Дрогирање во центарот на Скопје

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Со свои очи сум видел припадник на алфа како му носи на свој пријател марихуана во болница. Му го сврте креветот одма до џамот овој си испуши и се помина добро. После неколку минути влезе сестрата, ја виде ситуацијата и коментарот и беше "Колку убаво мириса овде".

Зборот ми е има и дилери меѓу алфите тешко дека палат таму по топилници во толку големи количини кои вредат милјони евра сепак државата има ќар од тоа...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
легализација е широк поим
според мое мислење

синтетичките наркотици и стимуланси не би смеело да бидат легални
природните растенија не би требало да се уништуваат, но мора да се забрани масовно производство и трговија, односно треба да се пропише максимален број на легални растенија (габи) дозволени да се одгледуваат за лична употреба односно максимално набрани дивоизрастени растенија

употреба на наркотични средства и психотропни супстанци би требало да е забранета на јавни места....но не и во домашни услови или објекти лиценцирани за таа намена

управување со возило или вршење професионална дејност под дејство на наркотици или други психотропни супстанци е и мора да остане кривично дело

односно се додека сте дома (или во објект со лиценца - пример опиум бар) и не претставувате опасност за околината слободно може да уживате во даровите на природата
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.619
Поени од реакции
35.472
Да сумирам, мислам дека треба кај нас Марихуаната да се легализира и да биде под државна контрола нормално како афионот со коопранти а остатокот ќе биде работа на Алкалоид на Јака на Реплек а како ќе навалат туристи тоа ЧУДО ќе биде и најдобриот дел државната каса ќе биде полна

Легализација само на марихуана а на отрови како синтетичките наркотици и опијатите никако.
Легализација за медицински намени би бил одличен почеток.
Колку само мигрени и несоници и нервози, и еден куп здравствени проблеми, би можеле да се решат без правење од здрави луѓе -зависници од седативи и цел дијапазон други фармацевтски „лекови„ чија главна цел е финансиски профит.

Да не почнувам за болните од рак и други терминални болести кои последните мигови од животот ги поминуваат како зомбија, заради тешките седативи. Што ќе кажеш за ова turvior -дали на социопатија ве учат за тоа како еден убав џоинт може да замени еден куп тешки хемии кај пациентите?
Дали ве учат за зависниците од дијазепам? (или како веќе го викаат сега валиумот...?)
Не, не те прашувам за копиљаците кои (легално) го купуваат од аптека и го мешаат со алкохол, туку за армијата зависници од дијазепам кои здравството и докторите, како платена продолжена рака на фармацевтската мафија, и ден денес активно ги регрутираат од популацијата?
Што е тоа што нив ги прави поразлични од дилерот на Битпазар?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864

Не не учат, иако сето тоа сум го сретнал во животов .Социопатијата е само еден од малкуте неправни предмети, чунки јас правен учам, право, а не дрога. Во предметот имаш од роспишта и видови проститутки до коцка, педерана и наркоманија.
Околу мафијата, во 52-ра измислен е најдобар лек за рак, Нобелова награда за трудот, списите по вода како да не постојат, одиме на скап начин бидејќи ефтиниот не носи профит, ако е најефективен.
Поразлични ги прави законот. Дозволено/недозволено дејствие, пропишано, така фино спакувано кое ти ограничува. Или реченица од устав-Дозволено е СЕ шо не е забрането со устав и закон. Ете тие чичковиците кои се занимаваат со изработка на истите прописите, на некои им даваат овластувања на некои не, тие се интереси недостижни за очите на јавности и си тераат.
Сега ќе пробам да ти разграничам во мој случај разлика марихуана/дијазепам. Ако пробам(под претпоставка иако немам намера) тоа би било од бес, интерес, љубопитност. Дијазепам имам пробано, и можам да ти кажам поради која причина. За да издржам полесно погреб на личност која ја чувствував како брат. И нели само дремиш ко некоја утка, вештачки смирена додека дејството трае и трае, а човекот тони и тони во дупката ископана. Не по своја воља, не од бес, ниту љубопитност. А на нервоза, и стегната душа сите знаеме што катара може да се појави во нас, таа која ти ја спомна погоре, таа од која замина човеков.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.921
Поени од реакции
11.721
Drogiranje i pusenje treva ne e isto. Na sto drogi ste zaboga, retardiran narod!
--- надополнето: 27 јули 2013 во 01:20 ---
Да, точно... само ако ја конзумираш секој ден, ама буквално секој ден.
Da be da.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.619
Поени од реакции
35.472
...на нервоза, и стегната душа сите знаеме што катара може да се појави во нас, таа која ти ја спомна погоре, таа од која замина човеков.
Сите во животов имаме и успони и падови, некогаш лоши но некогаш и добри искуства. Но ништо, во ниту еден случај не е изговор, ниту оправдување за предрасуди. Законот може да вели сешто, ама ние луѓето треба да знаеме подобро. Зошто и законите луѓето ги прават, и законите луѓето ги менуваат.

Барем тука на форумите, двете страни можат (донекаде) анонимно и искрено да прават муабет. Идни правници, веројатно не читаат и понекој полицаец, или можеби неков друг вид на службеник иден или сегашен... и од другата страна тие што формално се прекршители на законот кој треба да се менува. Тука ги нема формалните препреки за искрен разговор, а вистината е една иако е релативна. Марихуаната неоправдано е исклучена од медицината, заради препреките од сегашните закони. Мислам дека ова заслужува повеќе внимание во едно денешно, модерно и отворено, општество.
 
Oвде само мало конкретизирање, обично интересите на највлијателните ги прават. Постојат закони кои се носат и каде ние обичниве смртници(иако тие не се ништо поразлични) не сме рецнати за било какво одобрение/согласност. Чинам добро го имаше разработено овој проблем Жак Русо во ,,Општествен договор"каде пишува-Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови. И така пробуваат да ни протнат некаква утопична состојба во која навидум се' е убаво, абе најубаво, да ти е мерак да си жив. Кај нас процесот на отворање мозок оди споро, не само за ова прашање, туку и за многу други. Како да чекаме времето да помине, па сетне да се присетиме дека можело и вака. Дотогаш оставаме работите да одат по некој одреден тек од постарите, со верба дека тоа била проверена формула на задоволителен успех од меѓучовечко општествените односи.

Јас знам дека марихуаната ја користат болните од рак, и знам дека сето тоа не е случајно. Ефектот целосно не ми е познат, но со сигурност ја намалува болката, а болката сум ја видел со свои очи иако не сум ја почувствувал. И имам размислувано додека се одвиваа сите тие непосакувани дејствија дека ќе беше подобро човекот полесно да поминуваше низ таа фаза. И тука ми застанало мислењето. Заклучокот со мозокот и мозочните клетки следува од прочитана теорија, која ја поткрепив со однесувањето на подалечни познајници кои можеби и претеруваат со 3 пати неделно. Јас тука не можам да зборувам за тоа што е нормално, што ненормално, кога и никогаш не сум укусил од то чудо. Едноставно само мразам некој да ме наведува на дејства кои ги практикува, како што мразам јас да ја терам женската да ги заслуша Редиохед, за да и речам welcome to the club, сега си покул. Си тераме со живото и тоа е тоа. Сите смртници, кој понаучен, кој помалку, кој повеќе му вари црпката, кој помалку и така. На крајот на краиштата сите одиме на исто место кога ќе дојди денот.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вчера последна тема пред да си легнам беше оваа што ја читав. Утринава се разбудив со песна во глава од чек дис аут наменета за темава Ти пропадаш јер се дрогираш.
Со свои очи сум видел припадник на алфа како му носи на свој пријател марихуана во болница. Му го сврте креветот одма до џамот овој си испуши и се помина добро. После неколку минути влезе сестрата, ја виде ситуацијата и коментарот и беше "Колку убаво мириса овде".

Зборот ми е има и дилери меѓу алфите тешко дека палат таму по топилници во толку големи количини кои вредат милјони евра сепак државата има ќар од тоа...
Па дали има дилери, тие се првата алка у синџирот.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.619
Поени од реакции
35.472
Не ми текна порано да го поставам ова. :)
Во ЛА Џими Кимел ги прашува минувачите на Холивуд булеварот дали некогаш имаат пушено марихуана. Препоставувам некои од одговорите ќе го натераат авторот на темава да отвори нова тема: ДРОГИРАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЛОС АНГЕЛЕС!!!

Пазете го дечкото на 03:46 ;)

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Во предметот имаш од роспишта и видови проститутки до коцка, педерана и наркоманија.
И јас ја учев педераната како девијација па нели е сменето уште?

Од која година е учебникот т.е стручната литература од која учите?

Одлично, па подобро џоинт во уста отколку к***ц и на крај краеви е сепак девијантна појава која влече низа последици и нарушувања(плус ширење на болештини) но наскоро ќе биде решена соодветно со менување на пол и тоа навремено за да се развие организам соодветен на мозокот кој го контролира.

Исто и морфиумот нема да биде зависен за наредниве максимум 10 години а тоа сега успева на глувци и примати зборам за апстиненцијалните синдроми т.н кризи а психичлкиот дел е друга работа.

Сериозно во канабисот има многу потенцијал и за економски бенефит за државата од акцизи и за конзументите во смисол на квалитет но и за многумина кои сега лечат инсомниа со доста тешки седативи и хипнотици од типт на флуразепам кој има и долго време на полуелиминација па така влија е на психофизичката активност 3 до 4 часа после будењето и ова е еден од потешките бензодијазепини, диазепам во споредба со овој е играчка а истиот е потенцира и продолжува дејство на опијати и можноста за злоупотреба е и во пракса докажана барем од бензодијазепините, иако потешко се доаѓа до најјаките сепак за 16-20 годишни млади лица и диазепам и хелекс е многу настрана фактот што користат и алкохол мислам тоа може да доведе и дури до откажување на функција на витални отгани а за оштетување да не продолжам.

Кај Марихуана ова го нема.

И навистина за жалење е фактот што млади лица од 18-22 години ќе треба да лежат во затвор за некоја си количина на марихуана и оттаму да излезат и со хепатит Ц и пореметени, најсериозно младината ни е насочена кон автодеструкција и МОРА да се преземат мерки и тоа да почне од дома па во школо и на улица бидејќи пекол ги очекува во иднина ама и тоа не е толку лошо, уште полошо страдат и нивните семејства браќа, сестри родители и на крај краеви самото општество а со нездрава и морално деградирана младина немојте да очекувате ниту пак да помислите на просперитетна иднина на моќна држава и правен систем, образовен систем и.т.н
 
Kajgana Shop

На врв Bottom