Кога само они би знаеле колку луѓе во своја околина имаат кои што тајно си конзумираат рекреативни дроги, што по журки, што после работа, што пред секс со партнерот, а за истите никогаш не би рекле дека се конзументи.
Умереноста е кључот.
Не си забележал контраефекти поради тоа што претпоставувам никогаш не си ја (зло)употребувал марихуаната секојдневно подолг временски период.
Зависи од човек до човек, но кај другарчиња имам видено каква психичка зависност знае да предизвика, па се тресат како пропелери и ги маваат агресии кога немаат спржено џок.
У врска со мамурноста не би се сложил, поготово ако дуваш пред спиење. РЕМ фазата у спиењето после дување е nonexistent, се будиш полустониран у даун и состојба каде што ти се потребни два саати и литaр golden eagle за да се вратиш у нормала.
Травата е ОК за конзумација, но никако секојдневно и големи количини (грам, грам и пол дневно).
За цигарите ќе се сложиме, единствена зависност која што ја имам осетено на своја кожа, тресење, агитација, агресиви при краткотрајна апстиненција.
Алкохолот е прича за себе, лично не преферирам да го конзумирам, а кога се дешава да го конзумирам стриктно умерено. Не знам која е убавината у пијанството.