ЕП (U-21) 2017 - Група Ц

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
30.994
Поени од реакции
38.580
Група Ц

grupa c.jpg
Можеби најинтересната и најизедначена група на ова Европско Првенство. Ќе почнам веднаш со репрезентациите.


Германија


Шампионот од 2009та, Германија на ова ЕП доаѓа како победник на групата 7. Германците ја издоминираа нивната квалификациона група со 10 победи на 10 натпревари и гол разлика од 35-8. Сепак дел од играчите кои настапуваа во квалификациите како Суле, Кимих, Бранд, Горецка и Сане нема да бидат дел од Европското. Но тука се Селке, Маер и Арнолд кои комбинирано постигнаа 16 голови и заедно со Гнабри ќе бидат предводници на оваа репрезентација во походот кон втората титула на u-21 Eвропските првенства.


Чешка


Домаќинот на претходното u-21 ЕП - Чешка обезбеди пласман преку групата 1, каде го освои првото место пред младинците на Белгија. Предводени од Патрик Шик, Чесите ќе се обидат да го повторат успехот од 2002ра, кога најпрво на продолженија ја елиминираа Италија во 1/2 финалето, па на пенали беа подобри од репрезентацијата на Франција во финалето. Шик беше најдобар стрелец во квалификациите со 10 погодоци и веќе е мета на италијанските великани Јувентус и Милан. Други имиња кои вреди да се спомнат се Алеш Чермак и маладиот играч на Ајакс - Вацлав Черни.



Данска
Сликата од списокот на играчите на Данска беше заникаде, затоа не ја ставив тука. Сепак списокот на 23цата кои се повикани може да го видите тука. Данците ја издоминираа квалификационата група 1, со 9 победи и 1 нерешен резултат, а Маркус Ингвартсен кој постигна 8 погодоци е играчот од кој се очекува најмногу. Оваа репрезентација има играно две полуфиналиња, вклучувајќи го и претходното u-21 ЕП каде беа елиминирани од (подоцна) шампионот - Шведска.


Италија


Италија е најтрофејната репрезентација во ова натпреварување со освоени 5 титули. Тоти, Виери, Дел Пиеро, Канаваро, Неста, Толдо.. се само дел од играчите кои доминираа во ова натпреварување од 1992 до 2000та година, кога Италија славеше на 4 од 5те u-21 Европски првенства во тој период. Последната титула на Италија и ја донесе Џилардино во 2004тата година. На ова ЕП Италија доаѓа преку квалификациската група 2, каде го освои првото место пред Србија.


Натпревари

utakmici.jpg
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Бреј Италија глатко до титула, сите играчи им се првотимци во Серија А, многу од нив и главни играчи во клубовите со одлични настапи и сезони позади нив.

Донарума
Конти-Калдара-Ругани-Барека
Бенази-Гаљардини-Каталди
Бернардески-Петања-Берарди

Одбраната е коска, Конти и Калдара имаа одлична сезона во Аталанта, Барека истотака играше редовно во Торино, едино Ругани нема многу настапи. Бираски у последно време играше прва постава во Џенова исто и Калабрија има доста утакмици у Милан сезонава. Муру е солиден лев бек, овој Ферари поима неам кој е со оглед на тоа што играше у втора лига со Верона.

Везниот ред и нападот сепак им се најјака страна, Гаљардини за пола сезона се наметна во еден од клучните играчи на Интер, во сениорска конкуренција изгледа како да игра фудбал 20 години па што останува за младинциве. Бенази е стандарден првотимец и повремен капитен на Торино. Каталди првата полусезона во Лацио беше резерва но после со трансферот во Џенова играше прва постава. Пелегрини истотака е првотимец во Сасуоло, од летово најверојатно ќе игра во Рома. Локатели играше доста во Милан, голчиња, црвени картони, покажа доста искуство во тие утакмици што ги играше.

У напад, Бернардески е еден од главните играчи на Виола, доста клубови го бараат летово, одличен играч. Берарди исто, 2-3 години по ред клучен играч на Сасуоло, сезонава се мачеше со повреди но сепак станува збор за добар играч. Петања имаше топ сезона со Аталанта исто и Киеза во Виола. Овој Гаритано уште пред 5 години беше младинец у Интер. :D

Голманот забораив да го спомнам, ако е потребно да трошам зборови....
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
22.438
Поени од реакции
50.268
Овој Гаритано уште пред 5 години беше младинец у Интер. :D
Гаритано, Гаљардини, Бернардески, Конти, Калдара младинци со по 23 години.

Нека си пишат U23 и нека не прават забуни кај луѓето веќе.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.202
Поени од реакции
10.987
Италјанциве имаат најдобар состав, според мене фаворити. Германија имаат најдобар среден ред од сите, ама на другите позиции се слаби.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Гаритано, Гаљардини, Бернардески, Конти, Калдара младинци со по 23 години.

Нека си пишат U23 и нека не прават забуни кај луѓето веќе.
Шпанците кога освоија мислам дека Тијаго Алкантара имаше 24 години. :D
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.131
Поени од реакции
8.752
Дечки како фаќаат поедини фудбалери на првенствово над 21 година место во репрезентациите ?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.568
Поени од реакции
15.364
Дечки како фаќаат поедини фудбалери на првенствово над 21 година место во репрезентациите ?
Играчите што играле квалификации можат да играат и на ЕП без разлика дали имаат над 21 година
Циклусот квалификации трае 2 години(тогаш биле под 21), така да, има играчи што се над 21 година.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
30.994
Поени од реакции
38.580
Мислам дека се гледа кога почнуваат квалификациите или така нешто. :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.131
Поени од реакции
8.752
Мислев дека квалификациите ги изиграа минатата година и затоа чудно ми падна. :D

п.с. Италија лагано доминира, страшен ростер имаат.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.273
Поени од реакции
23.079
Pollersbeck - Toljan, Stark, Kempf, Gerhardt - Arnold (C), Dahoud - Weiser, Meyer, Gnabry - Selke

Zima; Havel, Simic, Lüftner, Sacek; Sevcik, Soucek, Travnik; Jankto, Schick, Cerny

Жонатан Та поради повреда го пропушта турнирот.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.942
Поени од реакции
14.591
Каков само напад има Италија (барем на хартија), оној Петања мислев дека има 28 години прв пат кога го видов.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
9.556
Поени од реакции
15.978
Голем проблем на италијаните е тоа што сите тројца играчи од нападот играат со лева нога. Многу е лошо тоа, бидејќи премногу време им треба да се наместат и плус предвидливи се. Штета не гледам добра замена за Петања, изгубен случај е.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
5.816
Поени од реакции
7.808
Третиов гол од Чешка :O
Не ја виде Донарума
 

Kajgana Shop

На врв Bottom