ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.412
- Поени од реакции
- 42.670
Можеби најинтересната и најизедначена група на ова Европско Првенство. Ќе почнам веднаш со репрезентациите.
Чешка
Домаќинот на претходното u-21 ЕП - Чешка обезбеди пласман преку групата 1, каде го освои првото место пред младинците на Белгија. Предводени од Патрик Шик, Чесите ќе се обидат да го повторат успехот од 2002ра, кога најпрво на продолженија ја елиминираа Италија во 1/2 финалето, па на пенали беа подобри од репрезентацијата на Франција во финалето. Шик беше најдобар стрелец во квалификациите со 10 погодоци и веќе е мета на италијанските великани Јувентус и Милан. Други имиња кои вреди да се спомнат се Алеш Чермак и маладиот играч на Ајакс - Вацлав Черни.
Германија
Шампионот од 2009та, Германија на ова ЕП доаѓа како победник на групата 7. Германците ја издоминираа нивната квалификациона група со 10 победи на 10 натпревари и гол разлика од 35-8. Сепак дел од играчите кои настапуваа во квалификациите како Суле, Кимих, Бранд, Горецка и Сане нема да бидат дел од Европското. Но тука се Селке, Маер и Арнолд кои комбинирано постигнаа 16 голови и заедно со Гнабри ќе бидат предводници на оваа репрезентација во походот кон втората титула на u-21 Eвропските првенства.
Чешка
Данска
Сликата од списокот на играчите на Данска беше заникаде, затоа не ја ставив тука. Сепак списокот на 23цата кои се повикани може да го видите тука. Данците ја издоминираа квалификационата група 1, со 9 победи и 1 нерешен резултат, а Маркус Ингвартсен кој постигна 8 погодоци е играчот од кој се очекува најмногу. Оваа репрезентација има играно две полуфиналиња, вклучувајќи го и претходното u-21 ЕП каде беа елиминирани од (подоцна) шампионот - Шведска.
Италија
Италија е најтрофејната репрезентација во ова натпреварување со освоени 5 титули. Тоти, Виери, Дел Пиеро, Канаваро, Неста, Толдо.. се само дел од играчите кои доминираа во ова натпреварување од 1992 до 2000та година, кога Италија славеше на 4 од 5те u-21 Европски првенства во тој период. Последната титула на Италија и ја донесе Џилардино во 2004тата година. На ова ЕП Италија доаѓа преку квалификациската група 2, каде го освои првото место пред Србија.