Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
WS деф. Дејвид е лудница. Гласот го држи и до ден денес, кој бил на концертот знае.
Кис се исто така лудница, али за нив би гласал само ако беа во конкуренција со wasp. Вака мора да губат
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
У глобала хеир металци никогаш не сум сакал, така да ниеден од бендовите не ми пријал никогаш. Премногу нежна музика за мој укус.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.861
Поени од реакции
6.655
Вајтстнејк, за разлика од позерите Кис имаат рифови у песните. Кис буквално секој потег што го имаат у својата кариера е за пари. Секој. А Вајтснејк уште се релевантен бенд и новиве албуми што ги вадат какви рифови имаат пола од денешниве метал бендови немаат.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Abe, од прилика таќно е то за KISS. Е сега, има две страни муабетот.
Тие се најкомерцијален бенд на сите времиња. Индустрија. Али истото, има и друг муабет.
Early days на KISS се сосема во ред. Бар додека се во оригиналната постава (Stanley, Simmons, Frehley, Criss). Маваат добар hard rock. Дур не одат во диско елементи, па во поп. После 82 натака, во хеви метал, па хер метал, па пак рок, па гранџ дури. И во меѓувреме менуваа постави ко чорапи.
И ги следеа трендовите на побарувачката. За жал. Али јас секогаш си ги мерам по првите неколку албуми (до 1978 година) кога имаат ептен добри ствари. ALIVE! албумот - еден од најдобрите живи. Ако не и најдобар.
Значи, ако сумираме имаме - комерцијала, индустрија, несврсност.
Ама од друга страна имаме И квалитет, ама и огромно влијание. Да не заборавиме на што се не се јавуваат како influence фигури. Од Еди ван Хелен до Чак Шулдинер. И така.
Вајтснејк од друга страна се од калап бенд на осумдесетите години, така да...
Јас сум фан на KISS од осмолетка. Може немаше да ги слушам ако почнев од покасно, али ете.

Затоа, од мене, тхере ит ис

K I S S
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Сум пораснал со музиката на двата бендови...И секогаш сум ги преферирал Британските бендови пред Америчките, главно поради тој фактор поврзан со комерцијализацијата. Од постари рокери кои биле млади кон крајот на 70тите имам слушано дека Кис биле нешто невидено до тогаш, замислете крв на сцена, шминка, перверзии..Можеби Алис Купер бил блиску до тоа, но Кис биле уникат. Пол Стенли е одличен вокал, но мене секогаш ми бил некако антипатичен Симонс..Менуваат многу постави, но мислам дека првите албуми им се најдобри..Се она што излегува денес како преработки на минатите нивни песни, не го признавам и мислам дека премногу се искомерцијализираа..Од друга страна Whitesnake..Нема да се сложам со многумина дека се копија на Deep Purple..Уште од првиот нивни албум се насочуваат кон блуз рок, и тоа е нивната одлика се доаѓањето на Сајкс, кога од бенд без многу светла иднина, ги вивнува во височините. Тоа што го прави на двата албуми, кои за мене се премалку, е вистинска револуција. Хеви метал на највисоко ниво, од солажи до рифови, атмосфера..Оној албум од 1987 под име Whitesnake, е меѓу најдобрите од 80тите, хит до хит.. Најголемиот нивни успех.Не знам зошто Ковердејл после него ја прекинува соработката со Сајкс. Се обидува да го врати тој звук на следниот албум со Стив Ваи и Ванденберг, кои патем се одлични гитаристи, имаат и одлични песни но едноставно не е тоа тоа. За Ковердејл нема што да се кажува..иако неговиот глас денес не е тоа што беше некогаш ќе го цитирам легендарниот Тоше Проески: "Koга некој ќе ме запраша кој е најдобриот вокал на светот за мене, кажувам само едно Дејвид Ковердејл..Тоа е човекот кој има страшен глас, страшна боја, страшна сугестија машкост и секс во гласот..страшно"
Во исчекување на новиот гитарист на Whitesnake, за кој Ковердејл изјави дека е светска класа..мојот глас го давам за WHITESNAKE!

Here's a song for ya!!

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Виде ви се интересен последниот дуел а?
Ај ќе пробам па да ви го привлечам вниманието и коментарите.
Овојпат, две легенди.
Двајцата уште живи.
Двајцата одлични текстописци.
Едниот потврд рокер-експерименталист, другиот малку помек кантри рокер.
Али и тука и тука, блузот е присутен.

Leonard Choen



vs

Tom Waits

 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Двајцата омилени кои помеѓу себе имаат голема сличност.
Специфични рапави гласови, со многу емоции.
Одлични кант-автори.
Текстови со многу приказни.
Заслужено може да се наречат поети.
Ниту едниот, ниту другиот немаат замена, ниту пак некој е блиску до нив.
Боеми со голема трага во музиката.
И кога ги слушаш ги препознаваш мелодиите, текстовите и гласовите дека припаѓаат на едниот или другиот.
Они се и последното нешто добро што остана во музиката.

Tom Waits - Take it with me.
Leonard Cohen - Dance Me to the End Of Love
 
Последно уредено:

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Каков дуел! :cuc:
Гласам за двајцата.
Убаво ги опиша Хенк, немам што да додадам.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Ова е веќе дуел....ова е веќе натпревар во ист спорт....и двајцата се ГОЛЕМИ....и двајцата се НЕЗАМЕНЛИВИ.....и двајцата прават МУЗИЧКА ИСТОРИЈА....

многу е тешко човек да одлучи или избере меѓу двајцата, но ако веќе мора да се одбере еден, тоа нека биде човекот со рапав глас
Леонард
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
50 на 50%, но ............ ај ќе му дадам на Коен 0,001% повеќе, па гласот ќе иде за Коен
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ја би за Том. Онака ми е пофилмски, појма немам зошто и како. Со грчливиот глас и специфичниот изглед.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom