Другарка на сопругот

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Другарка сум му јас и тоа надобра и не му треба ниедна друга:)..
А оние другарки кои му требаат како такви, или ги има од детство ќе треба јасно да ми докаже и објасни и плус да увидам јас самата дека не го привлекува како девојка, нема ни трунка симпатии за неа и она за него, и дека нема никаква сексуална привлечност измеѓу нив. Ако нешто од ова има, може да му биде минато во истиот миг зашто нејќам да го делам со ниедна никако и не сакам некој да ме мафта.......
А плус, добро познато ми е да пријателство помеѓу машко и женско е вистинска реткост, и скоро и да не постои. Зборам за право пријателство без некој од некого скриено и потајно го посакува и има желби неостварени. Има многу такви кои се влечат као другари со надеж да ке се деси нешто кога тогаш....Доказ за тоа е штом некој од нив ќе стапи во брак или озбилна врска,веднаш се губи тоа лажно пријателско дружење....
Леле ама сме љубоморни :)

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Љубомората е отров за бракот.
љубомората е отров за секоја врска, а не пак за нешто посериозно. но кој како милува, и кој како сака да биде третиран.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
љубомората е отров за секоја врска, а не пак за нешто посериозно. но кој како милува, и кој како сака да биде третиран.
Во право си, отров е за било каква врска. Пишав брак дека типката која е цитирана мислам дека е во брак а покажува неприкладна доза љубомора за сопругот.
 
Последно уредено:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Во право си, отров е за било каква врска. Пишав брак дека типката која е цитирана е во брак а покажува неприкладна доза љубомора за сопругот.
озбилно е во брак? аууууууу, ова нема да потрае жими мама. ќе му скурчи и ќе ја отера кај што не треба еден ден. не е на арно ова ако е навистина во брак. се некако ........... изгледа заради никот си помисли дека е од помладите, па ај си викам, ќе научи со советиве од тука.
касно е изгледа. и после ќе биде дека машките се злобни/лоши/кретени/курвари...... ју нејм ит.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Во право си, отров е за било каква врска. Пишав брак дека типката која е цитирана е во брак а покажува неприкладна доза љубомора за сопругот.
Секој со свои правила во животот, ја со моите па да видиме кој ќе зачува брак после 50 години минимум;) Со или без љубомората, нема општо прифатени правила за успешен брак..Некому тоа му одговара некому не...Затоа бираме со кого сме.Сите сме различни и ни сметаат различни работи...За мене љубомората не е проблем.Неискреноста криењето лажењето дека немаш привлечност за другарка ти, се проблеми во една врска или брак.
Иначе не сум во брак грешка си..;)
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Секој ос свои правила во животот, ја со моите па да видиме кој ќе зачува брак после 50 години минимум;) Со или без љубомората, нема општо прифатени правила за успешен брак..Некому тоа му одговара некому не...Затоа бираме со кого сме.Сите сме различни и ни сметаат различни работи...За мене љубомората не е проблем.Неискреноста криењето лажењето дека немаш привлечност за другарка ти, се проблеми во една врска или брак.
Иначе не сум во брак грешка си..;)
Ти со ваква љубомора нема ни месец дена да зачуваш брак а не па пола век :)

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Ти со ваква љубомора нема ни месец дена да зачуваш брак а не па пола век :)

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
Да не си Иван ТАРОТ гледачот :) па предвидуваш... Секој со своето.....Може твојот брак ќе пропадне ради варање со другарка ти и жената ќе те остави после 5 год брак. Све е можно и кај тебе ако гледаш така..;)
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Да не си Иван ТАРОТ гледачот :) па предвидуваш... Секој со своето.....Може твојот брак ќе пропадне ради варање со другарка ти и жената ќе те остави после 5 год брак. Све е можно и кај тебе ако гледаш така..;)
Кај мене нема љубомора ни од двете страни, иначе може кај тебе ке успее бракот ако се омажиш за двоцевка :)

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Секој со свои правила во животот, ја со моите па да видиме кој ќе зачува брак после 50 години минимум;) Со или без љубомората, нема општо прифатени правила за успешен брак..Некому тоа му одговара некому не...Затоа бираме со кого сме.Сите сме различни и ни сметаат различни работи...За мене љубомората не е проблем.Неискреноста криењето лажењето дека немаш привлечност за другарка ти, се проблеми во една врска или брак.
Иначе не сум во брак грешка си..;)
Дека пишуваше за себе, а темата е "другарка на сопругот" нормално претпоставив по некоја логика дека збориш од искуство во таква заедница. Да, секој со свои правила, и точно, нема општо прифатени рецепти за успешен брак. Но има општо прифатени фактори кои влијаат негативно врз брак (и обични љубовни врски). Кај сите бракоразводни постапки, надвор од формалноста, ако се истражат корените на пропаста на бракот, елементот што се повторува е секогаш љубомората (оправдана, неоправдана, единечна, взаемна, или поттикната од трета страна итн.).

Љубомората сади сомнежи. Сомнежите раѓаат параноја и ирационални (некогаш може и оправдани) стравови. Стравовите размножуваат деструктивни сценарија кои го цепат на делчиња тоа што сте граделе доста веројатно со години наназад. Дали ти си љубоморната страна, дали он, дали двајцата, не е важно. Мала доза љубомора е доволна да се покаже грижа, но ова што го пиша мене ми изгледа како презаситеност. А таквата љубомора покажува недостаток на доверба. Во врска или брак, која е поентата тие да постојат ако се нема доверба?

Ова не е натпревар инаку кукличке, па да мериме кој подолга врска/брак ќе има. Јас сум се уште премлад и премногу зелен за брачни води, имам уште многу леб да јадам, и уште многу драми на љубовно поле пред да дојде брак на ред (дај боже, само не овде во МК тоа сигурно). Ни јас немам правила од типот "how to..." за бракот, но имам "how not to.." кои знам дека се присутни како причинители за разводи врз база на туѓи искуства од луѓе во врски или брачни води. Викаат, паметниот учи од своите грешки, а мудриот од грешките на другите. Барем од тој аспект сум имал доста од кого да учам, и се уште имам доста за учење. За тебе љубомората не е проблем, како на тоа гледа твојот дечко? Не познавам дечко кој е тотално кул со тоа девојка му да е љубоморна, особено не до тој степен.

50 години минимум? Драга, гледај со твојот режим да го зачуваш дечко ти барем 5 години (ај да не речам месеци). Бракот носи и други проблеми, не само љубомората, дури и таа да е отсутна. Ама полесно е без неа. Од инает можеш да останеш со партнерот за да им докажеш нешто на другите или на себе, или да се убедуваш дека си направила правилен избор, или он дека направил правилен избор, но на што се сведува тоа? На одржување на фарса, ништо повеќе. Илузија пред семејството и пријателите. Има многу такви семејства во Македонија, пред сите глумат хармонија, а позади затворени врати не се поднесуваат. И на крај ќе прочитаме како некое навидум среќно семејство (според тие кои ги знаат) одеднаш ко на филм со ладно или огнено оружје си го скратиле бракот, воедно и животот, оставајќи позади себе луѓе во црно, тага, бес, и голема доза бунило, бидејќи нели среќните двојки кои никогаш не се скарале не ги замислуваш да се убијат едни со други.

Гледаш прерозово во однос на филозофијата која ја тераш. Сакам да ти укажам дека може да ти опали серија нус-појави за кои не си спремна да ги издржиш, ни сега, не па камо ли во брак.


PS: Tуууу па и ја што се распишав на темава, а подфорумов го немам отворено веќе месеци :D
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Кај мене нема љубомора ни од двете страни, иначе може кај тебе ке успее бракот ако се омажиш за двоцевка :)

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
Да јак педер е, секој ден по неколку пати се плескаме:LOL:
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Може сте и свингери па некој да ве плеска и двајцата :)

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
остај, се кажа што се мислеше, па нејзино е дали ќе размисли или не за кажаното.
знам многу кои се понашале така и за мене викале дека сум ненормален и сл пошто сум 0(нула) љубоморен, но испаднало после они да плачат. така да терај си ти твој филм, она/они нивни, па ќе правиме муабет по 5-10 год
 

Kajgana Shop

На врв Bottom