ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
не знам, Езган ми личи на турско име, башка презимето е друга работа...
Тоа ски е комунистички порано што му давале. По правило тој е Алии некако.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.333
Поени од реакции
57.894
Јака работа кој што бил, остајте ги нека играат луѓето. Поважна работа е дали Мрмињо може да смени нешто бидејќи Австријците не прочитаа како селски буквар.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.136
Поени од реакции
28.888
Тоа ски е комунистички порано што му давале. По правило тој е Алии некако.
И сите Грци се македонци. Костас, Александрос, Јанис...ју нејм ит.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Мене ми е криво само една работа од утакмицата со Австрија, а тоа е што потклекнаа после 86-та минута и изиграа баш македонски и примија уште еден гол по грешка, на крај можеше да биде 4. Тоа не треба да ни се случува. Со Украина очекувам дека ќе биде многу подобро и дека ќе ги добиеме.

Не би рекол дека тоа беше најслабата репрезентација на Македонија. Со Шевченко кога игравме топ беше атмосферата, Градски беше полн за пријателски утакмици, дечките играа како натпреварите да се квалификациски. Имавме коска одбрана тогаш, тешко примавме голови.
Да, точно. Најслабата Македонија загуби таму 1-0 во квалификациите во 2014 негде. Е сега Украина горе долу има исти играчи кои играле тогаш, а ние имаме подруг тим (Пандев не играше тогаш на тие квалификации). А и голем дел од играчиве кои играа на младинското Еуро ја тепаа Украина два пати во квалификациите.
Повеќе ни одговараат, зошто не играат пресинг. Нас Австрија и Ерменија ни правеле проблеми поради тој пресинг (1-4 во Скопје, 4-0 во Ереван за Ерменија). А Австрија и Украина се тука негде горе долу - поразличен стил на игра само.
 
Член од
14 јуни 2021
Мислења
162
Поени од реакции
275
Многу ни фали класичен лев бек. Да се надеваме од овој Антовски од младинците да излезе нешто па за 2-3 години да имаме нешто посалам одбрана. Тогаш и Џани би можел да игра понапред како десно крило(има 3-4 пати за репрезентација и бил доста добар). Нешто вака 4-4-2:
Столе
Ристовски-Велковски-Муслиу-Антовски
Алиоски-Барди-Адеми-Елмас
Чурлинов-Ристовски(Тошевски)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.878
Еве поминаа скоро 24 часа од почетокот на натпреварот со Австрија а мене се уште ме мачи прашањето who the fuck е Тихомир Костадинов?
можда некој кој треба да се продаде
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Македонија е најслабо рангирана репрезентација на ЕП, се наоѓаме на 63 место, пред нас е Финска 58 место, трета најслабо рангирана земја на ЕП е Шкотска 44 место.

Да не збориме за квалитетот на лигата, инфраструктурата и развиеност на самата земја, што е исто така важно, сме сигурно последно пласирана земја.

Единствено не сме последни, туку предпоследни по вредноста на репрезентацијата(61.80м), додека пред нас е Финска(44.60м)

И кога на сето тоа ќе додадеш дека идеме прв пат на вакво големо натпреварување, едноставно не можеш да идеш со изјава дека целта е поминување на групи..
тоа кажува дека си голем аматер како тренер и фудбалер, или едоставно живееше во еуфорија и лажно створена слика.

Ние на ова ЕП одиме како аутсајдери, без притисок и да се надигруваме со сите.. а не да даваме изјави дека ќе ги победиме сите три.. и така вака правиш лажна слика и луѓе кои не разбираат фудбал(ги има многу) и не пратат, излегуваат со секакви негативни коментари.

Друго не знам дали Мрме премногу влезе во филм, па го стави Костадинов во игра на првиот натпревар на ЕП, при резултат 1:1 бо игра...
Факинг Костадион, 25години кој игра во Словачка..
На неговата страна и го примивме вториот гол, тој гу чуваше Алаба и при центаршутот му вртеше грб, како аматери на мал фудбал.
Премногу експерименти за прв натпревар на ЕП.
не е мое да судам, не сум тренер ама со моето скромно познавање на фудбал, Мрме едноставно промаши со своите измени, па Костадинов не добиваше шанси во Лигата на нации ти го пуштат на прв натпревар на ЕП, можеби дечкото има квалитет во него, али едноставно на терен беше тотално изгубен..

Секоја чест на Елмас, кој призна дека сега ја осетиле големината на вакво натпреварување и дека ќе се потрудат да научат од грешките.
Се надевам и Мрме ќе го направи тоа.

Исто така мислам дека Милан Ристовски ќе се вклопеше одлично против Австрија, ќе спуштете или заградеше некоја топка у напад, и онака сите ги пукавме напред.

Не знам што се случи со пресингот што го правевме и игравме, со играта изнесување на топката полека од наша половина, а не испукување на секоја топка напред во паника.. али за тоа мислам дека е крива тремата и тоа што игравме прв натпревар на големо натпреварување..

И да, нема лоши емоции,
да доживееше толкав број на македонски навивачи да ја пеат химната на едно ЕП, да видиш како се вее знамето со сите останати, да се надигруваш рамноправно и да прославиш гол е емоција која му беше потребна на овој народ, ќе не сплоти, направи горди, и ќе направи да веруваме малку повеќе во себе како нација и народ, а тоа и те како ни требаше.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Да се посмееме малце у меѓувреме :)

Барем да се фрлаше во вир, се фрли на бетон кожа ваљда си одра. Послем тоа демек не ме боли глеј скокам. :pos:

Како и да е позитива.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182

Еве една изјава која треба да биде само најголем мотив за нашите момци.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Со Украина можеме да оствариме позитивен резултат само ако не потценат, квалитативно се посилни од нас, да не си правеме бајрам со акалот.
Е, искрено мислам дека ќе не потценат и ќе земеме бод, колку да не сме без ич.
Меѓудруго, топ анализа.
https://youtu.be/iJggV0ihkJI
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom