ЕП (U-21) 2017 - Група Б

Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Во овој Елмас има бааги фудбал. Ако успее ова лето или најкасно наредното да искочи од тука и да отиде во некоја сериозна екипа може да стане многу добар играч. Друг кој што вреди од оваа генерација е Барди и толку се. Како би му легнала некоја итаљанска екипа на овој па да буши бункери од 30 метери ... :D

Што се однесува до целиот впечаток од првенствово фер е да признаеме дека се посравме за сите пари. Подобро ич да не идеа играчиве во Полска барем античките македонци ќе се тешеа дека имаме класа млади фудбалери подобри од оние што се во А селекција. :D

п.с Тошевски го има измислено фудбалот и за Бејтулаи и за овој Попзлатанов што го уништија денес португалциве...после ваква утакмица може комотно копачките да си ги закачи на ѕид.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Шо знам Пејо, најверојатно имаме различни критериуми за тоа што значи добро претставување. Лично за мене 0 бодови и 11 примени голови на 3 натпревари се нешто што е катастрофално, а да не зборувам за тоа колку аматерски изгледавме во однос на Шпанија и посебно на Португалија каде што во 90 минути едвај 3 пати поминавме центар.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506

Зависи кој какви очекувања има,за луѓето што претежно разбираат и пратат фудбал овие резултати не делуваат депримирачки или катастрофални бидејќи реално беа очекувани..сепак во група бевме со Шпанија,Португалија и Србија што се три репрезентации подобри и поквалитетни од нас,а нашите играчи играат во Вардар,Шкендија и Работнички клубови што идат од аматерска лига..што можи да се очекува во вакви околности?
 
C

Castiel

Гостин

1 бод. Не може да е катастрофално. Прво вакво натпреварување е. Нигде не бевме со толку надиграни. Со шпанија резултатот изгледа така да ама играта не беше воопшто лоша. Со србија победа во последна мин ни избега. Со порругалија покажавме па добра игра постигнавме 2 гола. Толку е квалитетот. Другиве репрезентации можат да ротираа играчи. Ние не. Тие се тие. Далеку од катастрофално е ова за нас. Чекор напред е. Ако се продолжи да се работи добро нареден пат подобро ќе е. Ова е прва мак репрезентација што игра фудбал како што треба.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Зависи кој какви очекувања има,за луѓето што претежно разбираат и пратат фудбал овие резултати не делуваат депримирачки или катастрофални бидејќи реално беа очекувани..сепак во група бевме со Шпанија,Португалија и Србија што се три репрезентации подобри и поквалитетни од нас,а нашите играчи играат во Вардар,Шкендија и Работнички клубови што идат од аматерска лига..што можи да се очекува во вакви околности?
Чекај бе Џони, нели со месеци се форсираа муабети на форумов дека цела У21 треба да оди во А селекција зошто децава биле измислени за тие од А селекција и сега наеднаш муабети од типот ‘‘ абе знаете овие од Вардар, Шкендија и Пелистер не можат да се носат со тие од Атлетико, Реал и Арсенал‘‘. Утре ден кога ќе треба некои од нив да го понесат товарот од А репрезентација и како играчи на таа таа репрезентација да играат против првите тимови на Шпанија, Италија, Франција пак ќе треба да се тешиме со тоа дека заостануваме 100 години во однос на другите ?

@Castiel добро и пораз од 5:0 не може да ги ставиш во иста реченица. Со Португалија нема врска дека сме одиграле добро иако дадовме 2 гола. Реално ѓупците за малку голот ќе ни го турнеа...преку 30 шутеви на наш гол имаа. Со србите точно е дека избега победа во 90та, но искрено нив и покрај тоа што имаат добра генерација не ги сметам за нешто сериозно од едноставна причина што миљарда години немаат извадено асален играч што ќе игра во топ 10 тимовите во Европа.

п.с Мене многу јасно ми е колкав е нашиот квалитет и какви се условите во кои тренираат најголем дел од нашите играчи и кои се нивните можности, но некои други немаа реален поглед на нештата. И да, со тоа што ние ете стигнавме на едно вакво натпреварување мора да се согласиме дека е успех, но од друга страна кога веќе сме таму и имаме шанса т.е имаат шанса играчите да покажат квалитет и да излезат надвор малку глупаво ми е да се задоволиме со самото тоа што учествуваме на турниров и за добро да ги сметаме 11те примени голови на 3 утакмици. :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Шо знам Пејо, најверојатно имаме различни критериуми за тоа што значи добро претставување. Лично за мене 0 бодови и 11 примени голови на 3 натпревари се нешто што е катастрофално, а да не зборувам за тоа колку аматерски изгледавме во однос на Шпанија и посебно на Португалија каде што во 90 минути едвај 3 пати поминавме центар.
Ако ја видиме табелата ќе кажеме дека сме се избламирале ама, играта против Шпанија на првата текма беше маестрална, толку добар настап не ми текнува да имала А селекцијата. Да, бевме декласирани со 5-0 ама не го заслуживме тој пораз бе брат, не по играта и мудата што ги покажаа. Шпанија е Шпанија, нема муабет и се поквалитетни од нас ама дефинитивно не им влеговме во дуел натртени и со спуштени гаќи. Србија, онаа Србија што пред 2 години беше у20 Светски Шампион и 70% од играчите што играат во оваа селекција беа носители на таа генерација тогаш. Срам е со нив да изиграш нерешено? Срам е што им напраивме и пресврт па поради неискуство и пар поединци ни кидна победата? Португалија, што два пати при негатива даваме гол и не се предаваме, нема застанување, зошто да се срамат?

Да, можеби е искомплексирано мислењето „еј па битно игравме“ ама во оваа ситуација, да, битно игравме. Можеби и А селекцијата на Албанија минатото првенство се обрука на резултатски план и испадна уште во групи ама го стекнаа искуството кое може да им значи многу во иднина.

Гледам си му пишал на Џони за тоа палење дека треба да се прекомандаат сите во А селекција и свесен си и сам дека тоа е афектно трескање од земја :)
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Чекај бе Џони, нели со месеци се форсираа муабети на форумов дека цела У21 треба да оди во А селекција зошто децава биле измислени за тие од А селекција и сега наеднаш муабети од типот ‘‘ абе знаете овие од Вардар, Шкендија и Пелистер не можат да се носат со тие од Атлетико, Реал и Арсенал‘‘. Утре ден кога ќе треба некои од нив да го понесат товарот од А репрезентација и како играчи на таа таа репрезентација да играат против првите тимови на Шпанија, Италија, Франција пак ќе треба да се тешиме со тоа дека заостануваме 100 години во однос на другите ?
Кој тоа форсираше,медиумите или фановите?..па и треба да се прекомандаат бидејќи и тие во А репрезентацијата не се ништо посебно,збир од просечни/аматерски фудбалери што неможат 70 минути силно темпо да издржат,не за џабе го достигнавме дното во фудбалот(додуша секогаш бевме катастрофа ама сега сме на рамниште со Фарските Острови).

Реално тој е капацитетот и условите,неможиме ние сега да бараме успех од играчи што играат во аматерска лига..тоа е несериозно и нереално..исто како сега јас да барам од Пелистер да го поминат Лех бидејќи по 100 години играат во Европа и очекувањата се да изгинат на теренот ама тоа е невозможно бидејќи во Пелистер играат играчи што редовно си пијат пивце и си јадат скара по кафаните и живеат неспортски па квалитетот ќе излези на виделина
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Со србите точно е дека избега победа во 90та, но искрено нив и покрај тоа што имаат добра генерација не ги сметам за нешто сериозно од едноставна причина што миљарда години немаат извадено асален играч што ќе игра во топ 10 тимовите во Европа.
Полека малце.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom