Д фестивал - Дојран; 17 - 19.07.2015 (Ману Чао еден од изведувачите)

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Ако продолжат со оваа нагорна линија, Д Фестивал не само што ќе е убедливо број 1 фестивал во Македонија, туку ќе биде еден од попознатите фестивали на Балканот.
Секоја чест на Дојранчани.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Секоја чест, прв пат одам на Д Фестивал. Организацијата беше речиси супер, програмата одлична а бината, осветлувањето и озвучувањето совршено.

Најубавиот момент од вечерта или утрото :)

 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Да точно дека пишав дека не ми прават кејф изведувачите, али бидејќи секогаш сум реален да бидам и сега :D после двете фантаснични вечери стварно немам што да кажам, беше прекрасно, али ипак главните артисти ја направиа атмосверата.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
ovaa godina bese vrvot na d fest
vecerva se ocekuva udarot,prosirena e glavnata scena i ke bide so dva vleza
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Вчера беше многу лошо на влезот, тесно грло. Изгледа беа изненадени од посетата, исто така и само еден пулт за продажба на карти не е доволно.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Вчера беше многу лошо на влезот, тесно грло. Изгледа беа изненадени од посетата, исто така и само еден пулт за продажба на карти не е доволно.
zatoa vecerva se popravija
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Секоја чест, прв пат одам на Д Фестивал. Организацијата беше речиси супер, програмата одлична а бината, осветлувањето и озвучувањето совршено.

Најубавиот момент од вечерта или утрото :)


:jeeee:
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
не беше се така розево во кампот за шатори каде на пример на толкав народ имаше само петнаесетина места за полнење мобилен. ама барем главниот настан беше солиден.

Ману Чао

Бед Копи

Електрични Оргазам

Поинт Бленк
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Цените на алкохолите и цигарите беше најака :icon_lol:
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Осветлувањето и озвучувањето беа одлични. Настапите на изведувачите изванредни.
Е сеа, тука ми заврши розевата слика.
Ко прво, кога се организира фестивал од кој сакаш да направиш традиција се одвојуваат малку повеќе пари и се цели кон помал профит за долгорочно да ти се исплати повеќе.
Со купени карти, во петокот ни беше соопштено во тоа приколката дека немало веќе место во кампот. Искрено, не ми направи никаква разлика мене бидејќи во смештај бев планирал и онака, ама на куп луѓе зад мене им значеше тотално усерување на денот. Па дел од тие вртеа броеви, бараа алтернативи.
Фино тоа.
Се наполни Дојран и немаше место за паркирање на камперите. Паркираа буквално сегде, у тараби чак.
Вода во чешми скоро и да немаше во градот поради недостаток на притисок.
Светла од кампот/Стар Дојран до бината немаше никаде. Се идеше во ќори темници, а покрај патот имаше една дупка која импровизирано беше затворена со дрвена палета во која втората вечер падна едно девојче пред мене и се одра цела.
Нема место каде што би можело да се пројде од патеката за пешаци до фестивалот без да ризикуваш да те згази кола. Имаше полицајци кој контролираа колку-толку сообраќај ама беше ептен решено од ракав тоа.

Најголемата замерка ја имам кон цените за пијалоци.
50 денари вода од 0.5 , па може да се каже дека беше очекувано.
Она шо беше гомнарско беше 80 денари за 0.4 пиво. Е сеа, не завршува проблемот со цената тука. Проблемот е што со бонови се купува, и може да ти дадат бонови за 50 и за 100 денари, немаше 10ки.
Шише Скопско, од 1.5 литри, чинеше 320/380 денари .
И пази сеа.
Боновите кои ќе ти останат, не се важечки следниот ден.
Slowclap.
Гомнари.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Реално скапо беше по штандовите а и лошо беа организирани со премалку персонал.

Барем на водата можеше да се оди со помалку кар сепак никој не оди на журка да пие вода.

Не ми е јасен есапот зошто купувавте големо Скопско кога за исти пари ќе купиш 3 лименки од 0,5 Хајнекен кои барем беа ладни.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Фестивалот имаше добри и лоши страни, ама лошите изгледа преовладуваа.

Поставувањето на 6 слотови за пунење телефони, и 3 hub-ови со по 3-4 конектори не беа доволни за толкав број на луѓе. Ова најверојатно беше оставено на дечките од One, ама стварно идиотско.

Тушевите беа мизерни. Имаа поставено 8 тушеви од кои 3-4 работеа. Од тие 4, 2 имаа солиден млаз, а од 2 капеа капки, и имаше огромни редици пред тушевите. Имаа ставено бедни палети, кои дури и не беа изнивелирани, требаше да пазиш да не се утепаш бидејки беа под агол. Околу тушевите имаше полно кал, барем да ставеа песок, за да може да се пристапи како што треба до тушевите. И да, тоа беше обичен млаз како од чешма, немаше онакви адаптери што го пуштаат млазот низ дупчиња.

Околу храната и пијалоците. Нели, ако некој ти забранува да внесуваш храна во кампот, те тера да купиш храна од кај него, за тој да направи пари. Епа не, тука не беше така. Имаше некој знак "food corner" во кампот, ама храна јас не видов (некој ми кажа дека имало само некој беден хот-дог). Дали ова беше поради некаков договор со некој, за да се форсираат луѓето да јадат надвор, и да трошат пари во Дојран, во замена за нешто, не знам, можам само да нагаѓам. 150 денари за 1.5л вода? На која дрога сте? Сериозно, на која? Прочитав дека имало тип што забранувал да се пие вода од чешма. Сериозно? Уште не ми се верува дека го прочитав тоа. Цената на пивото во кампот беше океј, 50 денари 0.4 Скопско, и беше ладно. На главниот stage беше 80 денари. Можеа на пример, да ја остават цената секаде иста, и луѓето ќе пиеја пиво внатре, место да пијат некаде, па да влагаат.

Озвучувањето беше одлично. Сите артисти што ги слушнав звучеа одлично, можеше да се направи јасна дистинкција помеѓу сите инструменти, наместо да слушам бучава наместо музика. Браво за ова.

Би платил, а и сигурен сум дека има солидна бројка на луѓе кои би платиле 2.000 денари за карта, ама барем нека има worldwide артисти, и нека биде организирано ко што треба. Overall 4/10.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.168
Поени од реакции
3.136
Стварно катастрофа околу организацијата..
Од Центарот па се до паркингот Гранит беше ќора темница..спомна и еден член погоре дека имаше шахта со некоја си палета покриена го приметив и јас тоа..
Срамота беше тоа со пијалоците..
Плачам 100 ден точено пиво за да го пием вручо мочка? Пишале 80 денара пиво а со купоните мамата ни ја ебаа..сите сме дојдени со пари тука али не ме прај будала бе..
Грев е вода бе 50 ден. да плачаш за една чашка.. Дајте флаширана секако ќе ќаревте.. Па за овие 3 дена што напраевте паре цела година лани сте работеле за овие пари.. Јадемо бурек за Охрид али брзо ќе ги стигнете.. Мило мие што се испразни утредента одма, така ви се даде до знаење дека нетреба да се опуштите..
Цените сте ги дигнале за нијанса мислим..
Капак беше руле турс утредента кој сакаја да ја превезат цела младина со 4-5 автобуси у цел ден.. Е тоа беше циркус..
Нека продолжи само напред Дојран но без овие грешки, иначе се беше ок..
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Безвезе од аспект на организација, звукот на моменти кој крчеше што е нон сенс за фестивал од такви размери, цените на пијачките (едни во камп други на фест), забраната да се внесе било што во камп, па моравме да ги подмитуваме дечките кои обезбедуваа, алфите на влез кои тресеа небаре идеш на миса во црква кај папата а не на фестивал, пуњачницата за мобилни со еден продужен кабел, вцињата во кампот кои се наплаќаа па морав да ја лажам смигол на врата со сокче или нешто ситно пошто од принцип не давав пари, капацитетот за 5000 луѓе каде дојдоа 50 000, услугата не ја замеравам по кафаните пошто луѓето беа неспремни за толкава бројка, ама битно се трудеа што е за почит, водата во езерото пуна со блендирани брокули (пошто првпат одам и ми беше чудно ама не и негативно) и ред други работи кои ги заборавив по пат.
Најбитната работа беше што се најдов во маса на позитивни луѓе кај кои преовладуваше тој рејверски и журкаџиски дух, пошто 20 и кусур години сме држава а некои стигнаа и до најдобар фестивал во европа, нешто што ние ќе го оствариме ако продолжиме вака, никад. Цените секоја чест, пивце 60-70 алал да ви е дојранчани :) А пасворд може да прошетаат надвор и да видат како се организира фестивал, зошто после толку години одење по фестивали и арчење пари мислев дека конечно ќе се скрасам дома, ама останува да се кидне надвор и ова лето да се осети тој моменат.
Позз девојки и момци и останете со таа енергија, ми се свиѓа. Штета што организаторот не ја испоштува соодветно.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Стварно катастрофа околу организацијата..
Од Центарот па се до паркингот Гранит беше ќора темница..спомна и еден член погоре дека имаше шахта со некоја си палета покриена го приметив и јас тоа..
Срамота беше тоа со пијалоците..
Плачам 100 ден точено пиво за да го пием вручо мочка? Пишале 80 денара пиво а со купоните мамата ни ја ебаа..сите сме дојдени со пари тука али не ме прај будала бе..
Грев е вода бе 50 ден. да плачаш за една чашка.. Дајте флаширана секако ќе ќаревте.. Па за овие 3 дена што напраевте паре цела година лани сте работеле за овие пари.. Јадемо бурек за Охрид али брзо ќе ги стигнете.. Мило мие што се испразни утредента одма, така ви се даде до знаење дека нетреба да се опуштите..
Цените сте ги дигнале за нијанса мислим..
Капак беше руле турс утредента кој сакаја да ја превезат цела младина со 4-5 автобуси у цел ден.. Е тоа беше циркус..
Нека продолжи само напред Дојран но без овие грешки, иначе се беше ок..
Дојранчани беа доста фини и гостопримливи, и цените беа супер. Забелешките што ги наброја треба да се насочат кон Password Production, а не кон Дојран. Руле Турс се дебили од невидени размери. Уште не ми е јасно што е толку тешко да се напраи чекирање за еден ден. Си имаш реална слика за бројот на луѓе што ќе се враќаат, праќаш автобуси колку што треба, и решен проблем. Се јавуваш во САС, ти кажуваат едно, прашуваш шофер на паркинг - ти кажува нешто друго, друг шофер нешто трето, итн. Стварно не ми е јасно, зошто некој би имал нервози со накурчени луѓе (оправдано накурчени), наместо да работи со мозок, кога и така трошоците ќе му бидат исти на крајот на денот (нема да направи поголема добивка)? Идиотизмот нема граници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom