитетно можно ниво бидејќи учеле од нивните претходници.

Нејсе, пред да бидам распнат од јувенташите, треба поголема анализа и размислување околу муабетов за подетално да аргументирам. Малце и пристрасен и носталгичен сум, и муабетов има многу "имагинативни" моменти ала што би било кога би било.

Како и да е, на крај од денот за 2 класи се подобри од Англиските и општо сите други дефанзивци. Каква техника, каква смиреност, какво читање. Овие од г(о)рдиот албион топка не знаат да смират.
Се гледа дека учеле и се калеле во златната генерација на италијански дефанзивци, да не го заборавиме моментот кога Киелини на свои 23 години плачеше пред Малдини кога овој му кажа кој е кој. :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
934
Поени од реакции
1.644
Браво за Италија!! Апсолутно заслужено победија денес и освоија титула. Иако навидум уморни, повеќе трчаа, поборбени беа, за секоја топка клизачи да ја освојат. Англичаните кои се штедеа во првата фаза и ништо не прикажаа, со Шкотска си подаваа цела утакмица, па Украина во 1/4-финале им се погоди така прилично утепана, и беа ептен одморени и не потрошија енергија (башка што имаа и клупа долга), не трчаа доволно на терен и не се бореа, како да се штедат да играат генералка со Аргентина за некој ден. :confused: Ама како играа во второ полувреме, па некако безвезе и во продолженијата (а на Италија Киеза им се повреди - кој буквално беше моторот на Италија во регуларниот дел), знаев дека ќе изгубат на пенали. Мислам дека се најслаба екипа во пенали, па и Македонија и Словачка да играа на пенали денес ќе ги победеа Англичаните. Секоја чест за Пикфорд кој фати два пенали и изненади позитивно и колку толку и даде шанса на Англија. Честито на сите фанови на жабарите! (y) Дефинитивно најзаслужен е Манчини. Човекот е топ тренер!
Англија е супер репрезентација и не е случајно што стигнаа до тука. Нивните млади репрезентации се одлични и освоија две младински светски првенства во последниве 5 (??) години. Мислам дека имаат шанса и јако да котираат во Катар наредна година. Нормално, со Саутгејт малку потешко. Човеков се што направи во финалето беше EPIC FAIL, поготово со тие замените на крајот. Не успеа да додаде некој жар во играта, да креира нешто на подобро и поразот оди на него и неговите глупости.

Да бе на душа на Саутгејт е, он требаше да ги пуца пеналите.
Тие двајцата умислените нека учат од Мегваер како се пуца без местење и позирање.
Па Саутгејт шутираше на ЕП 96-та и Англија испадна од Германија. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom