ЕП 2016 - Група Б (Хрватска, Исланд, Белорусија, Норвешка)

Која репрезентација НЕМА да ја помине групата?


  • Вкупно гласачи
    25
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695


Втората група на ракометниот еврособир во Полска е мешавина на СЕХА и Скандинавски држави. На автоматски делегираната Хрватска во оваа група по вина на ждрепката и се придружија и Исланд, Норвешка и Белорусија. Ждрепка поволна за коцкестите, кои се оправдано фаворити во оваа група во која можат да калкулираат на првите натпревари и да ја темпираат формата.

Град и сала:



Оваа група ќе се игра во тазе реновираната специјално за ова првенство сала Spodek во Катовице. Нејзината нова фасада изгледа фасцинантно навечер и ја прави една од поубавите сали во Европа. Има капацитет од 11,500 гледачи.

Катовице е град во јужниот дел на Полска, факт поради кој токму Хрватска беше автоматски поставена во оваа група со цел да се привлечат повеќе нивни фанови. Градот е познат како бизнис центар но и како град на науката и културата. Најпознат ракометен тим е женскиот тим на АЗС Катовице, додека најпознат спортски колектив е фудбалскиот клуб ГКС Катовице.

Репрезентации:

Хрватска:



По трите врзани бронзени одличја (ЕП 2012, ЛОИ2012 и СП2013), Хрватска сврза и две првенства без медал, откако на ЕП2014 го освои четврото место а лани во Катар на мундијалот отпадна во четвртфиналето.

Тоа беше она што ја прели чашата во федерацијата за конечно да го отпуштат Славко Голужа, чие столче на клупата на Хрватска никогаш не беше ни добро зацврстено. И покрај очекувањето нов „изборник“ да биде некое големо тренерско име, ракометниот сојуз на Хрватска се реши доверба да му даде на Жељко Бабиќ како главен тренер и на Ивано Балиќ како асистент. Со ракометен речник, Хрватите ќе се обидат да бидат Шведска и да си створат свој Лингрен-Олсон тандем.

Новиот стручен штаб си донесе и своја филозофија, па како и што беше очекувано се решија да „пресечат“ со ветераните и да донесат речиси комплетна смена на генерации. По долго време Хрватска ќе биде без легендарниот Игор Вори, а првично и Иван Чупиќ беше игнориран од Бабиќ за потоа сепак да биде вратен во тимот. Од друга страна се соочуваат и со повреди на токму оние кои требаше ударно да ја заменат старата гарда, за тоа подолу.

Тим:

Мирко Алиловиќ е човекот кој во последните години е во фокусот кога е во прашање „vratarot“ на коцкестите. По минатосезонската лоша форма, се чини дека оваа сезона се стабилизира и ќе биде на ниво на задачата. Негова замена е уште едно добро решение, Филип Ивиќ, првиот голман на РК Загреб со веќе значајно искуство зад себе и во ЛШ и во репрезентацијата.

Ударното дуо на крилата останува непроменето. Тука се Иван Чупиќ на десната и Мануел Штрлек на левата страна. Како и веќе долго време алтернатива на Чупиќ е Златко Хорват, додека ново име на списокот на местото на Ловро Шпрем е членот на Загреб, Антонио Ковачевиќ кој е без големо интернационално искуство досега.

Најголеми претумбации има во бековската линија, каде што од старата гарда се останати само Домагој Дувњак и Марко Копљар. Од искусните играчи тука е и Игор Карачиќ како замена за среден бек, но тој сеуште е без оставена „тежина“ во своите настапи за репрезентацијата ако го знаеме фактот дека дури пред 2 години дебитираше за националниот дрес. Товарот на левата бековска позиција овојпат ќе треба да го изнесе младиот Иван Слишковиќ, кому му се склопија коцките да добие голема минутажа и шанса за комплетно докажување. Малерозното дуо на Загреб кое требаше на ова првенство да добие клучна шанса, Мандалиниќ-Степанчиќ, повторно е повредено. Така нивни замени се уште помладите таленти (на Загреб нормално) Домагој Павловиќ и Лука Шебетиќ. Јаков Гојун ќе биде стандардниот касап во одбраната на Хрватска.

На линијата од шест метри како што споменав сега ќе го нема Вори, но големи очекувања ќе има од дуото Илија Брозовиќ и Кресимир Козина, двајца млади пикери кои играат во добра форма.

На листата на резерви кои ќе чекаат шанса доколку некој се повреди, Бабиќ има уште три квалитетни бековски имиња во Циндриќ, Вуглач и Мамиќ.

Тренер:

Погоре е веќе споменато, Жељко Бабиќ беше изненадната замена за Голужа. Сепак тој не е „индијанец“ кога е во прашање репрезентацијата затоа што долго време му беше прв асистент токму на Голужа. До крајот на минатата сезона го предводеше и тимот на Брест Мешков.

Исланд:



Пираните од островото во северните мориња, со нивниот џиновски раст секогаш биле една од репрезентациите кои се редовен шмек на големите ракометни натпреварувања. Сепак без значителни закитувања, единствениот нивни медал е бронза на ЕП во 2010 во Австрија. Овојпат доаѓаат со недефинирани очекувања и тим составен од ветерани и играчи кои се во налет.

Тим:

За местото под стативите во дресот на Исланд ќе се борат Густавсон и Едварсон, додека ветеранот Гудмунсон ќе биде нивна последна алтернатива.

Ѕвездата на тимот, легендарниот Гилуф Валур Сигурдсон е сеуште незаменлив на левата крилна позиција, додека негова замена ќе биде еден од Сигудмарсон и Еллсон, двајцата актуелни бундеслигаши. На десната страна Гунарсон пред Алфу Олмарсон.

Мозок на тимот повторно ќе Алон Пармансон едно од најпознатите имиња во светот на ракометот. Друштво во бековската линија ќе му прават веќе ветераните Асласон, Гудјонсон, Петерсон и Халгримсон, а тука се и помладите Гудмунсон и Каарсон. На пикер Исланд има уште тројца супер-ветерани во имињата на Гунарсон, Сванјарсон и Кришјансон.

Тренер:
Арон Кристијансон
е веќе трета година на клупата на Исланѓаните. Во тој период нема освоено значајно одличје. Беше и тренер на КИФ Колдинг Копенхаген до пред самиот крај на минатата година.

Белорусија:


Со браќата од Белорусија имаме многу сличности. И тие како нас дојдоа од третиот шешир на ждрепката, и тие имаат скупштина на една супер ѕвезда и просечни играчи, а и исто режимско политичко уредување. Океј ова последново е за друга тема.

Тим:

Прилично некои нови дечки ќе добијат шанса од Шветсов, па така ќе биде и на голот на Белорусија на ова ЕП. Иван Маткевич ќе треба да биде главниот стопер на противничките удари. Негова замена е дебитантот Салдатсенка.

Крилниот двоец на Белорусите ќе го сочинуваат искусните Борука и Барнау, членови на двата белоруски најпознати колектива, Брешков Место односно СКА Минск. Кога е во прашање пикерот, Максим Бабичев е главното име, заедно со Александар Тситу.

Серхеи Рутенка е веќе долго време најпознатото ракометно име од Белорусија. Сепак сега доаѓа во најслаба форма досега и без клуб, па прашање е колку ќе може да помогне на своите сонародници. Ако се бара лидер, а тоа не е Рутенка, тоа на ова ЕП дефинитвно треба да биде Борис Пукховски кој игра одлично во дресот на Мотор Запорожје и е еден од најдобрите стрелци во ЛШ. Тука стандардно се и Дмитри Никуленкау и Серхеи Шиловиќ, дуото од Мешков Брест.

Тренер:
Јури Чветсов
е познато име во ракометниот свет, особено со неговите перформанси како играч. На клупата на Белорусија е дури од 2009 година. Од 2012 навака, ова веќе е пет сврзан голем ракометен настан на кој ја носи својата репрезентација.

Норвешка:



Тоа што е Норвешка во женска конкуренција, во машка е обратно. Норвешка, заедно со полуаматерите Финска е најслабиот скандинавски преставник во машкиот ракомет. Иако ова им е веќе шесто сврзано европско првенство.

Тим:

Овие двајца во црни трењерки што ги гледате погоре на сликата се Еревик и Кристијансен, голманите на Норвешка.

Левата крилна позиција треба да ја делат Јондал и Линбо. На десната се Бјонсен и Локбо. На линијата од шест метри е најискусниот и најпознатиот, пикерот Бјарте Мирхол.

Ударно бековско име во тимот на Норвежаните е дефинитивно Мамелунд од Кил на левата бековска позиција, а негова замена е искусниот Хансен. Многу помладо е десното бековско дуо сочинето од Тонсен и Рајкајнд, членови на силните бундес екипи Фуксе и РНЛ. На центарот од триото големи се очекувањата од младиот Сандер Сагосен, еден од оние кои се именуваат како моментално најталентирани ракометари во светот.

Тренер:
Кристијан Бер
г е еден од попознатите екс Норвешки ракметари. Го превзема тимот по ЕП2014 и ова ќе биде неговиот прв голем собир. Претходно шест години беше тренер на Елверум.

Распоред:

http://pol2016.ehf-euro.com/schedule-results/final-tournament/preliminary-round/group-b-katowice/

Списокот на комплетите состави ви е тука.

Тоа е тоа, останува да уживаме во добар ракомет и во гласот на Зоки Видевски кој ќе се мачи да ги погодува презимињата на Исланѓаните, ќе ги акцентира тие на Белорусите и ќе евоцира спомени за ракометните изданија на Хрватите.
 
Последно уредено:
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Бабиќ не го зел во состав Филип Ивиќ, освен ако не е некоја повреда ова е бааѓи голем минус на селекторот, ќе го линчуваат хрватите.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Од кај излезе овој голманов на Белорусија.Човекот полуде. Пет 100% шанси им скина.

Резервниот голман на Хрватска за една минута две одбрани,Алиловиќ во скоро 20 минути само една.

Тренеров Бабиќ е тежок цреп,ништо не прават со него.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.689
Поени од реакции
2.267
Од кај излезе овој голманов на Белорусија.Човекот полуде. Пет 100% шанси им скина.

Резервниот голман на Хрватска за една минута две одбрани,Алиловиќ во скоро 20 минути само една.

Тренеров Бабиќ е тежок цреп,ништо не прават со него.
Ги искина голманот. 5 зицери им скина на хрвативе. Ако продолжат вака црно им се пишува.

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.689
Поени од реакции
2.267

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Има на лаола стрим.

Браво за голманот,да бранеше Алиловиќ 20 досега како ништо ќе примеа.Бабиќ чекаше 20 минути за да го смени,а пола од нив безвезе ги прими.:jajce:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Очај хрвативе, јес да скина голманов на Белорусија 5-6 зицери. Има доста млади играчи во составот, треба кастрење доста на овие.

Ништо поголемо не очекувам од нив на ова ЕП, во втората група ќе испаднат.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Кај се то дешава са овим Хрватима?! Сега ми излезе на фб нерешено првото полувреме со поларните Руси. :icon_mrgr:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Белорусија се исто ко нас, Рутенка е сеоски Лазаров. Хрватот премногу ги ротира играчите, никој не може да фати ритам вака. И Копљар треба да игра одбрана на Рутенка, ги истури.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
И Копљар треба да игра одбрана на Рутенка, ги истури.
Баш Копљар го чуваше на почетокот кога постигна 3 гола и еден пенал направи врз него. Не е до Рутенка, колку што се неконсолидирани Хрвативе, премногу технички грешки и Дувњак како од спиење да е разбуден после пијанство.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Kretenot go cuva Gojun celo prvo na klupa,ejjjj kretencina covece.
So Gojun vo igra se gleda koja e odbranata.
Vaka ako igraat so Island i Norveska neka ne odat vo vtora grupa podobro,Francuzite DOUBLE PENETRATION KE IM NAPRAVAT,a bogami i Poljacite,pa i nie:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom