Дупнато ушно тапанче: искуства, можни проблеми, превенција

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Летово имав мала непријатност. При еден скок во вода, правилен "главечки", незнам како, ама успеав да си го дупнам ушното тапанче на левото уво. Докторите ми кажаа дека чаре нема, лекување нема. Увото само си испушта материјал кој треба да го покрие дупчето, но за мене повеќе нема нуркање/гњурење/пикање на глава под вода, поради постојната опасност од стекнување со хронична инфекција на увото - која во најлошите случаи може да резултира со губење на слухот на тоа уво.

http://en.wikipedia.org/wiki/Perforated_eardrum

Има варијанта за оперативен зафат и пластична операција, која сепак не е гарант дека слободно може човек да пикне глава под вода и после неа. Од тогаш, заборавив на "капење в езеро", а кога се туширам или бањам, ставам повеќеслојна заштита на увото: мал памук, поголем памук, крема преку цело уво (најдобра заштита од проникнување на водата низ памукот, плус уште дополнителна механичка заштита на увото.

Се информирав за најразлични можни заштити од влез на вода - тампони, а најпривлечна ми е оваа варијанта:

http://en.wikipedia.org/wiki/Ear_plug

Сакам да можам безгрижно да пливам повторно еден ден, но не по ризик на здравјето во иднина. Планирам во скоро време да одам повторно на лекар, да ми предложи најдобар метод на заштита во иднина, бидејќи слухот е драгоцен.

Како совет за превенција од моето искуство можам да го кажам ова: Две недели пред да се случи механичката повреда, при пливање и нуркање ми влезе вода во увото. Но, плажа ко плажа, гласна музика и зезање - после одредено време, претпоставувам веќе се привикнав на водата внатре и не чувствува значителна промена, при што е возможно да се создал воден џеб во увото кој го ослабел ушното тапанче. Па така, после 2 недели при обичен скок во вода дошло до неговата перфорација. Сакам да ве опоменам и да ви укажам да бидете максимално внимателни при вакви ситуации, бидејќи самото ушно тапанче е крајно осетлив дел од надворешното уво.

Читав на нет дури и за случај во кој момче со бакнеж и го дупнал тапанчето на својата девојка. Повелете.

Бидете внимателни. А ако не сте биле, ко мене, споделете ваши искуства, како би знаеле повеќе за овој проблем, за кој е подобро да се спречи, отколку да се лечи :)
 
gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
И јас имав мала непријатност лани, бев на одмор, ми се затнаа ушите нешто мислев дека ми има вода влезено, бев на лекар и не било вода туку биле затнати од нечистотија, па ми ги исчистија се како шо треба, ама треба пак да отидам нешто десното уво пак не ми е у ред, у секој случај добро е да се оди на чистење на ушите не е страшно и не боли
 
Г

Гоццццце

Гостин
Серпико оди на пластична ке те средат ке можеш повторно нормален живот да си живееш. Можеби не 100% сигурност но 95 да. :pipi:
 
oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
Ја ставав тампони во уши коа се бањав, незнам зошто ама многу вода ми влагаше у уши и ме нервираше (значи не ми се големи ушите, нормални ми се :):):):):)) И ми бркаат работа тампоните, е сеа незнам од што материјал се да ти кажам за сигурно... со нив 200 посто не ти влага вода у уво!
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Додека сме кај ушите, јас да си кажам:

Внимателно со стапчињата за чистење уши! Тие служат за чистење на ушната школка и влезот во ушниот канал (не повеќе од пола сантиметар во длабочина). Ушната школа е битно да биде чиста затоа што е важна при одредување на насоката од каде доаѓа звукот.

Увото си има сопствен механизам за чистење и подмачкување. Тоа жолтото од увото не е прљавштина, тоа е ушен восок и увото си го произведува со причина, слично ко што окото си се подмачкува со солзи.

Со бутање на стапче за уши длабоко, може да се набута восокот до крајот на каналот и да се створи бариера за тапанчето - тогаш мора да се оди на лекар на чистење. Во најлош случај, може да се дупне и тапанчето.

Сума сумарум, најубаво е да ги заборавиме стапчињата, само миење на школката со сапун и вода.
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
majka mi imase takov problem imase dupnato tapance i nemozese da gi podnese zvucite sto i se stvaraa vnatre i zuese celo vreme i morase na operacija,pa i toa ne e epten sigurno,ne go zatvorile dobro tapanceto,trebase da odi pak no taa se otkaza.Sega e podobro ne e kako sto bese no slobodno se tusira i nema neprijatni zvuci
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Пред 9 години го имав истиот проблем. Ради проблеми со крајнициве,страдаше све живо па така и ушето,т.е. тапанчето. Имав силни болки,ми течеше доста крв. Неколку пати идев на лекар,ми правеа шо ми правеа,ми го 'рчкаа со апаратчиња и све заврши ок. Рекоа ќе зарасне само од себе,но доколку се случи повторно истово може да ми пукне тапанчето. Тогаш користев само капки.
Идам на контрола од време на време и во ред е. Не би требало да претставува проблем на поголеми периоди. Обично додека да зарасне треба да се внимава повеќе од вообичаено.
 
P

Polaroid vanity

Гостин
Ахам,може. Сигурно дека треба да внимаваш на ушето доколку не дај боже се случи то,али се поправа,се враќа у форма. :wink:
 
Член од
1 февруари 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
ајде ве молам за една мала помош.... пред некое време ми се затна ушето и по неколку дена само ми пушти.... после извесен период повторно се ми се затна и по 3-4 дена од ушето ми протече крв .... кога отидов на доктор ми рекоа дека е дупнато ушното тапанче ...колкава е шансата да зарасни и да ги немам овие звуци што сега ги слушам , а воедно и дали ќе ми се врати слухот пошто сеуште ми е затнато... од напред ви благодарам и позз до сите
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420

Само од себе така се направило?
Да не имаш присуствувано во близина на експлозија или слична звучна траума? Или пак силен удар во главата или слично?

Како и да е, не само кај обичен матичен доктор ОДМА побарај упат за кај специјалист, уво нос и грло и сл. и гледај да појдеш кај некој поасален доктор, паметно е да сметаш и на приватни специјалисти, само проверени специјалисти, не кој било.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Летово имав мала непријатност. При еден скок во вода, правилен "главечки", незнам како, ама успеав да си го дупнам ушното тапанче на левото уво. Докторите ми кажаа дека чаре нема, лекување нема. Увото само си испушта материјал кој треба да го покрие дупчето, но за мене повеќе нема нуркање/гњурење/пикање на глава под вода, поради постојната опасност од стекнување со хронична инфекција на увото - која во најлошите случаи може да резултира со губење на слухот на тоа уво.

http://en.wikipedia.org/wiki/Perforated_eardrum

Има варијанта за оперативен зафат и пластична операција, која сепак не е гарант дека слободно може човек да пикне глава под вода и после неа. Од тогаш, заборавив на "капење в езеро", а кога се туширам или бањам, ставам повеќеслојна заштита на увото: мал памук, поголем памук, крема преку цело уво (најдобра заштита од проникнување на водата низ памукот, плус уште дополнителна механичка заштита на увото.

Се информирав за најразлични можни заштити од влез на вода - тампони, а најпривлечна ми е оваа варијанта:

http://en.wikipedia.org/wiki/Ear_plug

Сакам да можам безгрижно да пливам повторно еден ден, но не по ризик на здравјето во иднина. Планирам во скоро време да одам повторно на лекар, да ми предложи најдобар метод на заштита во иднина, бидејќи слухот е драгоцен.

Како совет за превенција од моето искуство можам да го кажам ова: Две недели пред да се случи механичката повреда, при пливање и нуркање ми влезе вода во увото. Но, плажа ко плажа, гласна музика и зезање - после одредено време, претпоставувам веќе се привикнав на водата внатре и не чувствува значителна промена, при што е возможно да се создал воден џеб во увото кој го ослабел ушното тапанче. Па така, после 2 недели при обичен скок во вода дошло до неговата перфорација. Сакам да ве опоменам и да ви укажам да бидете максимално внимателни при вакви ситуации, бидејќи самото ушно тапанче е крајно осетлив дел од надворешното уво.

Читав на нет дури и за случај во кој момче со бакнеж и го дупнал тапанчето на својата девојка. Повелете.

Бидете внимателни. А ако не сте биле, ко мене, споделете ваши искуства, како би знаеле повеќе за овој проблем, за кој е подобро да се спречи, отколку да се лечи :)
МА ШОТЕ БОЛИ УВО :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Ај сериозно јебига ке помине не се секирај со тек на време и ке заборавиш дека некогаш било пукнато бар јас заборавив,само немој дате лажел некој хидроген даси стаил во увото :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::pos2:
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
jas si go dupnav tapanceto pred nekoj 10 godini, i znam deka primav inekcii nekoi i posle toa nemav nikakvi problemi, se mi e ok
 
Член од
1 февруари 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
јас побарав помош од лекар, и тоа како што кажа поискусен ... но проблемот е во тоа што таа докторка кај која што бев нема никаква пристапност кон луѓето .... едноставно не можеш да ја прашаш.....ако ја прашаш ќе ти се развика, а таа е најдобра во нашиот град .... инаку не знам не сум сигурна но мислам дека ми се дупна на преголема нервоза се работеше за операција на мало дете и на точно може да се речи висок тон , односно на плач на тоа дете или барем јас така мислам ... знаеш кога веќем имаш искуство само ме интересира дали само посебе ќе зарасни и ќе заздрави или можеби ќе мора тоа оперативно да се лекува зашто засега пијам некои антибиотици и употребувам капки за нос кои ми ги даде таа докторка од уво нос и грло
 
Kajgana Shop

На врв Bottom