Духовник

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765




Што е тоа духовник и кој може да биде духовен отец?



Многумина од оние кои сакаат активно да живеат во Православната црква се прашуваат како да најдат свој духовник и што претставува тоа. Денес, во овој прилог, ќе зборуваме токму за ова прашање.
Слободно можеме да кажеме дека христијанската вера во својата основа е преданиска. Што значи, таа се пренесува од колено на колено, од татко на син, од духовен отец на духовно чедо. За секој човек што сака да напредува во побожноста и во духовниот живот, ќе треба за некои нејасни прашања, кои честопати го среќаваат на неговиот духовен пат, да се консултира со некој поискусен човек, кој веќе ги познава сите искушенија и неволји кои се среќаваат во развојот и духовниот подвиг. Таков човек е духовникот, кој, како што се вели во Светото Писмо, во мака ги раѓа своите духовни чеда, тој ги негува и воспитува, ги води и раководи, сè додека во нив не го вообличи ликот на Исуса Христа.
Во православната духовна литература зборот „духовник“ честопати се среќава под разни синоними како што се: Геронда, старец, авва итн. Сите тие изрази ја искажуваат суштината на зборот „духовник“. Духовник е личност што духовно е многу силна, што е втемелена врз Господа Исуса Христа, врз светите отци и врз православната духовна традиција. Неговата личност е способна другите луѓе, другите личности духовно да ги преродува, па токму заради тоа тој е „духовен отец“, а сите оние кои тој ги раководи на патот кон спасението се негови духовни деца. Значи, духовникот, не само што ги раѓа своите духовни деца, туку непрестајно ги раководи на патот на духовниот живот и растење.
Духовникот е како светило на врв планина, тој и да сака не може да се сокрие, тој не ги бира своите духовни деца, туку него го наоѓаат сите оние кои сакаат напредок во духовниот живот и кои тежнеат да ја постигнат и остварат целта на своето постоење. Според тоа духовникот никому не му се наметнува, тој е отворен за сите кои сакаат да му пристапат и да ја задоволат својата духовна жед.
Духовникот, пред сè, е човек на молитвата и е полн со расудување. Затоа тој никогаш не настојува насилно да продре во нашата душа. Тој стрпливо чека душата на неговото духовно чедо да му се отвори со целосна искреност и со доверба, бидејќи само така тој може да дејствува и да помогне.
Тајната на спасението е надумна тајна. Затоа ако сакаме да најдеме свој духовник на кого целосно и искрено ќе му се предадеме, ќе треба да ја засилиме својата молитва и Бог нема да нè остави без Својата утеха. Бог, како единствен Кој ни го познава срцето ќе нè упати кај оној духовник кој одговара на нашите духовни потреби и на склоностите на нашите души.
Помеѓу духовникот и духовното чедо се формира заедница базирана врз меѓусебна љубов, послушание и слобода. Тие заедно на еден чудесен начин растат и напредуваат во духовноста. Духовникот не е тутор или диктатор во нашиот живот, тој многу повеќе е наш постар и поискусен брат, кој целосно и безрезервно ни ги открива духовните тајни и доблести. Стекнувајќи ги овие доблести, ние сигурно го трасираме патот кон Царството Божјо и кон вечноста.


 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Духовник кога ке се научат да помогнат на оние што им е потребна помош а не да се возат Мерцедеси и да се поседуваат по пет стана и ослободени од данок.
Духовник кога еднаш ке искочат и ке кажат дониравме пари и средства или некој крстивме или венчавме без пари
Духовник кога ке одат по села да не се враќаат со пуни кеси и мантијата пуна со пари
Духовник кога ке одговараат еднакво пред закон
Духовник кога некоја си тарифа за некоја нивна Божја служба ке ја укинат
Духовик кој ке научи што значи да си Духовник и за што служи
Духовник кој сето она донирано ке знае да го подели а не да се граба за уште повеќе
Духовник кој ке биде со народот а не заедно со власта
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Духовникот мислам дека не се бара кај поповите во црквите во селото или градот кои стигнале до таму со учење средно и факултет за тоа.
Духовник се бара во манастирите, кај луѓе кои се монаси, кои се откажале од земскиот живот - за да тебе те учат за животот на Земјата во однос на божественото!

Исто како што православната црква не бара поглавар од попвите ами од монасите! ;)

П.С. Не е убаво Телемит да ве учи за православието во православна Македонија! Најголемата религија во државата!
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Духовникот мислам дека не се бара кај поповите во црквите во селото или градот кои стигнале до таму со учење средно и факултет за тоа.
Духовник се бара во манастирите, кај луѓе кои се монаси, кои се откажале од земскиот живот - за да тебе те учат за животот на Земјата во однос на божественото!

Исто како што православната црква не бара поглавар од попвите ами од монасите! ;)

П.С. Не е убаво Телемит да ве учи за православието во православна Македонија! Најголемата религија во државата!
па што се ондак Попови и Ѓакони и остала лоповска багра која им е улогата за што служат.Сите кои се определиле за служба на Бог се еден вид Духовници.Тие филмови за монаси што живеат сами исконски живот батали тоа само у Амерички филмови
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
па што се ондак Попови и Ѓакони и остала лоповска багра која им е улогата за што служат.Сите кои се определиле за служба на Бог се еден вид Духовници.Тие филмови за монаси што живеат сами исконски живот батали тоа само у Амерички филмови
Јас ти зборувам како е од луѓе што имале или имаат духовен отец кај кој дури и си ги исповедаат гревовите... не може духовник да бараш кај свештениците по црквите, духовник се бара во манастири.
Ако грешам, може да ме поправи некој православен христијанин и да укаже реално дали може и што е подобро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom