Државни или фамилијарни факултети!?

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
По првиот дел (од пред месец дена) за непотизам на дел од факултетите на УКИМ, следува вториот дел.

Прв дел.


Над 40 случаи на фамилијарни вработувања се пронајдени на Медицинскиот факултет во Скопје во текот на извршената контрола од страна на државниот инспекторат за образование. Според податоците претставени од министерот Никола Тодоров, во контролата на инспекторатот биле вклучени 12 факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ каде се пронајдени низа неправилности. Седум фамилијарни вработувања регитрирани се на факултетот за стоматологија, 12 на машинскиот, 4 на електротехничкиот и по еден случај на правниот и факултетот за физичко. Според Тодоров, Факултетите кои биле проверени не водат ниту евиденција за реализирање на наставата, така што инспекторите не можат да најдат доказ што ќе ги потврди честите поплаки од студентите дека наместо професорите, предавања им држат асистенти и демонстратори.
Министерот Никола Тодоров најави измени на Законот за високо образование за да се спречат судири на интереси на факултетите, зашто сега не постои правна можност за санкционирање на семејните релации. Измените, како што појасни Тодоров, ќе значат регулирање на тоа прашање, кое досега воопшто не е уредено во законот. За искоренување на состојбата која трае децении, МОН ќе соработува и со Антикорупциската комисија.

Тој истакна дека целта е да им се даде на сите дипомирани еднаква шанса да напредуваат и да имаат пристап до асистентско место и реално да се вреднува нивниот труд.

За отсуството на професорите од настава рече дека сериозно го доведува во прашање квалитетот на високото образование и, како што рече, „не ставаат пред сериозна обрвска ова во најскоро време да го регулираме и да го забраниме“.

- Не можеме да дозволиме професорите да не знаеме дали држат настава или не и за тоа да бидеме информирани од студенти, родители или од невладини организации. Мора да има организиран систем на евиденција, кој ќе ни покажува дали и на кој начин се извршува оваа, би рекол, најблагородна професија, рече Тодоров.

извор

Втор дел.

Нови случаи на непотизам на УКИМ, откри ДПИ

Непотизам има на сите факултети, освен на економскиот-констатирала просветната инспекција која денеска го заврши чешлањето на УКИМ. Откриле пет нови случаи на семејни вработувања на Педагошкиот факултет, три на Филолошкиот, два на Металуршкиот и по еден случај на Филозофскиот и на Земјоделскиот факултет. Во претходната контрола инспекторите открија 66 случаи на непотизам на скопските факултети од кои 40 на Mедицинскиот.

-Претходно ги вработиле на некои несоодветни места во библиотека или на некои споредени места во мегувремено таткото бил декан или професор на факултетот.Тие напредувале во катедрата од асистент, доцент и кога таткото заминал во пензија тие го наследуваат ја земаат катедрата.Такви случаи има на катедрата 4-5 на Педагошкиот Факултет има поединечни на други факултети, изјави Џорџе Арсов, дир. на Државен просветен инспекторат.

Во наодите на инспекторатот стои и дека професори воопшто не доаѓале на работа, не држеле предавања. Студенти се жалеле дека не можат да ги најдат професорите ниту за консултации.
На битолскиот универзитет пак, конкретно на Факултетот за Туризам инспекторите откриле 5 случаи на непотизам. Во моментов два случаи на релација татко- дете работат на факултетот, а во другите три случаи професорите се во пензија, а на нивно место работат нивните деца.
Од понеделник просветните инспектори комплетно ќе извршат увид во работењето на штипскиот универзитет. Следи чешлање на битолскиот и на државниот тетовски универзитет.

Со измените на законот за високо образование, кој се уште е во работна верзија, се предвидуваат казни токму за професори кои не одат на работа-вели директорот на просветниот на инспекторат. Казините се од 3 до 5 илјади евра, и тоа за професорот, деканот и ректорот. Со законот се предвидуваат и отпуштања од работа за професорите кои не си ги завршуваат своите обврски, а го уриваат и авторитетот на високото образование.

Извор

Следува скенирање и на останатите универзитети.
Значи, се поставува прашањето: Имаме државни или фамилијарни факултети?
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
ова вака ветува многу, ама ќе видиме дали ќе има казнети и отпуштени, редно време е да ги доведе во ред сите овие хаотични ситуации, јас деканот/ката ја немам ни видено воопшто, незнам како се вика, незнам како делува и која е нејзината функција, повеќето од професорите воопшто не им го знам изгледот, на оние кои што им го знам ги имам видено 3-4 пати воопшто во 3 години, ама па затоа знам како ми изгледаат асистентите и демонстраторите, нив секој ден си ги гледам
 
Член од
2 декември 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
државни или фамилијарни факултети

што се чудите ова не е нешто ново самода се потсетиме на медицина кој можеше да студира икој можеше да се запосли на клиника а не и само таму исто е насекаде со малиисклучоци затоа и доовде дојдовме :nesvest:

--- надополнето ---

за жал ништонемаме трагедија сме имаме само кадар со некои квази дипломи од странство на кои се пали нашата Влада од универзитети за кои никој не слушнал,ама тие денес се во мода,пораноза да завршиш факултет мораше да се учи,имаше врски ама понекој ,денес сите станаа магистри а празни шупелки
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
ова вака ветува многу, ама ќе видиме дали ќе има казнети и отпуштени, редно време е да ги доведе во ред сите овие хаотични ситуации, јас деканот/ката ја немам ни видено воопшто, незнам како се вика, незнам како делува и која е нејзината функција, повеќето од професорите воопшто не им го знам изгледот, на оние кои што им го знам ги имам видено 3-4 пати воопшто во 3 години, ама па затоа знам како ми изгледаат асистентите и демонстраторите, нив секој ден си ги гледам
Околу казнувањето на професорите.

Професорите нејќат екстерно оценување ни мрзливи колеги

Предавам повеќе од шест предмети. Ќе имаме големи маки ако се ограничи бројот на предмети на три. Кога ќе се сфати дека немаме кадар за да се подели материјата? Старите професори појдоа во пензија, млади доктори на науки, едноставно, нема - Јордан Живановиќ

РЕАКЦИИ ЗА НОВИНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Екстерното оценување може да го спроведе само некој подобар од нас, а мрзеливите колеги и треба да останат без работа. Има професори што студентите не можат да ги најдат на факултет, иако постојано ги има на телевизија.

Вака универзитетските професори ги коментираат новите предлог-измени на Законот за високо образование, кои предвидуваат да се избрка од работа професор што не си ја врши работата, а казни од 5.000 и од 10.000 евра за деканот и за ректорот ако не го сторат тоа. Новина е и тоа што ќе се проверува дали професорот подарува оценки и дали во еден семестар тој предава повеќе од три предмети.

Овој закон сé уште е во работна верзија, а веројатно ќе почне да се спроведува од наредната академска година.

- Јас сум „за“ да се казнува неработењето. Слободно нека дојде деканот и нека види дали држам настава и испити. Но тоа треба да важи и за самиот декан, кој исто така предава. Не знам како ќе се изведе екстерното тестирање. Тестовите се прегледуваат компјутерски, јас сум само должен да ја впишам оценката што веќе ја утврдиле освоените бодови. Сум „за“ и да не се предаваат повеќе од три предмети, но државата нека вработи нови професори – вели Томе Груевски, професор на студиите по новинарство на Правниот факултет.

Автономијата е дадена поради совеста, вели в.д. деканот на Економскиот факултет Благоја Ѓорѓиовски, кому му е логично несовесните да бидат казнети.

- Поддржувам вакви измени во однос на казните. Ќе треба да платам 5.000 евра ако не избркам од работа професор-неработник, но што ако го натерам тој да ја плати казната наместо мене и сепак да остане на работа – прашува Ѓорѓиовски.

Според него, екстерното тестирање е глупост.
- За да ме оценува некој, треба да биде над мене, треба да знае колку мене, односно повеќе од мене. Бесмислено е и јас да оценувам дали некој мој колега пишувал објективни оценки – додава Ѓорѓиовски.

Факт е дека, наместо професорите, предавања држат нивните асистенти и во ред е да се санкционира тоа

Ист став има и Јове Кекеновски, професор на битолскиот универзитет.

- Прашање е како тој екстерен оценувач ќе го проверува знаењето на студентот и колку време откако студентот ќе ја добие оценката? Второ, сега се полага преку колоквиуми, нема усно полагање. Оценката е склоп од бодовите добиени од тестови, присуство на часови, изработката на семинарски, есеи. Факт е дека, наместо професорите, предавања држат нивните асистенти и во ред е да се санкционира тоа – вели Кекеновски.

И професорот Саво Климовски смета дека треба да има ред во одговорноста на професорите, оти има такви, како што вели, што студентите не можат да ги најдат на факултет, иако ги има постојано на телевизија.

Една од новините е и тоа што се ограничува бројот на предмети што треба да ги предава еден професор – не повеќе од три. Јордан Живановиќ, деканот на Технолошко-технички факултет во Пробиштип, предава повеќе од седум предмети.

- Големи маки ќе имаме ако се воведе ваква новина. Кога ќе се сфати дека немаме кадар за да се распределат предметите. Старите професори појдоа во пензија, млади доктори на науки едноставно нема – вели Живановиќ.

Како што веќе објави „Нова Македонија“, новините во Законот предвидуваат казна од 5.000 евра за деканот на факултетот што нема да избрка од работа професор или асистент што не одржува предавања односно вежби. Освен за деканот, казна во овој случај има и за ректорот - 10.000 евра. Освен казните, предвидено е задолжително да се воведе електронска евиденција на факултетите, како и задолжително да има настава на англиски јазик.

НОВАМАКЕДОНИЈА

На сите факултети има семејни кланови.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
што се чудите ова не е нешто ново самода се потсетиме на медицина кој можеше да студира икој можеше да се запосли на клиника а не и само таму исто е насекаде со малиисклучоци затоа и доовде дојдовме :nesvest:

--- надополнето ---

за жал ништонемаме трагедија сме имаме само кадар со некои квази дипломи од странство на кои се пали нашата Влада од универзитети за кои никој не слушнал,ама тие денес се во мода,пораноза да завршиш факултет мораше да се учи,имаше врски ама понекој ,денес сите станаа магистри а празни шупелки
За кое „порано“ збориш? За она „порано“ во кое баба ми била учителка со завршено 8мо одделение?Или за она во кое другата баба учела до 4то одделение таблица множење и азбуката? Или за она порано до пред некое време за кое беше доволно средно за да бидеш учител? Или началник на полиција? Или 8мо одделение за инспектор? Што тоа се учело? Дали овие денешни политичари припадници на постарата генерација се резултат за тоа што порано се учело? Очигледно, затоа што не ми изгледаат на студенти а се прилично помалце едуцирани од голем број студенти во 2ра и трета година - а да не правам споредба со денешните магистри. Она што пред десет години сум го учел во 8мо одделение, денес го учат децата од 6то одделение. Дојдовме до овде не поради тоа што денес не се учи, туку заради тоа што порано не се учело. А оваа генерација што денес учи, ќе го даде резултатот за 10-15 години, па тогаш судете.

ПС Екстерното оценување е голема глупост како што е во моментов. Не може оценувањето да се врши после или пред внесувањето на оценката. Многу од учениците учат на памет, само колку да пројде испитот. Тие кои тоа го прават, веднаш забораваат и кога ќе дојде екстерното оценување секако дека оценката која ќе се добие нема да биде иста со таа на испитот. Каде е тука вината на професорот? Се што може да се направи е да се проверат прашањата кој испитот ги содржи, дали се валидни односно дали го оценуваат тоа што е предвидено во наставниот план за предавање, дали времето предвидено за испитот е доволно, дали имаат јасни инструкции и содржат речник разбирлив за учениците и сл. А потоа да се проверат бодовите и оценките. Со тоа би се спречиле сите невалидни оценки, професорите би се едуцирале, а и притисокот од трети страни би се намалил затоа што професорите не би имале можност да интервенираат во оценки, или да бидат водени од свои лични чувства (дали го сака/не го сака студентот, комшија, внук и сл).

А инаку и во други постови напоменував дека на државните универзитети професорите ниту си ја ценат работата, нити ги ценат студентите. Нема ни да доаѓаат додека не се воведе закон кои би ги спречувал да отсуствуваат повеќе од 3 пати (исто како на студентите на некои од факултетите). Не зависат од студентите, туку претежно како што наведе, гледаат на факултетот како на фамилијарен бизнис само спонзориран од страна на народот (државата) во кој немаат што да загубат. Не е толкав проблем што ете влегле фамилијарно - е проблем, не дека не е, ама барем да си ја работат својата работа, па може да се замижи на тој факт.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Многу од учениците учат на памет, само колку да пројде испитот.
Тоа е голем проблем. Важни се оцените, а не стекнатото знаење. Погрешно размислување, а кога веќе ќе сфатат каква грешка имаат направено, веќе е доцна.

А инаку и во други постови напоменував дека на државните универзитети професорите ниту си ја ценат работата, нити ги ценат студентите. Нема ни да доаѓаат додека не се воведе закон кои би ги спречувал да отсуствуваат повеќе од 3 пати (исто како на студентите на некои од факултетите). Не зависат од студентите, туку претежно како што наведе, гледаат на факултетот како на фамилијарен бизнис само спонзориран од страна на народот (државата) во кој немаат што да загубат. Не е толкав проблем што ете влегле фамилијарно - е проблем, не дека не е, ама барем да си ја работат својата работа, па може да се замижи на тој факт.
На државните факултети, проблемот е што професорите мислат дека студентите се таму за нив, а не дека тие се таму за студентите. Тоа нивно погрешно сфаќање доведува до проблеми. Би било добро доколку со новите измени во законите, тоа би се санкционирало па да имаат што да загубат доколку не работат како што треба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom