Др. Хаус ванаби "идеологија"

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566

Серијава, според гледаност, е на првото место. И, најверојатно, тоа не е случај затоа што ликот на Грегори Хаус спасува животи. Друго нешто привлекува.Но, Др. Хаус на страна...

Веќе со децении, сите медиуми форсираат вакви цинични ликови и тематики од разен тип кои некако се поврзани со цинизам, мизантропија, сарказам. А, го прават тоа само затоа што мнозинството истото го бараа.

Значи, човештвото (особено она кое припаѓа на "западната цивилизација") има веќе очигледна тенденција да се восхитува и поистоветува со ваквиот резон на размислување и дејствување.

Зошто?

-Што ве привлекува во ваквата "идеологија"?

-Дали воопшто ви се допаѓа, и ако не, повторно зошто?

-Сметате ли дека навистина нема простор за верба во нешта како љубов, искреност и сл.?

-Дали нивното негирање и потсмевање со истите е само одбрамбен механизам, или неопходност за секој малку по-разумен човек?
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673
-Дали воопшто ви се допаѓа, и ако не, повторно зошто?
Ми се допаѓа до одредена граница, т.е додека не прејде до глумење шатро извжиеаност и намќорење кое ретко на кој му личи...па сеа еден е Хаус мајку му.

Хаус е уствари лошо интепретиран од дебела маса народ која на сила се прави оперирана од емоции отрпната од проблеми на“обични смртници’’, истура бајат и напорен цинизам, и не верува у ништо оти ''everyone lies' Финален призвод cе катаљони избедирани намќори worldwide

ќе да ја утанав темата..: )
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ми се допаѓа до одредена граница, т.е додека не прејде до глумење шатро извжиеаност и намќорење кое ретко на кој му личи...па сеа еден е Хаус мајку му.

Хаус е уствари лошо интепретиран од дебела маса народ која на сила се прави оперирана од емоции отрпната од проблеми на“обични смртници’’, истура бајат и напорен цинизам, и не верува у ништо оти ''everyone lies''

ќе да ја утанав темата..: )
Ич не ја утна темава. :)

Иначе, и ја иам впечаток дека све живо со сила го имитира. А, на сите баш и не им стои.

Мада, ме занима и зошо толку е привлечно да си опериран од емоции и остало персонифицирано у Хаус?
Онака, кој им се мотивите на луѓето да се одушевуваат од такво нешто?
Пошо ова е еден вид на глобален феномен кој со години и години трае.

П.С
Поодамна читав у весник случај за некој поштар што се нафурал дека е Хаус, и почнал да им кажува на луѓето како поштата ги краде,т.е да ги просветлува, станал нељубезен, отсуствувал од работа...сакал да биде kewl ко Хаус...и го отпуштиле.

А коментарите на неговите колеги беа: For fucks sake, he's just a mailman. Who gives a fuck about those few cents "stolen" from the mail company?
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Она што моралните начела на пристојно однесување и културни манири го наложуваат за Др. Хаус е смешно и тој настојува во центарот на вниманието да се стави животот на пациентот, а не некои смешни примеси на морални ограничувачки фактори кои што директно или индиректно искажани би го спречиле лекувањето или доколку не биле кажани би предизвикале отсуство на важна алка во процесот на осознавање на сите симптоми на пациентот со што би го загрозиле животот на пациентот, тој сака преку детална психоанализа на пациентот, неговото семејство и денот кога се случил климаксот на настаните со што пациентот бил однесен кај него на да извлече максиумум податоци за да може да ја состави сложувалката и конечно да даде дијагноза но како што спомнав пред се тој цинички се однесува спрема оние луѓе кои предрасудите, срамот и малограѓанштината ги ставаат пред науката.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Морам да признаам...ми се свиѓа да бидам циничен и саркастичен, но тоа го употребувам со доза хумор и без навреда...
Порано се смеев на комедиите на Џим Кери, Роналд Аткинсон и друго стварно забавни комичари...Сега едноставно највеќе се смеам на сарказмот на хаус, и смотаните американски шеги...Толку многу ми влегоа под кожа тоа амерканските шеги, без смисла, и со голема доза на сарказам, што самиот се претварам во тоа...но најбедното е тоа што, го приметувам тоа, а несакам да се сменам...Верувам дека тоа користење на саркастични и цинични фрази цело време не е добро, но едноставно таков станав...Од друга страна добро е што луѓето ме прифаќаат таков, и “сфаќаат“ дека е шала...т.е. мислат дека е шала поради лажната насмевка што ја држам дур се исмејувам, но јас го мислам тоа до некој степен, а и мислењето ми држи вода...
Не сметам дека тоа е начин за напад, или одбрана...Едноставно сакаме кога ке му ја кажеме вистината малце изопачена на некого, или да бидеме цинични преку реторични прашања...
Д-р. Хаус, иако голем мизантроп, кој покрај неговата циничност и сарказам со кои ги повредува луѓето околу него, е медицински гениј, и спасува безброј животи. Со тоа на некој начин ја оправдува неговата суровост, и може да збори што сака колку сака и на кого сака...Сите сакаме да можеме да правиме што сакаме, нели? А згора на тоа, да си го храниме егото со фактот дека правиме добро, спасуваме животи.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ич не ја утна темава. :)

Иначе, и ја иам впечаток дека све живо со сила го имитира. А, на сите баш и не им стои.

Мада, ме занима и зошо толку е привлечно да си опериран од емоции и остало персонифицирано у Хаус?
Онака, кој им се мотивите на луѓето да се одушевуваат од такво нешто?
Пошо ова е еден вид на глобален феномен кој со години и години трае.
Исто како што на се` живо и диво им беше интересно пред некоја година да ги имитира Ребелде Уеј, Елит Веј Скуљ. Секој човек во животот според мене некогаш си се става во некоја фаза каде што мисли дека треба да се направи оригинален и да се истакне од околината. Океј е тоа, само што како што кажа ти, не на сите им стои тоа имитирање и кај некои дури изгледа смешно, што јас си го нарекувам филмање. :)
Не е само за Хаус идеологијата, ќе заврши Хаус, ќе се заборави, ќе дојде некој нов лик, па и тој лик ќе дојде на тапет за да биде копиран од другите. :)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Она што моралните начела на пристојно однесување и културни манири го наложуваат за Др. Хаус е смешно и тој настојува во центарот на вниманието да се стави животот на пациентот, а не некои смешни примеси на морални ограничувачки фактори кои што директно или индиректно искажани би го спречиле лекувањето или доколку не биле кажани би предизвикале отсуство на важна алка во процесот на осознавање на сите симптоми на пациентот со што би го загрозиле животот на пациентот, тој сака преку детална психоанализа на пациентот, неговото семејство и денот кога се случил климаксот на настаните со што пациентот бил однесен кај него на да извлече максиумум податоци за да може да ја состави сложувалката и конечно да даде дијагноза но како што спомнав пред се тој цинички се однесува спрема оние луѓе кои предрасудите, срамот и малограѓанштината ги ставаат пред науката.
Да, претпоставувам дека главниот мотив е тој.

Но, сум приметила дека просекот така не ја разглаба ситуацијата. Тој гледа циник, кој као навредува други, се потсмева на се, особено на емоции како љубов и сл. и прави што сака.

И настрана Хаус...Него го земав само како еден современ пример.
Децении наназад ни се сервираат ликови, текстови...разни форми било уметнички било присутни на медиумите, во кои наводната бесчуствителност, посочувањето на ништожноста и неискреноста на човекот, благиот садизам и сл. се нагласуваат. И уште поинтересно е дека луѓето тоа го сакаат.

Како да живееме во ерата на цинизмот и сарказмот.
Why? :)

Д-р. Хаус, иако голем мизантроп, кој покрај неговата циничност и сарказам со кои ги повредува луѓето околу него, е медицински гениј, и спасува безброј животи. Со тоа на некој начин ја оправдува неговата суровост, и може да збори што сака колку сака и на кого сака...Сите сакаме да можеме да правиме што сакаме, нели? А згора на тоа, да си го храниме егото со фактот дека правиме добро, спасуваме животи.
Баш така, он е гениј и он одлучува, индиректно за нечиј живот/смрт. Затоа и му е дозволено да прави што сака.

Уствари, сценаристите, у неговиот лик инкорпорираат еден вид на Бог (баш поради невероватните способности шо ги има). А, тоа човек го преведува како моќ, и нормално дека ја посакува. Ликот на Хаус ептен конвинира на егото.

Али, реално, колку од нас се такви?
Затоа и ја спомнав ситуацијата со поштарот у еден од претходните постови.

Конечно, не само Хаус...Се што е цинично, саркастично...Се е тоа начин да се осетиме над другите, да осетиме надмоќ.
Као те читам, ти ги знам сите мотиви и колку ти се бедни, и сеа ќе си играм курташак со тебе, пошо ми се може. А, плус и сум бесчуствителен, т.е не ми е гајле, па шо и да направиш не ме боли.

Од кога станавме луѓе на кои им е толку важно да не им е гајле? Од кога рамнодушноста е толку kewl?
 
Па мислам дека во последнава деценија негде, почна интензивно да се прикажува и на телевизија таквата моќ за исмевање, и ние, до пред тоа запознаени, но сепак исплашени од тоа да не е погрешно, молчевме, и траевме...Но кога излегоа милиарда серии, и ние секако ги следевме, и верувавме на медиумот, мислевме дека тоа е ОК...Дека тоа, штом е ОК на телевизија, ОК е и да го имплементираме во нашите животи...Пошто ние како луѓе, сме copy cat...Ги зимаме оние карактеристики/фрази/шеги/начини на однесување кои ни се смешни и добри, и сметаме дека е најдобро да ги користиме...
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Сарказмот, арогантноста и се во тој контекст односно Хаусовата идеологија која нам ни е прикажана како серијал, ни покажува колку ни е ограничена перцепцијата кога веруваме слепо во човештвото или кога сме заљубени. Да, одбранбен штит е. Значително поголема објективност и намалени шансите да бидеме повредени..

До таквите луѓе, општо зборам, потешко се допира но е вреден трудот.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.660
Поени од реакции
21.703
Како и на времето кога мелев на една друга подзаборавена тема од истиов подфорум, и после толку векови и еволуција, и покрај разумот и емоциите кои се својствени само за човечкиот род, сепак историјата па и сегашноста покажале дека најпосакувани и најуспешни одлики се токму анималистичките моќта, доминацијата, индивидуалноста, успехот, егото. А цинизмот и мизантропијата се алатки на таквите. На еден Ганди има дузина Сталинци, Нерони, Хитлери итн... Хуманоста, искреноста, љубовта и несебичноста генерално биле и се (за ќе бидат и во иднина не знам) во втор план. Сепак Хаус е индивидуалист, егоицентричен и доминантен. А тие одлики не се стекнуваат со букети ружи туку со "огин". Или човековата еволуција еден ден ќе го смени тој систем на интереси, или пак како и да напредуваме во иднина тие ќе останат доминантно посакувани одлики за мнозинството. А во денешницата Хаус е идолот, а Макијавели и Хобс се повеќе во право од другите (затоа што во филозофијата никој не е апсолутно во право).
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Да, претпоставувам дека главниот мотив е тој.

Но, сум приметила дека просекот така не ја разглаба ситуацијата. Тој гледа циник, кој као навредува други, се потсмева на се, особено на емоции како љубов и сл. и прави што сака.

И настрана Хаус...Него го земав само како еден современ пример.
Децении наназад ни се сервираат ликови, текстови...разни форми било уметнички било присутни на медиумите, во кои наводната бесчуствителност, посочувањето на ништожноста и неискреноста на човекот, благиот садизам и сл. се нагласуваат. И уште поинтересно е дека луѓето тоа го сакаат.

Како да живееме во ерата на цинизмот и сарказмот.
Why? :)
Не би рекла дека живееме во ерата на сарказмот, тој си постоел од секогаш, само конкретно за Хаус кога се зборува тој го применува цинизмот како еден подвид на хумор сакајќи да извлече што е можно повеќе информации за да може ментално да си ја склопи слагалката до симптоми , и да постави дијагноза, тој е саркастичен само во ситуации кога сака да извлече информации од семејството на пациентот од неговите колеги, бидејќи како што прикажуваат во серијата неговите колеги исто така се водат според некои општествено наметнати норми и морални начела што понекогаш занемаруваат и изоставуваат медицинско релевантни факти неопходни за поставување дијагноза така што кријат важни информации од Хаус и тој тоа го чувствува, затоа низ циничен и егоистичен пристап ги тера подсвесно да дојдат до точка на вриење каде што несвесно ќе им се испуштат тие информации што ги кријат од него така што се подбива со нив на нивна или на сметка на пациентот, како што кажав тој ги презира срамот малограѓанштината и наметнатите општествено морални правила а особено кога тие се ставаат пред медицината и битно релевантните информации за симптомите на пациентот(од страна на семејството, колегите и др) затоа тој си нашол излез преку еден хумористично циничен пристап да допре до нив, Хаус сака да биде најдобар во својата струка затоа него го нервира дури и самата помисла дека можно е да не го реши случајот и да не постави дијагноза заради предрасуди, морални стеги и слично.

Еве конкретно во една епизода кога лечеше една лезбејка, на девојката и беше потребен црн дроб, потребно беше да се пресади црн дроб за Хаус да добие во 2дена предност во време за да може да постави дијагноза, е сега на девојкава девојката имаше иста крвна група и сакаше да донира дел од својот орган, НО!! тука се вмеша колешката на Хаус која што не и дозволуваше на девојката донатор да донира орган зошто знаеше дека болната девојка сака да и раскине*таа и се исповеда претходно* и сметаше дека не е фер да спасуваш нечиј живот, а потоа да не ти биде возвратено со добро дело сакам да доловам поента дека колешката на Хаус ја стави моралната норма пред медицината.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Ве читав, си се чудев дали јас различно го перцепирам Хаус, или не сум гледала од по одамна па сум го заборавила неговиот лик.
Погледнав една епизода и дефинитивно различна перцепција имам бар од оној првиот пост на ада..
Типот е кул не затоа што е саркастичен и ироничен..
Типот е кул зашто се што кажува е реалност.
Ако на некој од ликовите му рече:
„You are an idiot“- тоа е зашто ликот во моментот е идиот.
Едноставно нема влакна на јазикот, си кажува она што е читливо, анализира се можно и ја бара логиката во секое нешто.
Башка, знае дека животот му е дааааалеку од совршен, заебан е и физички и психички, but he doesn't give a fuck about it!
И на сите тоа им е јасно.
Едноставно си поставил штит пред себе, од се може да се одбрани и се може да нападне.
А што има лошо во тоа не знам.
Егото му е огромно, реалист е до срж, гледа низ лагите и не допира ништо до него...

Децении наназад ни се сервираат ликови, текстови...разни форми било уметнички било присутни на медиумите, во кои наводната бесчуствителност, посочувањето на ништожноста и неискреноста на човекот, благиот садизам и сл. се нагласуваат. И уште поинтересно е дека луѓето тоа го сакаат.

Како да живееме во ерата на цинизмот и сарказмот.
Why? :)
Поентата е што сме навикнати да ни сервираат се маскирано:
"No Taub, your nose is not big, it suits your face.."
Секако дека на нашето его таа маска му годи, но се губиме во идеализираните и маскирани работи, градиме нов идентитет кога сме удобно сместени позади стравот од реалноста и уживаме во лажната реалност..

Не, нема ништо во реалноста што ја нуди Хаус, ликовите во серијата се повредени од реалноста од која бегаат а со која Грегори ги соочува, а не од „кретенизмот“ на Хаус како што тие милуваат да си кажат.

Случајот со поштарот..Well..You see, he’s an idiot..
Кога веќе некој презема идентитет на нешто што не е - нека се потруди да биде добар во тоа.
Не е поентата да бидеш злобен со сила, поентата е да бидеш реален и свесен за твојата реалност. Секако и да бидеш спремен за последиците кои те очекуваат кога ќе се нафураш на реалност:)
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Исто како што на се` живо и диво им беше интересно пред некоја година да ги имитира Ребелде Уеј, Елит Веј Скуљ. Секој човек во животот според мене некогаш си се става во некоја фаза каде што мисли дека треба да се направи оригинален и да се истакне од околината. Океј е тоа, само што како што кажа ти, не на сите им стои тоа имитирање и кај некои дури изгледа смешно, што јас си го нарекувам филмање. :)
Не е само за Хаус идеологијата, ќе заврши Хаус, ќе се заборави, ќе дојде некој нов лик, па и тој лик ќе дојде на тапет за да биде копиран од другите. :)
Да, да не заборавиме од каде дојде името рамбовки на пример. Или уште, за добар дел кој не за потценување репер се и шпански серии, а тука нема многу нити иронија нити цинизам, тука `се се филтрира низ исолзување, хистерија и патња. Или праење заврзлами и лошотии.
А на форум сме на пример бајаги иронично друштво. Мене лично, тука ми се почетоците. Љољ. Инаку не мислам дека овие форми те прават моќен или супериорен на некој начин. Мене ми покажуваат слабост, фрустрација, немоќ ама дефинитивно се кул тоа не спорам, те прават да се чувствуваш подобро, меѓутоа проблемот е што не ти ги решаваат проблемите. И тука сите се зезнуваме.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Како што кажа магде сите сакаат да бидат како Хаус затоа што хизи е "ослободен" од the social niceties, на многу луге им е скиснато да стават fake насмевки секој ден и да се прават како да се заинтересирани за тоа што им го зборите.

Но 99% од тие wanabes гледат само од едната страна, не ја гледаат малку потемната страна на хаус, фактот што тој е самец и неможе да најде пријатели бидејки повекето за него се идиоти и морони (90% и се морони и идиоти и...), но исто така забораваат и дека тој е insanly genius, додека во реалноста луге со негов левел на интелект се ретки.
Како примерот со поштарот погоре, ако немаш нешто да понудиш, никој нема да те трпи и ке добиеш foot up your ass.

ПС
Хаус е закон, неможам да дочекам септември да видам како ке излезе (и каков ке биде) од лудницата.
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Зошто?

-Што ве привлекува во ваквата "идеологија"?

-Дали воопшто ви се допаѓа, и ако не, повторно зошто?

-Сметате ли дека навистина нема простор за верба во нешта како љубов, искреност и сл.?

-Дали нивното негирање и потсмевање со истите е само одбрамбен механизам, или неопходност за секој малку по-разумен човек?
Зошто?
Затоа што мислат дека ако се издвојат од светот полн со емоции и среќа, луѓето ќе ги обожуваат, ќе им се клањаат, ќе им градат храмови, ќе им принесуваат жртви.
Кога не можеш да бидеш запамтен по добро, зошто да не бидеш запамтен по лошо? Moтово на денешната младина [од која ни јас, признавам, не се издвојувам], смрди на 100 метри.
Се` почесто градат идоли и култови на погрешните личности.
Океј, Хаус kixass, се` додека не почнаа сите да го имитираат, немајќи своја препознатлива особина.
Такви луѓе се најчесто оние кои не можат да најдат пријатели и да бидат среќни со средината која ги опкружува, па сами се изолираат, може од страв дека ќе бидат повредени ако некое чувство не им е возвратено, или не знам од која причина, која секако е погрешна.
И јас сакам да си играм, навредувајќи ги поглупите од мене, ако ми се укаже шанса, но кој не сака? Човечки е да сакаш да си доминантен, такви луѓе имало многу многу децении пред настанокот на култната серија. Но, факт е дека се зачестени.
Против серијата немам ништо, но, чудно е како еден лик може да го смени однесувањето на многу луѓе... Навистина.
Убаво е да си ироничен, ладен и да не веруваш на секој, но еј, не секој заслужил такво однесување, не?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom