Д Фестивал 2017

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Бев пред две години и по моето скромно искуство со фестивали ширум светов, од португалија па се до индија можам да кажам дека повеќе и не може да се очекува. Се надевам ќе иде на боље.
 
Член од
15 август 2011
Мислења
125
Поени од реакции
40
продавам две автобуски карти (повратни ск-дојран-ск) за во петок од 14.00 цена 1200
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
Некој да не продава 1 карта фестивалска со камп место?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Синоќа е најубав пример зашто не се иде со шатори, пола денес болни по Дојран.

Многу негативно сум изненаден годинава од Дојран. 55 денари Добра Вода, и кога и побарав на госпоѓата фискална, ми даде фискална со 650 денари искуцани, пошто купивме повеќе производи.

Кога и побарав сметка со секој производ посебно откуцан, вика, не ни работи скенерот. Не сакав да се направам идиот и да и побарам секој производ посебно да го куца, пошто може со бар кодот рачно да ги внесе, па да и викнам инспекција со двете сметки, јер многу луѓе чекаа ред.

3 метри подолу, истат вода си е по до некаде нормална цена, 30 денари. Како овие луѓе не можат да разберат дека само штета ке си направат in a long run...

Хамбургер 100 денари... ќофте. Го чекаш 45 минути...

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.080
Поени од реакции
21.969

За помфрит се доплаќа на тие 100 ден ?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Не, ама ќофте никогаш не би требало да биде суво и полуиспечено.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Многу негативно сум изненаден годинава од Дојран. 55 денари Добра Вода, и кога и побарав на госпоѓата фискална, ми даде фискална со 650 денари искуцани, пошто купивме повеќе производи.
Вчера и денеска купував од повеке продавници, а и бев во 3-4 кафани, секаде услугата беше на ниво, цените беа исти како и секаде и добивав фискални. Персоналот беше повеке од потребно услужлив.

Или тебе така ти се погодило или мене. :)

Можам да кажам само пофални зборови за организацијата, а тоа со дождот... заеба малку, али беше планирано. Си носев кишен мантил, водоотпорна јакна и 300 резервни маици и чорапи :) . Цела недела кажуваа дека овој викенд ке биде променлив. Така да требаше да знаете дека можно е да врне.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
cela godina gi cekaat ovie 2 3 dena dojrancani i normalno e da go naostrat satarot malku i da derat :D
 
Член од
16 март 2009
Мислења
187
Поени од реакции
76
Исто така задоволен од Дојран и дојранчани. Нормално е дека секогаш ќе има како овој со бургерот што мисли дека не е така на други места за време на поголеми настани. Кампот беше одличен и добро организиран, цените беа апсолутно прифатливи (пиво 70, кока кола 50 итн), музиката не беше по мој вкус, но тоа е субјективно. Имав минимални негативни искуства по рестораните но еве денес веќе се смејам на тоа. Сум дошол убаво да си поминам и си поминав. Дождот е најголемиот виновник за расположението на сите, но тоа е вон-наша контрола. Им посакувам се најдобро на Д-фест и да останат силни, јас дефинитивно ќе се вратам.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Прв, а како што ми изгледа и последен Дфест. Дождот е крив да, ама и многу работи што очекував да бидат средени а не беа.

Прво Дојран како град/село- слепо црево, нема друг збор. Кога најмногу треба да е средено местото изгледаше никакво. Дали искршените знаци со тоа ДОЈ-РАН, дали ѓубрето на секој чекор надвор од (па и внатре на фестивалот), се собраа многу работи и безвеза излезе се.

Конкретно од маркетиве ќе кажам за СП53, тој кај хотелите. Внатре имаше едвај 10 производа и тоа раштракани без ред. Две каси од кои само на едната можеше со картички и за беља таа касиерка ја мрзеше да живее. Ова веќе е надвор од контролата на организаторите секако, ама дојранчани се идиоти со еден збор.

Единствено задоволен сум од услугата во еден од рестораните- Вавилон. Брзо ја донесоа храната, вкусно, средено, тип топ се си беше.

Ретроспективно, да не беше дождот можеби сите овие проблеми ќе беа занемарливи, имајќи на ум дека организаторите како организатори можеа на време да средат да се донесат кабаници по пристапни цени.

Overall, 4/10. На кратко Дојран е Охрид без диска/знаменитости/нешто друго да понудат освен дфест. Нека им седи на Грците да се коцкаат и да одат на забар.

ПС. Едно вакво во градски парк или на кале горе и топ сме сите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom