И тоа проблем мислам дури е настанато откога имало реакции пошто со купачи иделе нагоре женски, а не пошто имало журка некаква во црква. Јас дури сега дознавам дека и други години имало, дека не сум одел на фестивалот, ама според мене не треба да се дозволи никаков концерт или журка во црква, независно каква е музиката. Црквата служи за луѓе да си го најдат мирот внатре, мене ми смета секакво крекање кога сум внатре или зборење на телефон, а не па журка организирање каде што луѓето се драпаат, дрогираат, им се истура пиво на подот итн. Не го кажувам ова како некој религиозен човек, одам во црква 1-2 пати годишно, но сепак мислам дека има милион локации каде што може да се организира журка/концерт и дека верските објекти не треба да се дел од тие локации.