ЕП (U-21) 2017 - Група А

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Група А

grA.jpg

Групата А е составена од домаќинот - Полска, бранителот на титулата - Шведска, како и у-21 репрезентациите на Словачка и Англија.


Полска

zxx.jpg
Полска како домаќин се пласираше директно на првенството. Ова е листата од 23 играчи која ќе му биде на располагање на селекторот Марцин Дорна. На Полјаците ова ќе им биде прв настап после 1994 и вкупно 7ми во ова натпреварување и сигурно нивната цел ќе биде прв пат да се пласираат во едно 1/2 финале.



Словачка

slovakia.jpg
Списокот на играчи го имате овде. Словачка на ова ЕП доаѓа како победник во групата 8. После поразот во првото коло од Белорусија, младинските репрезентативци на Словачка нанижаа 6 победи и 1 нерешен резултат (во последното коло) со што убедливо со 19 поени го освоија првото место во својата група. Ово ќе биде нивно трето учествно на ЕП у-21, а нивни најголем успех е 4тото место во 2000та година.


Шведска

u21_emlaget2017.jpg
Шведска на ова младинско ЕП доаѓа како бранител на титулата и ова ќе биде нивен 9ти настап во ова натпреварување. Швеѓаните исто така играа полуфинале во 2009та на домашен терен, но беа елиминирани на пенали од младинците на Англија. Тие беа први во групата 6 пред Шпанија и Хрватска, а квалификациите ги завршија без пораз. Листата на играчи кои ќе патуваат во Полска ја имате тука.


Англија

Aнгличаните по рекорден 15ти пат ќе настапат на едно у-21 ЕП и ќе се обидат да ја освојат својата трета титула, а воедно и прва после 1984та година. Најблиску до тоа беа во 2009та година кога во финалето беа убедливо поразени од у-21 репрезентацијата на Германија. Тие беа први во групата 9 во квалификациите и завршија со скор од 6 победи, 2 нерешени резултати и само 3 примени гола. Во тимот имаат неколку играчи кои се стандардни првотимци во ПЛ, а како лидери на тимот се очекуваат да се Џејмс Ворд-Праус и Нејтан Редмонд од редовите на Саутемптон.



Натпревари

ef.jpg
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Англија со овој состав ни групи нема да поминат, само Пикфорд, Холдинг и Редмонд се квалитетни играчи од овие. Деле Али, Рашфорд, Шо, Кејн, Баркли, Стеринг, Дејвис (Евертон), Винкс (Тотенхем) за што се? Кога можат шпанците и италјанциве да ги бапнат тие по 23год тогаш можат и Кејн и Баркли да играат со 23.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Англија со овој состав ни групи нема да поминат, само Пикфорд, Холдинг и Редмонд се квалитетни играчи од овие. Деле Али, Рашфорд, Шо, Кејн, Баркли, Стеринг, Дејвис (Евертон), Винкс (Тотенхем) за што се? Кога можат шпанците и италјанциве да ги бапнат тие по 23год тогаш можат и Кејн и Баркли да играат со 23.
Затоа што е небитно напреварување и затоа што играат за сениорите.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.223
Поени од реакции
6.697
Svedska-Anglija 0:0,samo vtoro go gledav..Svedska vo 80-ta promasi penal,botot sakase Panenka da sutne,ama epten loso go izvede i Pickford ja fati
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.956
Поени од реакции
25.270
Мило ми е за Словаците. играчите им играат по словачката и чешката лига, но со тимска игра прикажуваат добри игри. Се надевам ќе им помогнеме да се пласираат во полуфиналето како најдобра второпласирана репрезентација со тоа што доколку загубиме од Португалија да не биде повеќе од 2 гола разлика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom