Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.861
Поени од реакции
6.655
Можам да гласам некако против двата бенда? :icon_lol:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ни едните ни другите посебно Рибља Чорба толку ми се антипатични мислам дека ниту никој не ми е толку колку они што ми се. Јас колку што се сеќавам порано моите братучеди се палеа на нив, им одеа на свирки но јас никогаш не сум изразил желба да им одам на некој нивни настап ниту пак некогаш сум седнал да ги слушам нив, едноставно жанровите кои тие ги следат воопшто нема во нив Хард Рок ниту пак Хеви метал тоа е нешто измешано што просто не може да се нарече ниту Хард Рок ниту пак Хеви метал... далеку се од тоа.
 
Член од
21 јули 2011
Мислења
1.339
Поени од реакции
3.202
Чорба +1

Затоа што не знам многу песни од Хаустор. Знам дека не е добар аргумент, и ми се допаѓаат и тие неколку од Хаустор што ги знам ама некако повеќе ми лежат на срце тие од Чорба(не зборам за овие искомерцијализираниве, повеќе тие постарите)
 
Член од
4 март 2014
Мислења
137
Поени од реакции
52
Rundek i Haustor!!! definitivno ako sporeduvame muzika i bendovi. A za popoznati tocno Riblja Corba i mladite generaciii sto dovagat gi slusat Lutka sa naslovne strane, Kad sam bio mlad, Ostani Djubre do kraja i taka natamu a pojma nemat koj se HAUSTOR.
 
H

HoT IcE

Гостин
Хаустор. Ем вокал, ем музичка композиција, ем све. Хаустор се квалитет у појму музике, еден од најдобри бендови од новиот бран на овие простори и оставија огромен белег. Чорба се превише меинстрим, исто квалитетни, ама повеќе уживам во музиката на Хаустор отколку на хитови како Кад сам био млад.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Хаустор и Рундек!

Чорба ми се апла сељачки бенд, дури и потурбо од Бело Дугме ми се мене......неспоредливи се со Хаустор. Да беше дуелов пред 5 месеци немаше воопшто да гласам, ама после магијата што ја доживеав на концертот од Рундек, морам да го испочитувам :)
 
S

StormRage

Гостин
Ауч... Со оглед на тоа што сум пораснал со Рибља Чорба и се криви за мојот прв стадиум на цироза (се заебавам :D) онака необјективно ќе гласам за чорба
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.233
Парадоксално, утре Бора ми свири во маало :pos: Можеби ќе направам фотка со него за да ја постирам тука, во дувлото на лавот :LOL:
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Хаустор, гласот на Рундек, мелодијата, ........ у ПМ, мерак да ти е да ги пуштиш. Додека РЧ, изфуран фазон, сосила уметнички текст (нешто ко Вртев), глуми лудило Бора, гзолижач на бившиот режим, ........... но во тоа време ги имаше едвај 10-ина бенда кои нудеа квалитет. ДА, меѓу нив и РЧ ќе ги ставам, али на последното 10-то место:P
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Чорба од секогаш ми бил некој чобански рок, нормално со почит кон нивното дело и луѓето што ги слушаат. Едноставно појавата на Бора не можам да ја смислам, можеби поради тоа што премногу се занимава со други работи освен со музика. Пола од песните се плагијати, сменат им е само текстот..Од друга страна Хаустор ми се некако уметнички подлабоки, и повеќе за мое уво..Значи Хаустор +1. Интересен факт е дека неодамна имаше анкета за најдобра рок песна од Екс Ју просторите, големо гласање кое ги опфати скоро сите држави и првото место го освои Шејн :D
Инаку ми се допаѓа идејата за дуели на Екс Ју бендови..Се надевам дека ќе продолжи


 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Дојдов на темава да прочитам квалитетен хејт за еден од најпопуларните бендови во Ex-Yu и возвишување до облаци на бенд со 4-5 студиски албуми кој мораше прво да се распадне за да направи каков-таков концерт.

HAUSTOR---CORBA.jpg
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.643
Поени од реакции
4.248
Чорба е многу повеќе од Када падне ноч , Авиону сломичу ти крила и сличните песни што ги фураат истите луѓе што слушаат и турбо фолк. Хаустор пак од друга страна ми се еден од најпреценетите бендови од екс државата. Глас за Чорба од мене.
Што се однесува до национализмот на Бора, точно е дека се има испонашано крајно сељачки во периодот на војната, али го почитувам затоа што 10 години пред да се деси се тоа, прави песни против тој систем и наговестува што се може да се случи. Бар е истраен во своите политички ставови за разлика од мноштвото други кои се колнеле во таа Југославија, а за време војната подржуваат исти ставови како и Бора, без разлика што не пееле за тоа.
И тоа зборуваме за право напаѓање на тој систем, а не провокации во стил на користење верски мотиви или појава на бенд како Лајбах.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Парадоксално, утре Бора ми свири во маало :pos: Можеби ќе направам фотка со него за да ја постирам тука, во дувлото на лавот :LOL:
Мислам дека е денес...осем ако после непреспана ноќ си ги побркал датумите

Хаустор
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.233
Мислам дека е денес...осем ако после непреспана ноќ си ги побркал датумите
Денес е да, мене сеуште ми беше утре, во тој момент :)[DOUBLEPOST=1410146245][/DOUBLEPOST]Kukuzel и Ио опфатија бајаги од тоа што имав на ум да пишам за дуелов, поопширно кога би биле на тапет.

Така да, Чорба, all the way.

Него свиркава на Бора денес во Ново Лисиче помина да речеме, комично. Прво стартуваше со Рокенрол за кучни савет и по грешка во сред песна му ја убација матрицата од Ради чу шта год хочу :facepalm:
Самиот Бора беше во некое вонтелесно стање, превод - не знам што ракија му дале нашиве, не можеше ни да стои ни да седи ни да пее, едвај збореше. ЗНАЕВ дека нешто ќе биде усрано денес, некако не ми делуваше Бора у маало да дојде да пее и се да биде супер. Овој Бора мора да бил некој неуспешен клон на тој од Саем 2010та кога настапуваа со целосниот бенд, не знам вајда со бендот кога е пристапува посериозно. Е сега да, фановите се тука песните се знаат повеќе и помалце па атмосферата секако беше на ниво, али Бора ДАЛЕКУ од ниво. Фан сум и сакс што мора да го пишам ова, али тоа е тоа што се случуваше денес.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom