ЕП 2016 - Група Ц (Шпанија, Шведска, Германија, Словенија)

Кои три репрезентации ќе се пласираат во главната фаза?

  • Шпанија

    Гласови: 25 92,6%
  • Шведска

    Гласови: 17 63,0%
  • Германија

    Гласови: 18 66,7%
  • Словенија

    Гласови: 18 66,7%

  • Вкупно гласачи
    27
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819


ГРУПА Ц (група на смртта)

Група во која ако се соберат медалите од сите досега одржани европски првенства излегува како најтрофејна од сите четири групи на првенството, почнувајќи од некогаш велесилата во ракометот Шведска, завршувајќи со едниот сребрен медал на Словенија освоен на домашен терен, репрезентација која полека, но сигурно се враќа во врвот после смената на генерацијата.
Освен овие две репрезентации во оваа група се Шпанија со пет медали од европските првенства, но ниту еден не е златен, и репрезентацијата на Германија која после ерата на брклијата Хеинер Бранд доживеа мал пад, но и тие како словенците се враќаат назад во врвот на светскиот ракомет.
Шпанија
Како најголем фаворит за освојување на првото место во групата, а е меѓу трите фаворити за првото место и на шампионатот, тоа е репрезентацијата на Шпанија, предводена од играчот на Барселона Раул Ентрериос на среден бек и на пикерската позиција од Агинагалде играч на Кјелце, моторите на овој текст. Во овој тим на Шпанија има тројца „македонци“ во имињата на Штербик, Македа и Дујшебаев.

Неофицијален состав
Голмани: Арпад Штербик, Гонзало Перез де Варгас, Родриго Коралес;
Десно крило: Виктор Томас;
Десен бек: Едуардо Гурбиндо, Хорке Македа, Алекс Дујшебаев;
Среден бек: Раул Ентрериос, Нико Миндегиа, Хоан Кањелас, Хуан дел Арко;
Лев бек: Виран Морос, Антонио Гарсија;
Лево крило: Кристијан Угалде, Валеро Ривера;
Пивот: Хулен Агинагалде, Рафаел Баена, Гедеон Гвардиола;

Селектор е 54 годишниот Мануел Кадењас .
На шампионатот во Полска првично ќе го бранат освоеното трето место на последното првенство одржано во Данска.

Шведска

Шведска одамна нема лидер во репрезентацијата, можеби најзвучните имиња ги има на клупата т.е во селекторите на овој тим во Ола Линдгрен и Штафан Олсон, некогаш златните момчиња на Шведска, но како најголемо име моментално во овој состав може да се спомене пивотот на Фленсбург, а воедно и капитен на оваа репрезентација Тобиас Карслон.
Шведска можеби и на позицијата пивот е најсилна, освен „Тоби“ тие ги имаат и Андреас Нилсон пивотот од Пик Сегед и Јеспер Ниелсен од Фуше Берлин, потпомогнати од „пензионерот“ на голот Матиас Андерсон кој во март ќе полни 38 години, еден од најстарите ракометари, ако не и најстар ракометар на првенството.

Неофицијален состав
Голмани: Матиас Андерсон, Микаел Апелгрен;
Десно крило: Никлас Екберг, Матиас Захрисон;
Десен бек: Јохан Јакобсон, Андреас Цедерлохм;
Среден бек: Јеспер Конрадсон, Маркус Олсон;
Лев бек: Виктор Остлунд, Филип Стенмалм, Лукас Нилсон;
Лево крило: Јонас Калман, Фредрик Петерсен;
Пивот: Андреас Нилсон, Јеспер Ниелсен, Тобиас Карлсон;

Како што споменав погоре во текстот, селектори на овој тим се Ола Линдгрен и Штафан Олсон.
На првенството во Данска 2014 го освоија седмото место.

Германија

Можеби најголем малер на ова првенство, ако на СП во Катар влегоа со вајлд карта, на ова првенство поштено си го заработија пласманот, но повредите не ги одминаа германците, и тоа им се повредија најдобрите крила, Уве Генсхајмер и Патрик Грецки, па можеби за ниво до две ќе дојдат на првенството ослабени, тешко дека ќе најдат достојна замена за овие двајца..
Па така сите надежи ќе бидат вперени во младите Руне Дамке и Кристијан Дисинџер иднината на оваа германска репрезентација, играчите на Кил би требало да се предводници на овој млад состав на шампионат во Полска, а и на следните собири.
Во овој тим има само еден интернационалец и тоа од екипата на Кјелце, а тоа е десното крило Тобијас Реихман, другите доаѓаат од најсилната лига во Свет, Бундес лигата.

Неофицијален состав
Голман: Карстен Лихтлеин, Андреас Волф
Десно крило: Јоханес Селин, Тобијас Рајхман;
Десен бек: Штефен Веинхолд, Фабијан Веде;
Среден бек: Мартин Штробл, Никлас Пицковски, Симон Ернст;
Лево крило: Михаел Алендорф, Руне Дамке;
Пивот: Хендрик Пекелер, Јаник Колбахер, Ерик Шмит;

Селектор на репрезентацијата е исланѓанецот Дагур Сигурдсон.
Германија на првенството во Данска 2014 не учествуваше, а на СП во Катар 2015 беа седми.


Словенија

Репрезентација која е составена од искусни и од млади ракометари кои се на доаѓање во ракометниот свет и за кои допрва ќе слушаме и читаме пофални зборови како на пример Јуре Доленец, Борут Мачковшек и Гаспер Маргуч, а на клупа предводени од миленикот на „комити“ некогашниот најдобар ракометар во Свет и тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ.Во овој тим на Словенија ќе го има и еден од топ 5 крила во Свет, Гајиќ Драган, како и одличниот среден бек од екипата на Кјелце, Урош Зорман. Репрезентацијата на Словенија игра брз и атрактивен ракомет, далеку од „ју“ школата, а ракометарите се како по мерка на селекторот.

Неофицијален состав
Голмани: Горазд Шкоф, Клемен Ферлин, Матевж Шкоф;
Десно крило: Гашпер Маргуч, Драган Гајиќ, Вид Кавтичник;
Десен бек: Јуре Доленец, Давид Миклавчич;
Среден бек: Деан Бомбач, Урош Зорман, Миха Зарабец;
Лев бек: Клемент Цехте, Себастијан Скубе, Борут Мачковшек;
Лево крило: Дарко Цингесар, Симон Разгор, Лука Звижеј;
Пивот: Благ Благотиншек, Вид Потеко, Миха Звижеј, Матеј Габер;

Словенија немаше настап на последното ЕП во Данска, во Србија 2012 го освоија шестото место, во борба за петтото загубија од репрезентацијата на Македонија.

Град/Спортска сала

Натпреварите од оваа група ќе се одиграат во градот Вроцлав, во Centennial Hall која е со капацитет од 6000 гледачи.

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да не ви се наоѓа стрим за утакмицата на Шпанија вечер?
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Колку одбрани имаше Штербик во првово полувреме??? Малку пратев али беше доста солиден.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Швеѓаните се многу слаби, и со Чесите иако победија двете утакмици не изиграа добро,многу се зависни од голманите и контрите.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
И јас тоа сеа ќе пишував, глупа одлука му е ова на Вујо. Колку и да е во добра форма Маргуч, Гајиќ е едно од најдобрите десни крила последниве неколку години + добар шутер за пенали.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Маргуч е во многу подобра форма од Гајо, и во квалификациите не го зимаше..ги зимаше Јанц и Соштарич веќе пишав дека и не е во некој добри односи со него пошто кога не го зема Гајич одма изјави нешто дека си заслужувал повик од тоа што го дал до сега..сега Вид ќе покрива на десно крило ако е потребно за Маргуч.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ај да пишам пред да почне мечот, Шпанциве ми се втората најпреценета репрезентација после Полска.

Сеа и ја претерувам, зборот ми е дека многу ќе зависи од Штербик и Де Варгас. Едноставно тоа ги става Шпанците на друго ниво што имаат двајца супер голмани, од кои речиси се сигурно дека бар на едниот ќе му биде денот. А голманска одбрана со крила и транзиција ко шпанската знаеме дека значи „половина-гол“.

Швабиве мислам дека ќе се ко Србиве, смена на генерации, млади дечки идат и нема да ме чуди ни да експлодираат, ни да се обрукаат скроз, мислам дека ќе се у екстреми или тоа или тоа, без „средина“.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имаат одбрана репрезентацииве?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom