Дали некој има искуства со земање пример спид,екстази додека си на антидепресиви?
.. тоа не е искуство, тоа е интоксикација и СМРТ !!!
ај, малку да објаснам,
Ecstasy или
MDMA (3,4- metilendioksi-N-metamfetamin) содржи и други супстанци меѓу кои и
ефедрин (баш таа супстанца за која се користи својството во капките за нос ефедрин во концетрација од 0,25% 0,5% и 1% дава 2ч деконгестивно дејство на воспалената носна слузница или
псеудоефедрин во антигрипозни лекарства чија забрана при спортски натпревари,демек делува како допинг токму поради ова својство) , освен овие две горенаведените супстанции екстазите можат да содржат уште кофеин, амфетамин како споредни супстанции во нивниот состав....
МДМА во вид на прашок делува побрзо со шмркање отколку орално земени во вид на таблети - екстази, дејството трае до два часа, а кулминацијата на ,,уживање,, после еден час од земањето, но т.н afterglow - секундарните ефекти се чуствуваат со денови (вртоглавица, грчеви на мускулите, висок крвен притисок и брз пулс, паника, општа мучнина)
и зошто тогаш се пијат екстазите? ...
оти самата хемикалија го провоцира максимално лачењето на серотонинот во мозочните клетки, кој е задолжен во нашето тело за расположение кое се чувствува максимално 3,4 часа еуфорија, расположение ...НО, после тоа серотонинот кој максимално бил излачен и сега потрошен во моментот прави да падне расположението испод секое ниво и сега уживачот на екстази има желба да се поврати повторно и истиот посегнува кон друга таблета екстаза, ама тоа ќе биде нова токсична доза, оти мозочните клетки веќе нема толку серотонин да излачи за добро распложение и тука е крајот на ,,уживанцијата,, и настапува afterglow - секундарните ефекти што ги спомнав погоре...
и на крај да кажам дека е посебно е опасна по живот комбинацијата на МАО инхибитори кои често се препишуваат како антидепресиви со екстази чија комбинација често може да даде смртни последици!
апсолутна контраиндикација на комбинирање на екстази со антидепресиви што ДОВЕДУВА ДО СМРТ! тоа за тебе е искуство?