Духови, сеништа (сенки)...

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
Ja razvlecivte rabotava... Imate drugi temi za toj muabet...
Ти ветувам дека ако признае PoetskaPravda дека целта му е да победи во тоа што поставува прашања на начин на кој јас ке се вплеткам и ке ме истрола па ке се фали дека сум заладен тип со испран мозок... Ке му признаам "победа" и нема повеке да враќам на провокации негови. :)
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.510

Не да си заладен... мозокот сув мраз ти е напраен. Со радикален верник побрзо ќе се разберев. Не ми е целта да се натпреварувам со никој, туку смешно ми е како упорно одбиваш да признаеш дека грешиш, при докази и факти, и тоа за банални работи. Не сакаш да прифатиш ништо поразлично од твоите сфаќања, се плашиш да не почне полека да се руши светот во кој живееш, полн со илузии.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.597
Не заебавај сеа и ти, иди едуцирај се малце со Na Rubu Znanosti, не тропај глупости.
Besides... #include <dusha.h>, не знам што не ви е јасно како иде вметнувањево. :D
А ти и уште неколку души...
Код:
#include <stdio.h>
int main(){
  printf("Trolling...\n");
  return main();
}
 
Член од
12 ноември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Прво да ви кажам дека сум нова овде о се регистрирав само за ова,за помош.епа вака
Незнам од каде да почнам.Имам 14 години и живеам во усје.Пред една година односно лани враќајки се од пругите од лисиче ни искочи жена во бело.Знам изгледа невистинито но знаеме ние што навистина видовме.тоа што и да беше,незнам како да го опишам,викаше Мартина дојди,два пати рече.Мартина праша кој е но не се огласи.Полнавме да паничиме и да плачеме.Магла имаше насекаде трчавме ко луди.Само што излеговме на главната помина воз и силно свиреше.За неколку дена мартина доби чир на ногата,наредниот месец стана дијабетичар на четрнаесет години,но не надледно бидејки никој не е шекераш,а последно сега беше оперирана на двете очи од катеракта.беше стварно тешка година за сите нас.
Сега на 11 ноември пак отидовме на пругата.Само ние знаевме како ни се сечеа нозете.Мислевме дека нема да има ништо.Но овој пат имаше црна сенка,пак трчавме а сенката беше позади нас.Моѓе нелој да ми помогне?
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791

Kako ne be...ke zemete geverk ,joint i ke go viknete crnorizec hrabar so vas ! Otkako ke naprajte crepoj ke go prasate Crnorizec na koi frekfrenci on toa vibrira! Posle takva duhovna reikranacija nit senka nit butur ima da se pojavi veke!
PS: Gevrekot ke go jadite posle vibraciite...!
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.510
Прво да ви кажам дека сум нова овде о се регистрирав само за ова,за помош.епа вака
Незнам од каде да почнам.Имам 14 години и живеам во усје.Пред една година односно лани враќајки се од пругите од лисиче ни искочи жена во бело.Знам изгледа невистинито но знаеме ние што навистина видовме.тоа што и да беше,незнам како да го опишам,викаше Мартина дојди,два пати рече.Мартина праша кој е но не се огласи.Полнавме да паничиме и да плачеме.Магла имаше насекаде трчавме ко луди.Само што излеговме на главната помина воз и силно свиреше.За неколку дена мартина доби чир на ногата,наредниот месец стана дијабетичар на четрнаесет години,но не надледно бидејки никој не е шекераш,а последно сега беше оперирана на двете очи од катеракта.беше стварно тешка година за сите нас.
Сега на 11 ноември пак отидовме на пругата.Само ние знаевме како ни се сечеа нозете.Мислевме дека нема да има ништо.Но овој пат имаше црна сенка,пак трчавме а сенката беше позади нас.Моѓе нелој да ми помогне?
Јас можам да ти помогнам. Професионално лечам од духови.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Се е автосугестија,и јас имам осетено во село кога има месечина и кога дува ветер,грмушките изгледаат како да се движат црни сенки,но кога ќе се размисли рационално нема ниту бели ниту црни сенки-духови.Најлошото во сета таа работа е што ако човек почне потсвесно да се плаши и да верува дека навистина ги гледа тие духови,тоа остава тешки трауми и стрес на самата психа,кое што најнормално после тоа има големи последици.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.856
Не да си заладен... мозокот сув мраз ти е напраен. Со радикален верник побрзо ќе се разберев. Не ми е целта да се натпреварувам со никој, туку смешно ми е како упорно одбиваш да признаеш дека грешиш, при докази и факти, и тоа за банални работи. Не сакаш да прифатиш ништо поразлично од твоите сфаќања, се плашиш да не почне полека да се руши светот во кој живееш, полн со илузии.
Неможеш да ме обвниш дека живеам неправилно зошто не си пробал ништо од моето. Додека вистински живеев живот со илузии овие работи ми го спасија животот. Тоа што ти бараш во се човечка логика... 2+2=4 е земско доживување на работите. Ке ти дадам прост пример најубавите работи во животот ги чувствуваме не ги гледаме и допираме. Недај боже да имаш силум прилика за да ги прифатш овие работи. Не ме сваќај погрешно не ти наметнувам ништо али сите овие за тебе глупости се вистинскиот дел од нас. Ти ја ценам интелигенцијата и покрај неубавото однесување и затоа ти објаснувам.
 
Член од
12 ноември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Ne mi e uopste smesno[DOUBLEPOST=1415829746][/DOUBLEPOST]nemoze da ja vika drugarka mi,i posle se da i se slucuva na nejze,site bolesti koi se za cel zivot,ne e se taka slucajno,ali nema vrska:))
 
Последно уредено:
Член од
1 септември 2014
Мислења
60
Поени од реакции
38
Не да си заладен... мозокот сув мраз ти е напраен. Со радикален верник побрзо ќе се разберев. Не ми е целта да се натпреварувам со никој, туку смешно ми е како упорно одбиваш да признаеш дека грешиш, при докази и факти, и тоа за банални работи. Не сакаш да прифатиш ништо поразлично од твоите сфаќања, се плашиш да не почне полека да се руши светот во кој живееш, полн со илузии.

А ти многу упорно се обидуваш на некој да му ги всадиш твоите идеи.Не ми е јасно како може толку да се замараш ... И ти си имаш твои сваќања па другите на пр. не се трудат да те разубедат дека не си во право.Остави ги луѓето да си живеат како сакаат и не ги запоседнувај темите со твоите лични мислења.Јас не ја отворив темата тврдејќи дека верувам дека има духови или дека сум видела,мене ме интересира дали некој видел такво нешто и ако некој се интересира околу тоа да каже некој збор повеќе.Јас не прашав тука дали некој верува или не,не ме интересираат мислењата од типот "според мене не постои или не си во право" ... Немам никакви лоши намери и не мислам да се препукувам тука со тебе а и тебе не ти личи да разговараш така со девојка :)
 
Лепото, не садам јас ништо, проблемот е што Црноризецот не сака да прифати нешто очигледно, што му го докажавме со факти. Иначе, слободно ако сакате верувајте и во летечките мечиња, јас не ви се мешам, ама кога човек сака да те поучи, треба да прифатиш. :)
 
Прифатено ;)
Сепак ќе си продолжиме со темата бидејќи некој сигурно го интересира и има нешто да каже нели... Ние не се мешаме (нека си верува кој во што сака) но ако може ќе помогнеме ...
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
60
Поени од реакции
38
Прво да ви кажам дека сум нова овде о се регистрирав само за ова,за помош.епа вака
Незнам од каде да почнам.Имам 14 години и живеам во усје.Пред една година односно лани враќајки се од пругите од лисиче ни искочи жена во бело.Знам изгледа невистинито но знаеме ние што навистина видовме.тоа што и да беше,незнам како да го опишам,викаше Мартина дојди,два пати рече.Мартина праша кој е но не се огласи.Полнавме да паничиме и да плачеме.Магла имаше насекаде трчавме ко луди.Само што излеговме на главната помина воз и силно свиреше.За неколку дена мартина доби чир на ногата,наредниот месец стана дијабетичар на четрнаесет години,но не надледно бидејки никој не е шекераш,а последно сега беше оперирана на двете очи од катеракта.беше стварно тешка година за сите нас.
Сега на 11 ноември пак отидовме на пругата.Само ние знаевме како ни се сечеа нозете.Мислевме дека нема да има ништо.Но овој пат имаше црна сенка,пак трчавме а сенката беше позади нас.Моѓе нелој да ми помогне?

Многу не се разбирам од овие работи ама дали сте се обиделе да прашате постари лица,да изодите до некоја црква или кај некои кои гледаат такви нешта и помагаат ???[DOUBLEPOST=1416158571][/DOUBLEPOST]Еве уште една приказна:

На М.С. (42) по средбата со мртвата девојка животот му се променил од корен и последиците од таа средба ги чувствува и денес.

- Тоа се случи во 1996 година. Се враќав во Неготин од пат. Како што се приближуваше полноќ, се плашев случајно да не заспијам, бидејќи заморот ме совлада после повеќе часа возење Затоа во автомобилот го пуштив гласно радиото за гласната музика да ме држи буден. На патот имаше и магла што уште повеќе ми го отежнуваше возењето. Одеднаш, на работ на коловозот здогледав девојка, облечена во бело, како ме стопира, На момент помислив: Што ли бара таа овде, кога во близина нема ниту еден спореден пат? Застанав и таа ме праша дали може да ја однесам до Неготин.

Се согласив и таа влезе во автомобилот. Торбата која ја носеше како и својата бела јакна ја спушти на задното седиште. Кога седна до мене ме полазија морници. Девојката беше многу убава. Долгата смеѓа малку извиткана коса и се спушташе по целиот грб. Го изгасив радиото и цел пат до Неготин зборувавме за се и сешто. Ми го кажа своето име и ми рече дека е од едно село од крајот. Одела во посета на вереникот, кому не му се јави бидејќи сакала да го изненади. Искрено, уживав во нејзиното друштво и разговор. Јас инаку отсекогаш бев срамежлив со жените, така што близината на оваа убавица, некако ми годеше.

Ја однесов во центарот на Неготин, и си отидов дома. Утредента, кога повторно влегов во автомобилот, ја видов нејзината бела јакна на задното седиште. Очигледно ја заборавила. Веднаш ги променив плановите и тргнав накај селото за кое ми кажа дека таму живее. Сиот треперев одвнатре што повторно ќе ја видам . Во селото ми објаснија каде е нејзината куа, но ме гледаа некако чудно кога го споменав нејзиното име. Куќата лесно ја најдов. Го паркирав автомобилот, и заѕвонив на вратата. Ми отвори жена со испиено лице, на чие лице веднаш забележав голема тага. Во моментот сфатив дека тоа е нејзината мајка, бидејќи ја имаше истата убавина, само истрошена со времето. Кога и кажав кого барам, жената почна да плаче.

„Сине“ – ми рече – таа умре пред 7 години “.

Не сфатив во моментот: „Како умре? Па, синоќа ја однесов во Неготин. Ја заборави јакната во мојот автомобил. Еве ја.“ Кога ја виде јакната жната почна уште повеќе да плаче. Тоа навистина била нејзината јакна. И тоа онаа во која е погребана.

Ме внесе во куќата, каде на неа и на нејзиниот сопруг им ја раскажав целата приказна. Двајцата плачеа цело време. Девојката која синоќа ја возев во автомобилот, загинала во сообраќајна несреќа пред 7 години. Навистина имала вереник во Неготин. На крајот ме однесоа на гробот. На големиот црн мермер го пишуваше нејзиното име. Од него се смееше исто онака како и синоќа во автомобилот, ја раскажува М.С. својата неверојатна приказна.

Тој не се оженил. Вели дека не може да замисли друга жена освен неа. На гробот на девојката која починала пред 7 години, постојано тој остава црвени рози.[DOUBLEPOST=1416159049][/DOUBLEPOST]Приказните по кои ќе поверувате во духови!?

Комедијантката Џенифер Сондерс призна дека верува во духови и детално го опиша прикажувањето на нејзината покојна баба. Исто така, таа верува дека и други луѓе гледаат духови, но дека тие не сакаат да признаат.

По ова нејзино споделување со јавноста, уште пет писателки признаваат за нивни слични настани
.

Помрднување на предмети во хотел – Тамасин Деј-Левис

Едно лето во далечната 1970-та година, морав да патувам од работа во еден бар, кој го посетувавме со моето семејство секоја година за време на одмор.
Заедно со уште неколку девојки, кои работеа како келнерки, престојувавме во хотелот, каде што се наоѓа барот. Денеска тоа е само едно напуштено место кое нема услови за живот, но тогаш бевме млади и желни за работа. Но, она што го видовме таму сѐ уште живее во нас и постојано се потсетуваме на таа случка.

Во хотелот имаше соба која постојано ја држеа под клуч, но таа година ја отклучија специјално за една девојка по име Ен. Една вечер кога се враќавме од работа со уште три, четири девојки слушнавме звуци и поместување на мебел. Кога се приближивме до собата, видовме дека Ен спие. Од тогаш постојано се случуваа чудни работи, кои не можевме да си ги објасниме.

Ен, пред да си легне, секогаш го оставаше својот рачен часовник во фиока, но наутро го наоѓаше на тоалетната маса. Една вечер се разбуди и виде дека и гори едната ногавица од пижамите. Тоа не се случуваше само една вечер. Некогаш и преку ден се слушаа различни звуци – и покрај тоа што немаше никој во собата.

По некое време, Ен ја смени собата, но не веруваше во духови и мислеше дека ние се шегуваме со неа. Подоцна мене ми ја доделија таа соба и јас сѐ уште паметам што се случуваше во неа. Чашата ја оставав на едно место, ја наоѓав на сосема друго место. И го паметам мирисот на влага што никогаш порано не сум го помирисала.

Повикав една жена што порано работела таму. Таа беше вџашена кога и кажавме дека таа соба ја отвориле и не советуваше да му кажеме на сопственикот повторно да ја заклучи. По една недела се преместив во друга соба, а таа соба ја заклучија повторно и никогаш не ја отворија.

Мојата куќа опседната од духови – Хана Бетс

Се сметам себеси за скептичен атеист, сепак со она што го искусивме јас и моето семејство, духовите ме натераа да не го игнорирам нивното постоење.
Во 1987 година имав 16 години, кога кланот Бетс, мајка ми, татко ми, двајца браќа и сестри, се преселивме во голема вила на три ката со шест спални во преградието на Бирмингам. Според еден локален жител, нашиот нов дом бил опседнат од тројца духови: жена која трчала низ ходник, постар доктор кој се качувал по скали за да го види неговиот покоен внук и жртва на соочување која завршила со убиство. Постоеше и црвена дамка од крв на скалите, која никако не можеше да се извади, но ја покривме со тепих.

Ах, како само се потсмеваа со нас. Врати се трескаа на сред ноќ и се слушаа чекори. Секоја вечер во точно 4 часот по полноќ, некој или нешто чкрипеше по скалите, тропаше ужасно и отвараше врати во секоја можна соба сѐ дури не стигне до главната спална соба. Кога не бевме дома и кога се враќавме ги наоѓавме чешмите пуштени до крај, а ринглите на шпоретот пуштени на најсилен оган.

Една вечер, се отвори каминот кој беше како плочка на ѕидот во мојата соба. Зад него во пукнатините беа набиени стари весници кои го опишуваа убиството кое се случило во куќата. Мајка ми почна да се однесува чудно. По некое време призна дека навечер не можела да спие и дека го видела мртвото тело на детето што било убиено. Во најстрашната соба престојуваше мојот најмал брат. Тоа лето, тој занеми и му се појавија големи подочници. Од тогаш спиеше во собата на мајка ми, а во неговата соба се пресели баба ми, но само на кратко и потоа одбиваше и да влезе таму.

Потоа мајка ми се охрабри. Ја заклучи собата, одбивајќи да признае дека духовите ја опседнале куќата и кажа дека сѐ било до времето.

Таа соба сѐ уште е заклучена. Не ја употребуваме до ден денешен. По некое време настаните се стивнаа..или пак ние се прилагодивме на нив.

Од секогаш гледам духови – Санта Монтефиоре

Уште од дете почнав да гледам духови. Моите првични сеќавања се како гледам сенки кои се движат низ мојата соба навечер. Беа потемни од темнината и изгледаа несвесно или пак незаинтересирани за мене. Ги гледав вџашено, срцето силно ми биеше, сѐ додека не соберам доволно храброст за да вклучам светло. Во тој момент исчезнуваа.

Никогаш не им кажав на родителите за овие вечерни појави. Мислев дека сите ги гледаат – но со тек на време сфатив дека јас сум единствената во фамилијата која ги гледала. Куќата каде што живеевме не беше опседната. Верувам дека сите сме опкружени со духови постојано. Гледам духови и во новите куќи, исто како што ги гледам и во старите.

Неодамна, Мигуел, еден мој пријател од Аргентина, почина во Буенос Ариес од тумор на мозокот. Вечерта кога ги слушнав вестите, решив да медитирам – не за да стапам во контакт со него, туку бев многу тажна и сакав да пронајдам некој мир. Со мислите потонав длабоко и заминав далеку. Наеднаш, пред мене стоеја три фигури. Едната беше Натали, прва братучеда на Мигуел, која беше убиена пред 20 години, втората беше Мигуел и третата претпоставувам дека беше неговиот татко, иако никогаш не го запознав.

Фигурите сјаеја, смеејќи ми се. Ги држев таму долго време, собирајќи го чувството на среќа кои ми го даваа. Потоа во мојата глава, му кажав на Мигуел дека сакам да споделам со неговата мајка дека тој е среќен, безбеден и со луѓето кои ги сака, а тој само се насмеа и рече дека таа веќе знае.

Следното утро, решив да се јавам на неколку места за да видам дали тоа навистина се случило. Му се јавив на мојот кум, кој веќе зборувал со мајката на Мигуел, која му кажала дека е среќна што нејзиниот син е заедно со Натали и татко му.

Верувам дека тие тројца дојдоа кај мене да го потврдат нејзиното верување. Таа порака беше за неа. И денес гледам духови, навечер и кога медитирам. Веќе не се плашам од нив.

Посета од починат љубовник – Венди Лејг

Никогаш не верував во духови, но пред три години имав еден запрепастувачки момент, кога ми се појави духот на мојот починат љубовник. Тој се викаше Ричард, беше висок 1.80см, имаше светло сини очи, темна коса и насмевка која можеше да го стопли и најладното место. За жал, почина ненадејно од срцев удар на само 66 години. Ми беше голема љубов во моите 20-ти години, но околностите не разделија. По чудни и дрматични игри на судбината, повторно се сретнавме преку работа.
Покрај привлечноста која сѐ уште ја чувствувавме меѓу нас, реалноста беше против нас. Тој беше женет, додека јас бев верна на друг. Но, имавме афера. Неколку убави, тајни средби, полни со љубов, сензуалност и мир, кои продолжуваа до тој трагичен ден кога слушнав за неговата смрт.

Скршена, се заклучив во канцеларијата и со пенкалото кое тој ми го подари за роденден постојано го испишував неговото име. По некое време, заѕвони телефонот во дневната соба и јас престанав со пишување, па го оставив пенкалото на работната маса и отидов да се јавам. По интензивен 20-минутен разговор со блиска пријателка, која знаеше за мојата афера со Ричард, решив да се прошетам. Но, само што ја затворив влезната врата, го слушнав гласот на Ричард како ми вика да се вратам во канцеларијата.

Бидејќи бев во транс, се вратив. Го видов пенкалото како се разлеало, а ламбите наеднаш испукаа. И во таа темнина го слушнав гласот на Ричард: Те сакам и благодарам што беше моето најубаво лето. Никогаш не мислев дека ова ќе ми се случи.

Ни јас не помислив дека некогаш ќе ме прогонува нечиј дух.

Привидение на предсмртна постела – Иси Фокс

Како писателка на Викторијански романи, која ја дефинира готската изопаченост, честопати ме прашувале дали сум имала средба со дух, како што опишувам во книгите. Сум искусила нешто што можеби се смета за натприродна моќ, но навистина не знам да кажам дали било вистинска сила или внатрешна манифестација на силни емоции.
Но, постои еден настан, кој совршено го паметам од часот на смртта на мојот очув – човекот кој ме сакаше како свое дете и кон кој чувствував огрмона наклонетост. Кога почина, имав 28 години и иако не бев со него кога умираше, го посетив неговото тело подоцна тој ден, кога лежеше во капела. Телото лежеше во задимена соба со само една запалена свеќа. Сестра ми и јас седнавме на краевите од креветот, додека сопругот стоеше на крајот.

Она што го видов следно е тешко да се опише. Тоа беше еден момент на загуба и морам да признаам дека бев шокирана, но наеднаш станав свесна за сјајната аура на светлина што кружеше околу главата на мојот очув.

Воопшто не се чувствував чудно – всушност беше сосема задоволувачко – но не мислев на никој ништо да му кажам. Кога се враќавме назад со автомобилот, сестра ми проговори: Знам дека ќе ви звучам налудничаво, но дали ја видовте белата светлина над главата на тато? На што мојот сопруг одговори НЕ! Но, почувстував такво олеснување што знаев дека не сум си го замислила тоа осветлување.

Ова е една лична приказна. Сепак, ме интересира дали некој друг го искусил овој феномен. Малку истражував и читав од некои документи од болница од медицински сестри кои го гледале истиот тој круг над глава во моментот кога пациентите умирале. Навистина се прашувам дали науката има објаснување за ова – да одговори дали таа светлина е физичка или хемиска реакџија, поради темнината и задименоста во капелата.

Како и да е, тоа беше неверојатно. Мојот очув беше навистина добар човек. Ако некој заслужува ореол тогаш сигурно е тој!
 
Последно уредено:
Член од
1 септември 2014
Мислења
60
Поени од реакции
38
Приказни за духови

Постојат луѓе кои не веруваат во духови, но во различни точки на светот тие сe поjaвуваaт и има многу очевидци, кои раскажуваат едни и исти приказни.

Од 1948 година наваму духот на мажот со чантата постојано се поjaвува на аеродромoт Хитроу. Пред повеќе од половина век при авионска несреќа загинале 22 лица. Додека спасувачите барале преживеани меѓу урнатините од авионот, се појавил маж облечен во црно.

Тоj ги прашал дали му ја нашле чантата, a потоа се разлетал во воздухот. Оттогаш многу луѓе се сретнале со мажот, коj поставувa едно и исто прашање, каде му е чантата.

Духoт од Плимут е на 8-годишно девојче кое се викало Абигаил. Таткото на Абигаил бил рибар и често отсустувал од домa. Мајката на девојчетo многу ja термозелo и Абигаил чувствувала страв кога останувала со неа.

Еден ден рибарoт излегол на отворено море и не се вратил, па мајката на Абигаил ја обвинила неa за тоa и ја претепала до смрт.

Пред властите кажала дека девојчетo починалo oд инфекција. Оттогаш духот на Абигаил живее вo една од спалните соби на вториот кат вo своjот дом и е виден од многу луѓе. Домот на Спунaр – така се викало семејството на девојчетo – денес е музеј.

Во 2005 година работници дошлe да прават поправка на музејот и кога чукналe на вратата им отворилo малo девојче вo старовременски бел фустан. Кога пристигнал менаџерот на музеjот се зачудил, бил изненаден што некој им отклучил на работниците.

Откако ја пребарале целата зграда, не можеле да го наjдат девоjчето. Месните жители тврдат, ако човек застане под прозорецoт на вториот кат и извика:”Абигаил, слези да си играме!”, на прозорецот се поjaвувa девојче во бел фустан.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom