Дубровник

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Опколен со високи дебели ѕидови, стариот приморски град во Далмација, Дубровник е еден од најубавите градови во светот. Додаден на листата на УНЕСКО за Светско културно наследство, градот е примамлива дестинација за сите познати личности од светот.
Се смета дека градот е основан во 7 век од новата ера. Од 1205 до 1358 година со Дубровник владее Венециската Република. Од 1358 до 1808 година Дубровник претставува посебна држава, која се нарекува Дубровничка Република.Тоа е еден од оние приморски медитерански градови кои се формирани врз сфаќањата на старата хеленска култура. Се развива како полис- град во кој се јавува цивилна управа која се стреми да се формира во република по угледот на Венеција.
Денес во Дубровник гордо сведочат спомените од историјата. Целиот круг од тврдини и високите ѕидови околу градот биле изградени за негова заштита во 14-ти и 15-ти век. Панорамскиот поглед од овие тврдини на плавото Јадранско море вреди да се доживее. Страдун е плоштадот и главната улица во градот, која нуди многу забава, а сепак ја има задржано својата магија од минатото.
Прекрасни барови и ресторани, музика во живо, мирисот на Јаранското море и луксузните јахти, се рај за очи и душа. Како и другите приморски градови, Дубровник е седиште на моќна флота, која е носител на трговијата.Интересен е фактот дека Куршумли-ан во Скопје е граден токму за потребите на дубровничката трговија.
Хафингтон Пост ја вброи Хрватска, посебно Дубровник меѓу петте најатрактивни локации кои треба да се посетат ако одите на меден месец.Дубровник дефинитивно е најпопуларен меѓу младенците од Велика Британија, Ирска и Америка, но на неговата убавина не остануваат рамнодушни ни Словенците, ниту државјаните на Босна и Херцеговина.
Како исклучително атрактивен простор за венчавање секогаш се спомнува Тврдината Ловријенац, која поради високиот наем од 10.000 куни (околу 1300 евра) за повеќето младенци сепак останува само сон.
Неодоливо прекрасна температура на морето, шармантниот блесок, ароматичните билки, виновата лоза и маслинките го воодушевуваат секој посетител.
Дубровник претставува стара приказна раскажана на современ начин, древна мудрост, сочувана за сите генерации, а со неговата посета ќе сфатите зошто ова место и самиот Лорд Бајрон го нарекува „бисер на Јадранот".

Што ќе кажете вие за Дубровник? Какви се вашите впечатоци?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Прекрасно место, се надевам дека ќе се поклопат коцките и ќе го посетам некаде при крајот на месецов.
Па, ако испадне нешто од посетата, ќе имате свежи фотки од местото... :)

Инаку, како се движат цените по нашиве агенции за летен одмор во Дубровник?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Прекрасно место, се надевам дека ќе се поклопат коцките и ќе го посетам некаде при крајот на месецов.
Па, ако испадне нешто од посетата, ќе имате свежи фотки од местото... :)

Инаку, како се движат цените по нашиве агенции за летен одмор во Дубровник?
Според Фалкон,
40-75 хотелско, нема апартманско.
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Imam ideno dvapati ali samo na ednodnavna poseta,kako grad e super ali mislam samo plazite ne im se bas naj naj,,em mal broj na plazi em mali.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Overrated место...
стариот град на Дубровник прикажан горе е стварно убав, но се разгледува за 1 саат и после тоа или ќе седнеш да пиеш кафе или да јадеш, а е многу скапо.
Цел град иначе е обично комунистичко издание.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Убав град, навистина али скапо е упм. Се надевам ќе го посетам во скора иднина градов.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Прекрасно место, се надевам дека ќе се поклопат коцките и ќе го посетам некаде при крајот на месецов.
Па, ако испадне нешто од посетата, ќе имате свежи фотки од местото... :)

Инаку, како се движат цените по нашиве агенции за летен одмор во Дубровник?
Да одиш и да одат сите штo не биле. Јас бев во 2009 подолго и годинава на еден ден, онака на поминување. Цените можам да кажам дека скокнале дупло. Преку агенција ако одиш во некој од хотелите е доста скапо, моја препорака е директно да си најдете апартман во или во близина на стариот град.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.114
Поени од реакции
107.348
Прекрасно место, едно од многуте места на кои сакам повторно да отидам. Прекрасен воздух, прекрасни глетки и пејзажи... Само цените им се доста солени, Дубровник е еден од најскапите туристички градови на Јадранот, ако не и најскап.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Бев пред 4 години на одмор и имав можност целата ривиера на тој потег добро да ја прошетам. Еден од најдобрите одмори што сум ги поминал до сега. Навистина прекрасен град и преубави плажи има наоколу.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Скапо ќе биде,Дубровник се ориентира кон таков вид на туризам.Не им требаат 10 000 туристи што ќе остават по 100 евра,него 100 туристи што ќе остават по 10 000 евра.
За поефтин одмор има други места низ Хрватска,иако целата земја пробува да се преориентира од масовен кон елитен туризам.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Искрено стварно е многу убаво има многу места за шетање за разгледување ама јадење/пиење скапо е ... бевме 6 другари во тој кафичот што е на самата тераса кај што се гледа морето сите пиеме нес 72 евра по 12 евра ни го наплатија а за јадење да не зборам колку е изгор пица парче онака што продаваат по пат 4-5 евра
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Незнам каков е сега , јас сум му скаран :) ! Уште од една средношколска екскурзија кога една бабарога не обвини дека сме и украле шамивче:rolleyes: , оладив на Ѓубровник и то ти е ! Може неправедно ама така стојат работите .
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Мојот живот.
Што судба ќе беше.
Јас ги прошетав сите Балкански мориња,(на годишен одмор) со моите деца кога беа деца,мали деца.Со кола секаде се разбира.Толку беа мали што вечерта ја преспиваа јас додека возев позади пред задното стакло,двете.Во камп,приватно но и во хотел со уплатени 4 полни пансиони а тие едвај и можеа да одат тогаш но така малечки и на плажа ми собираа(една вреќа) секојдневно мали прекрасни камчиња на плажите јужно од Дубровник.Баш пред некој ден од тие разнобојни плоснати мали јадрански каменчиња си направив една масичка за на тераса и прекрасно изгледа(не ми текнало да ја сликнам,но секако после празникот ќе го направам тоа).
Но ако сте веќе на пат на тој дел на Јадранот мора да го посетите и Св.Стефан.
--------------
Муабетот ми беше,сега тие исти мој деца не можат да ги однесат ни до Пчиња својте деца преку лето на бар еден ден, ако не бев јас ни река ни езеро ќе видеа.
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
228
Поени од реакции
150
Overrated место...
стариот град на Дубровник прикажан горе е стварно убав, но се разгледува за 1 саат и после тоа или ќе седнеш да пиеш кафе или да јадеш, а е многу скапо.
Цел град иначе е обично комунистичко издание.
Еве оригинал објаснување точно за Дубровник. Ќе пиеш кафе, ќе платиш таму кузнее колку евра и ќе гледаш во ѕид. Стариот дел. У глобала е убав али само за на минување да го ѕирнеш и да шибаш! Мене од Хрватскиве краишта Макарска ми е по срце. Ептен убаво место, мирно, чисто, со насмеан народ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom