ЕУРО 2020 - Група А (Турција, Италија, Велс, Швајцарија)

Кои две репрезентации ќе се пласираат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.125
Поени од реакции
14.283
Попара, ептен изненадија Италија не очекував ваква игра од нив.
Италијанскиот фудбал оправдано заврши малку на маргините и не се пишува толку низ медиумите за тоа што се случува таму. А Италија ја менува својата стара фудбалска парадигма. Не само во репрезентацијата, туку и во лигата. Се повеќе се игра "модрен" фудбал ...

Имаше баш пред ЕП низ медиумите, дека со ова што под Манчини го игра Италија е крај на таа традиција дека секоја држава си има своја фудбалска парадигма. Сега веќе не може се зборува за фудбалски идентитет на Италијаните или Англичаните.

Во италијанската репрезентација фали квалитет и некој врвен фудбалер, светска класа и лидер кој ќе ги повлече против посилна репрезентација во завршницата на првенството.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.561
Поени од реакции
5.605
Во италијанската репрезентација фали квалитет и некој врвен фудбалер, светска класа и лидер кој ќе ги повлече против посилна репрезентација во завршницата на првенството.
Oдлично избалансиран колектив се Италија. Генерално полна со „потценети“ играчи (пошо реално 90% од тимот игра во Сериа А). Мислам дека ништо не им фали, си имаат одличен баланс помеѓу сила, брзина и техника у состав, а и доста опции има Манчини како да постави игра зависно против кој игра.

Италија првенствово нема Звезда но има одличен Тим.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.589
Одлично изгледа оваа Италија. Се гледа дека учеле на грешките од претходните бламови што им се десија. Плус и стварно се атрактивни, нешто што кај нив не беше секогаш така. Манчини за сега врши перфектна работа, се гледа дека склопи компактен тим и донесе победнички дух. Се надевам ќе стигнат далеку.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.125
Поени од реакции
14.283
Oдлично избалансиран колектив се Италија. Генерално полна со „потценети“ играчи (пошо реално 90% од тимот игра во Сериа А). Мислам дека ништо не им фали, си имаат одличен баланс помеѓу сила, брзина и техника у состав, а и доста опции има Манчини како да постави игра зависно против кој игра.

Италија првенствово нема Звезда но има одличен Тим.
Не е тоа само обична фраза, си треба лидер и светска класа фудбалер кога ќе биде густо, ќе тргне нешто во погрешен правец. Во напад го немаат! Инсиње, Имобиле, Берарди, Киеза, Бернардески? Ниту еден не е лидер, ниту знаат што е да играш и одлучуваш големи натпревари.

Најблиску што го имаат е Верати, но кој го гледа него како лидер? Иако за разлика од напад во средина имаат поквалитетни (Жоргињо, Верати) и млади фудбалери од кои се очекува да бидат врвна класа (најпрвин Барела, а можеби и Локатели).

Тие навистина играат одлично како тим имаат квалитетни решенија од отварање до акции во последна третина. Но може да им биде проблем недостаток на врвен фудбалер во напад и општо лидер.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.781
Поени од реакции
5.522
каква утакмица изигра Жоржињо, секоја чест !!! она шо е Канте за Франција, он е за Италија...
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.709
Поени од реакции
2.205
eve uste edno prasanje,ne sum vo tek so fudbalov
zosto na najavite i reklamite pisuva euro 2020g a sega sme 2021g. ???
Затоа што требаше во 2020 да се игра, но поради пандемијата го одложија за 2021. Затоа пишува 2020.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.158
Поени од реакции
10.107
Затоа што требаше во 2020 да се игра, но поради пандемијата го одложија за 2021. Затоа пишува 2020.
И сега follow-up прашање ќе добиеш, а зошто кога го одложиле за 2021 г., не го смениле и називот во Euro 2021? :D
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.561
Поени од реакции
5.605
И сега follow-up прашање ќе добиеш, а зошто кога го одложиле за 2021 г., не го смениле и називот во Euro 2021? :D
Пошо го мрзело бабушот шо го напраил логото да смени 0 со 1. :D
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.709
Поени од реакции
2.205
И сега follow-up прашање ќе добиеш, а зошто кога го одложиле за 2021 г., не го смениле и називот во Euro 2021? :D
Тука маркетинг и финансии се во прашање. Ако веќе изработиле пропагандни материјали и реклами, ќе требаше се од ново да се прави. Некако не им се фрлаат пари во ветер. :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.636
Поени од реакции
59.950
Бразилциве у Италија ја пеат химната како лично нивна да е. :kafence:

За разлика од едни наши бразилци, секако родени и израснати тука. :rolleyes:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.771
Поени од реакции
22.795
Ако турците загубат 0-4; 1-5; 2-6 ќе бидат репрезентација со најлош скор во историјата на ЕП.
Засега најлоша е Данска во 2000та со гол разлика од 0-8
Следува Бугарија (2004) и Ирска (2012) со 1-9
И Југославија 1984та со 2-10.


Ова ако ви фали Драгонски зашто гледам го нема нешто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom