ЕП 2016 - Група Д (Данска, Унгарија, Русија, Црна Гора)

Кои три репрезентации ќе ја минат групата?


  • Вкупно гласачи
    42
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Група Д, групата која се состои од Данска и Унгарија, две репрезентации кои квалификациите ги завршија со перфектен скор од 6 победи во 6 натпревари, силната Русија и една од најслабите репрезентации на ова ЕП, репрезентацијата на Црна Гора.


grupa D.png

Црна Гора

Селекторот Љубомир Обрадовиќ се соочува со голем проблем во пресрет на почетокот на ракометното Европско првенство. Во подготвителниот период, корпулентниот лев бек на Горење, Милош Божовиќ, заработи повреда на ногата поради која дефинитивно отпаѓа од составот за ова ракометно првенство. Обрадовиќ сеуште не го објавил конечниот список, меѓутоа на поширокиот список се најдоа следниве ракометари:
Голмани: Раде Мијатовиќ, Миле Мијушковиќ, Радивоје Ристановиќ, Небојша Симиќ
Леви крила: Милош Вујовиќ, Милан Поповиќ, Мирко Мајиќ
Десни крила: Фахрудин Мелиќ, Мирко Радовиќ, Божидар Лековиќ, Марко Ласица
Пикери: Немања Грбовиќ, Бранко Канкарас, Вук Лазовиќ, Марко Пејовиќ
Леви бекови: Вуко Борозан
Центарлни бекови: Богдан Петричевиќ, Васко Шеваљевиќ, Мирко Милашевиќ, Божо Анѓелиќ, Стеван Вујовиќ, Даниел Вукиќевиќ
Десни бекови: Владан Липовина, Стефан Чавор, Бранко Вујовиќ, Ристо Вујачиќ, Марко Симовиќ

Црна Гора досега одигра два пријателски меча со Алжир, едниот добивајќи го со 21-16 и еден губејќи со 22-24. И во двата натпревари селекторот одигра со комбинирани состави, па не може целосно да се одредат оние 18 ракометари кои ќе патуваат во Полска.
Голем дел од играчите повикани на поширокиот список се познати на нашата јавност, бидејќи го носеле дресот на Македонски клубови. Мијатовиќ, Борозан, Липовина играа во Металург, а Симовиќ, Вујовиќ, Лазовиќ и Грбовиќ играа во Вардар, додека Ристо Вујачиќ сезонава го носи дресот на Вардар Јуниор (иако реално тешко дека би се нашол во конечниот состав). Чавор беше пред потпис со Пелистер, меѓутоа остана без него на крајот. Во овој состав предводници секако се Липовина и Борозан, како и искусното крило на ПСЖ, Фахрудин Мелиќ. Се издвојуваат и Грбовиќ, Лазовиќ и Шеваљевиќ. http://www.vijesti.me/sport/rukometni-tornjevi-blizanci-868409
Тука може да прочитате нешто повеќе за очекувањата на нивниот најдобар двоец во нападот. Борозан и Липовина со едногодишно искуство од Бундеслигата, би требало да бидат предводници на оваа селекција. Симиќ е голманот кој во оваа сезона гази во дресот на Кристијанштад, па ништо чудно на крајот да се најде во финалниот состав. Судејќи по квалификациите во кои Црна Гора како третопласирана екипа во групата со Исланд, Србија и Израел (скор од 3 победи, 1 нерешена и 2 порази) се пласираше на завршницата од ЕП, тешко дека би можела да изненади некоја селекција во групата. Својата шанса ќе ја бараат веројатно против Русија.


Русија

Ниту Рускиот селектор Дмитри Торгованов го нема истакнато својот конечен список за ракометното ЕП. На поширокиот список се најдоа:

Голмани: Дмитри Павленко, Вадим Богданов, Николај Сорокин, Виктор Киреев
Леви крила: Тимур Дибиров, Сергеј Косенков, Игор Сорока
Десни крила: Руслан Дашко, Дмитри Ковалев, Кирил Воронин, Данил Шишкарев
Пикери: Михаил Чипурин, Александр Черноиванов, Хлеб Калараш, Лев Челишчев, Алексеи Арчибашов
Леви бекови: Дмитри Богданов, Валентин Бузмаков, Сергеј Горбок, Елдар Назиров, Азат Валиулин
Десни бекови: Самвел Асланиан, Константин Игропуло, Сергеј Шелменко
Централни бекови: Павел Атман, Игор Карлов, Александриј Шкуринскиј, Дмитри Житников

Веќе знаеме дека тимот остана без еден од водечките и најнадежните играчи на Русија, левиот бек на Вардар, Александар Деревен. На оваа позиција ќе треба да распали вториот играч кој доаѓа од нашиот најтрофеен клуб, Сергеј Горбок. Русите во последата деценија константно имаат одлична шутерска бековска линија, овојпат надополнета со играчи како Атман и Игропуло кои одлично разигруваат, меѓутоа некако тренерите не успеваа да воведат ред во играта и најчесто беа најголемо разочарување на шампионатите. Игропуло, Атман, Горбок, Житников, Шелменко се сите добри шутери и со сигурност ќе се најдат на конечниот список. Житников во последно време добива предност пред Атман, Шелменко пред Игропуло кој имаше долга повреда и сеуште се враќа во форма, додека замена на Горбок најверојатно ќе биде Валиулин кој игра во Бундеслигата. На крилните позиции изгледа ќе стартува двоецот од Вардар, Дибиров и Шишкарев, додека пикерската позиција веројатно ќе биде резервирана за рекордерот по бројот на настапи во оваа репрезентација, Михаил Чипурин. После некое време на десната крилна позиција се враќа и Ковалев, но не се знае дали ќе патува за Полска. Секогаш кога сум ги гледал Русиве сум имал впечаток дека немаат добар голман и нивните голмани примаат голови од каде стигнат. Богданов беше просечен на минатото пренство, ама не верувам дека имаат подобра опција. Играта им е некако бавна, што се должи на корпулентноста на бековите, а на пример Дибиров често има огромна слобода во играта, што доволно покажува дека минатите тренери немаа голем авторитет врз играчите. Олег Кулешов беше заменет од Дмитри Торгованов на тренерската позиција и Руската репрезентација во квлификацискиот циклус забележа 4 победи и 2 порази од Унгарија, екипата со која одново е во иста група. Иако, Унгарија на два пати ги доби со 4 гола разлика, Торгованов се надева на победа во меѓусебниот дуел и освојување на втората позиција, признавајќи дека засега Данска е непобедлива.

Унгарија

Во оваа група, само Унгарскиот селектор познатиот Талант Душебаев, досега го објавил финалниот состав кој ќе патува на Европското првенство.

Голмани: Ласло Бартуш, Роланд Миклер, Мартон Шекели
Леви крила: Герго Иваншик, Тибор Газдаг
Десни крила: Петер Гулијаш, Петер Хорнијак, Акос Паштор
Пикери: Бенце Банхиди, Тимушчин Чуш, Шаболш Зубаи
Леви бекови: Тамаш Борсос, Ричард Бодо, Корнел Наѓ
Десни бекови: Габор Аничин, Ласло Наѓ
Централни бекови: Габор Чашар, Рудолф Фалувеги

Интересно, во него нема место за неколку поискусни ракометари како централниот бек Мате Лекаи или левиот бек Ференц Илијеш, а отпадна и натурализираниот Иранец Иман Џамали кој настапува во Кристијанштад. Интересно Жолт Балог не се најде ниту на поширокиот список, иако во квалификациите стрелаше 16 пати. не сум сигурен дали се работи за повреда или не... Душебаев се одлучи да земе играчи кои претежно играат во Унгарското првенство (само 3 од 18 не играат во Унгарија) и тоа 4-ца од Веспрем, 4-ца од Чургои и само 2-ца од Пик Сегед.
Кога се споменува Унгарија во последните години, секогаш првиот ракометар кој ни доаѓа на памет е Ласло Наѓ. Ги нема вештерите Перез и Кривокапич се им ебам, се надевам цркосале веќе :icon_mrgr: Чашар е вториот најопасен играч кој ќе напаѓа од централната бековска позиција, додека Корнел Наѓ веројатно ќе стартува на левата страна. Имаат тешкаши на пикерската позиција со по триесетина години во Зубаи и Чуш, а на нив им се природава младиот 20-годишен пикер на Балатон, Банхиди. Миклер ќе ја предводи голманската позиција, Иваншик е играчот кој гази по лево крило, додека Гулијаш ќе стартува десно. Хорнијак им е играч во најава за оваа позиција :D Реално немаат некои високи амбиции на ова првенство, самиот Душебаев изјавил дека сакаат да исполнат Олимписка норма, свесен дека тешко може да атакуваат на финалето. Веќе ја совладаа Русија на два пати, па претпоставувам дека ќе го осигураат второто место. Играат добра и груба одбрана, го имаат еден од подобрите тренери на клупата, па оставам простор дури и да се вмешаат во борбата за некој медал, иако тоа е малку веројатно.




Данска

Гудмундур Гудмунсон слично како и своите колеги од Црна Гора и Русија, се соочи со повреда на еден важен ракометар од својот состав. Имено, Рене Тофт Хансен играчот на Кил, се повреди до крајот на сезоната и го пропушта ова првенство. Данците сепак имаат широк избор на пикерската позиција, па и оваа повреда не би требало да претставува некој проблем на патот кон медалите.

Голмани: Никлас Ландин, Сорен Расмунсен, Јаник Крејберг, Кевин Мулер
Леви крила: Магнус Ландин, Каспер Мортенсен, Андерс Егерт
Десни крила: Патрик Висмах, Ласе Сван, Ханс Линдберг
Пикери: Александр Лингард, Џаспер Нодесбо, Хенрик Тофт Хансен
Леви бекови: Микел Хансен, Михаел Дамгаард, Хенрик Молгаард
Десни бекови: Каспер Сондергаард, Петер Балинг, Мадс Кристијансен, Николај Нилсен
Централни бекови: Мадс Менза Ларсен, Расмус Лауге Шмидт, Мортен Олсен, Бо Спелеберг, Ласе Андерсон

Перфектно одиграните квалификации во кои ги торпедираа Литванија и Белорусија и изнедаувачки на два пати се помачија со Босна и Херцеговина, докажуваат дека на Данците мора сериозно да се смета во борбата за титулата. Верувале или не Данците играат континуирано во финалето во сите финалиња од 1994 досега, промашувајќи го само финалето во 1998 година. Имаат скор од 3 добиени и дури 8 загубени финалиња. Паралено, во истиот временски интервал учествуваат и во 8 финалиња од светските шампионати, губејќи ги сите 8 дуели. Што значи дека Данска во периодот од 1994 досега има одиграно 19 финалиња на ЕП и СП, добивајќи само 3 од нив. Минатото ЕП беа буквално прегазени на свој терен од Франција, а овојпат ќе се обидат да стигнат до златото. Тимот има еден куп квалитетни страни. Играат добра 6-0 одбрана, имајќи го Ландин на голот. Линдберг и Сван на лево и Егерт и Мортнесен на десно крило се одлични егзекутори во контра напади, а имаат и одличен учинок во играта, често изнудувајќи еден куп пенали. Волот Нодезбо и Хенрик Тофт Хансен ќе го покријат отсутвото на Рене Тофт Хансен. Бековската позиција е одлично покриена со еден од најдобрите бекови во светот, Хасен, играчот на ПСЖ кој постигнува еден куп голови, а има и голем број на асистенции. За Хансен не треба да се трошат зборови, а во Данската ракометна јавност се повеќе се величи и Дамгаард во кого сите гледаат вистинска замена за Хансен. Веројатно тоа е играчот на кого треба да се обрне внимание на ова ЕП. Централната бековска позиција истотака е страшна. Не знам кој попрво ќе биде одбран. Застрашувачки звучи што на пример Ласе Андерсен може да отпадне, а сите знаеме за каков млад шутер се работи. Циганот Ларсен Менза истотака е во составот, надополнет со искусниот Спелеберг. На десно ќе стартува Мадс Кристијансен или Николај Нилсен, истотака одлично дуо, надополнето со Балинг. Според анализите на ЕХФ, единствена маана на овој состав може да бидат замените во транзицијата напад-одбрана, особено што Нодесбо мора да се менува во играта во одбрана. Процениле дека недостатокот на плејмејкер истоката може да биде проблем, особено кога Лауге Шмидт плејот на Фленсбург не е во составот. За мене, Данска е сигурен полуфиналист, особено што ги одбегнува групите на Франција или Хрватска на патот до полуфинале. Би требало да се прошетаат во нивната група, а може да имаат проблеми при вкрстувањето со екипите од силната група Ц.


Имињата на играчите ги преведов јас, така да не исклучувам да има еден куп грешки :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
А зошто Расмус Лауге Шмит не е во екипава за европско? Според мене моментално им е најдобар сред бек на Данциве. Во одлична форма играше цела полусезона за Флензбург.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Не знам зошто, ама се ми вика дека ќе има изненадување и Маџарска ќе биде репрезентацијата која ќе отпадне од оваа група. Не се нешто посебно квалитетни за да бидат втори фаворити!
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Не знам зошто, ама се ми вика дека ќе има изненадување и Маџарска ќе биде репрезентацијата која ќе отпадне од оваа група. Не се нешто посебно квалитетни за да бидат втори фаворити!
Како бе не се поквалитетни? Наѓ сам ќе ги тепа Црна Гора и Русија. Да не збориме Миклер кога ќе експлодира со 20 одбрани.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Како бе не се поквалитетни? Наѓ сам ќе ги тепа Црна Гора и Русија. Да не збориме Миклер кога ќе експлодира со 20 одбрани.
Мое мислење е тоа, остај што Наѓ игра, не е доволно. Може и грешам, ама со такво мнение сум пред почетокот на првенството :)
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
Црна гора да не помине групи 1,35
на ова животот се става
Данска има да ги сомеле без проблеми.Унгарциве коклу и да имаат проблеми ќе ги победат лесно Црногорците.Русија нз во каква форма ќе биде ама ми нема никаква логика да изгуби затоа што имаат поквалитетни играчи.Згора на се , и црногорциве имаат доста проблеми , кај отепани сеа уште повеќе
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Ландин коа ќе ти се отвори пред тебе ни гол гледаш , ни агол имаш упмм. Каков голман!
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Добар резултат на полувреме е ова за Русија со оглед на тоа што гадов Ландин е на преку 40% одбранети удари. Ај ваљда ќе падне у второ па може ќе се докопа до бодови Русија.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.200
Поени од реакции
35.749
Нема да издржи Русија до крај. Некаде 40-45та минута ќе тргне возот надолу...
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Epten sakam da tepaat Rusive dobro izigraa prvo poluvreme.Dancive da go nemaat Landin do sea 5 razlika kje bese,kakvi odbrabi imase pederceto.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Чипурин ја оплеска начисто,два напади по ред Ландин му скина зицер.На три разлика ќе одеа ако погодеше Чипурин првиот пат и тоа со играч повеќе беа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom