Државна Матура 2023

Вито Корлеоне

Вито Корлеоне - Кралот на форумската џунгла
Член од
3 јануари 2023
Мислења
18
Поени од реакции
8
Почитувани членови на форумот,

Како што се приближуваме до државната матура во 2023 година во Македонија, вреди да се разговара за моменталната ситуација околу испитите и испитните програми и како тоа ќе се одрази на учениците. Пандемијата донесе многу промени и тешкотии, вклучително и преминот кон онлајн учење и појавата на лажни закани со бомби во училиштата. Овие случувања имаа значително влијание врз образовниот систем и оставија многу студенти да се чувствуваат преоптоварени и несигурни за иднината.

Би сакал да отвориме дискусија на форумот за да ги слушнеме вашите мислења за реализацијата на државната матура во период на економкса криза.

- Што мислите, како ќе се одрази сегашната ситуација врз учениците и кои чекори треба да се преземат за да се обезбеди нивната безбедност и успех за време на испитите?
- Дали годинава треба да се одложи државната матура или верувате дека испитите треба да се одржуваат и покрај сите случувања?
- Дали паметен чекор беше тоа што направија пакети со стручни предмети?
- Дали стручните и гимназиските училишта треба да го полагаат истиот материјал по мајчин јазик?
- Дали оваа генерација која можеби само 2 години беше присутна со физичко присуство на самите предавања заслужува полагање на државна матура?
- Кои се вашите размислувања за неодамнешните лажни закани за бомби во училиштата и како тие влијаеле врз учениците?

Би сакал да ги слушнеме вашите размислувања и мислења на оваа тема и се надевам дека оваа дискусија ќе обезбеди вредни сознанија и перспективи за сите вклучени.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
- Што мислите, како ќе се одрази сегашната ситуација врз учениците и кои чекори треба да се преземат за да се обезбеди нивната безбедност и успех за време на испитите?
Не треба да се превземаат чекори за безбедност и успех. Учениците треба да почнат да учат.
- Дали годинава треба да се одложи државната матура или верувате дека испитите треба да се одржуваат и покрај сите случувања?
Кои случувања? Тепањето на дилерот во охридско?
- Дали паметен чекор беше тоа што направија пакети со стручни предмети?
Времето ќе покаже.
- Дали стручните и гимназиските училишта треба да го полагаат истиот материјал по мајчин јазик?
Треба. Македонскиот јазик да не има во електро 64 букви?
...преземат...
О, да, треба да се превземе нешто околу мајчиниот јазик во училиштата.
- Дали оваа генерација која можеби само 2 години беше присутна со физичко присуство на самите предавања заслужува полагање на државна матура?
Заслужува, ако за тоа време учела. А уште повеќе заслужува да полага државна матура, ако скитала.
- Кои се вашите размислувања за неодамнешните лажни закани за бомби во училиштата и како тие влијаеле врз учениците?
Во нормална држава тој што пријавува "бомби" во училиштата треба да биде в затвор. А ако е малолетен, неговите да плаќаат огромна глоба. Само не сме држава ние.
***​
Накратко. Кој учи, ќе учи и за државна матура. Тоа што дозволивме со образованието како и со сè друго да си играат во Мала Речица, или на дисперзираните студии по садење моркови во Чепигово и Тројкрсти сме сами криви.
Видов колку децата од мојот град учеа за време на короната. Кога требаше да се на часови имаа корона или беа во изолација, инаку се убија од шетање.
Закани од бомби? Па бомбата е поскапа од училиштето. Сега гледам и обезбедувања има по училиштата, па...
Образованието нема врска во државава. Кецарошите и бубалиците пак ќе рмбаат по фабрики. Само неписмените ќе бидат горе. Секој паметен мисли како да ја дувни од кафезов.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
сите полагале матура не знам зошто вие не би полагале. Јас на времето без никакво учење извадив 4 на македонски и на англиски, камо ли па некој што се спремал и ја знае материјата ко што треба. На матура највеќе се примеќаат оние подарени оценки.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
maturata treba da se ukini i da se polagaat priemni za sekoj fax posebno, vo deneshno vreme e samo edna golema farsa i prevara, i troshok na nash dzep
Или да се полага нешто слично на SAT.
 
Член од
12 септември 2016
Мислења
98
Поени од реакции
487
Почитувани членови на форумот,

Како што се приближуваме до државната матура во 2023 година во Македонија, вреди да се разговара за моменталната ситуација околу испитите и испитните програми и како тоа ќе се одрази на учениците. Пандемијата донесе многу промени и тешкотии, вклучително и преминот кон онлајн учење и појавата на лажни закани со бомби во училиштата. Овие случувања имаа значително влијание врз образовниот систем и оставија многу студенти да се чувствуваат преоптоварени и несигурни за иднината.

Би сакал да отвориме дискусија на форумот за да ги слушнеме вашите мислења за реализацијата на државната матура во период на економкса криза.

- Што мислите, како ќе се одрази сегашната ситуација врз учениците и кои чекори треба да се преземат за да се обезбеди нивната безбедност и успех за време на испитите?
- Дали годинава треба да се одложи државната матура или верувате дека испитите треба да се одржуваат и покрај сите случувања?
- Дали паметен чекор беше тоа што направија пакети со стручни предмети?
- Дали стручните и гимназиските училишта треба да го полагаат истиот материјал по мајчин јазик?
- Дали оваа генерација која можеби само 2 години беше присутна со физичко присуство на самите предавања заслужува полагање на државна матура?
- Кои се вашите размислувања за неодамнешните лажни закани за бомби во училиштата и како тие влијаеле врз учениците?

Би сакал да ги слушнеме вашите размислувања и мислења на оваа тема и се надевам дека оваа дискусија ќе обезбеди вредни сознанија и перспективи за сите вклучени.
Ова генерација го сметаш?Мене повеќе новиве генерации ми се дегенерации.Зошто не би полагале? Ние без учење, вадевне по 90птс на матура.Сваќам корона, бомби, војни, ама тие деца имаат по 18год зар мислиш дека една корона им влијае на учењето и животот, а по цел ден прават собиранки?Очигледно бараат оправдување за све па и за матура
И да, мене ми е криво што не сум се замарал повеќе во средно, ако не учат и посветуваат време сега тешко за понатака.Ако сакаат среден живот, нека си го стоплат малце столчето и нека се посветат на областа која им одговара со факс или без.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
А зошто да не би полагале?

Секоја година истиот муабет кој се сведува само на едно нешто -- што е можно помалку да се учи.

Или да се полага нешто слично на SAT.
Па во принцип SAT ти е како матура, само што различни универзитети имаат различни критериуми во однос на поените коишто се постигнати на SAT, за упис.
 
Член од
28 јануари 2023
Мислења
4
Поени од реакции
2
Искрено, не знам што да кажам за нашава држава.
Приемен - нема, дипломи од натпревари - не се признаваат, аплицирање на два факултети - тоа само за напредни држави, а препишување на матура - е ова е на максимум (лично познавам лица кои добиле најдобри резултати на матурата лани (беа први во цела Македонија) СО ПРЕПИШУВАЊЕ).
За жал, сме дојдени до тој степен што треба да си ја менуваме националната определеност за да си ги оствариме сопствените соништа (идните доктори).
ПРОКЛЕТА МАКЕДОНИЈА!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
А зошто да не би полагале?

Секоја година истиот муабет кој се сведува само на едно нешто -- што е можно помалку да се учи.

Па во принцип SAT ти е како матура, само што различни универзитети имаат различни критериуми во однос на поените коишто се постигнати на SAT, за упис.
Не сум го полагал јас, ама го полагаа луѓе што ги познавам, и од тоа што видов беше далеку од матура, дури и условите во кои се полага.

И кога сум полагал јас, и сега, сметам дека се потребни приемни и матури и да се дигнат критериумите на највисоко ниво во образованието. Поарно да имаш квалитет, отколку квантитет, за кој к** да се трошат пари во образование кога повеќе од пола од тие што ќе завршат ќе работат некоја работа за која е многу и средно образование.
Тие пари што сега се пумпаат во високото образование, може да се пренасочат во стручните средни, или институции за преквалификација.
Ние и да сакаме да дигаме индустрија немаме стручен кадар, саде неписмени/полуписмени писари.
 
Јас имам полагано и SAT и државна матура, така што можам од лично искуство да направам компарација.

Кај SAT имаш различни делови: општа математика, знаење на англиски јазик (граматичко), разбирање текст и пишување есеј на одредена тема (точно како беа деловите именувани не ми текнува, но во суштина беше ова). Дополнително, во зависност од барањата на американските универзитети на коишто сакаш да аплицираш може и да си одбереш дали сакаш да полагаш и уште некој SAT кој е специфичен за одреден предмет. Разликата помеѓу матурата и SAT е тоа што во матурата при полагање мајчин јазик нема и дел за оценување општо математичко знаење. На некој начин ова сакаа да го направат од ДПМНЕ кога сакаа да воведат задолжително полагање математика на матура. Според мене, идејата и не им беше лоша меѓутоа реално, во тој случај, би требало да се направат две посебни полагања математика. Едно основно, за сите, во кое би биле оценувани некои општи основни математички знаења (доколку се запишуваш на правен, медицина, ликовна академија и сл.) и една напредна верзија (доколку се запишуваш на технички факултет, математика и сл.).

Во однос на тоа дека непотребно се пумпаат пари во високото образование, делумно се согласувам. Непотребно се пумпаат пари во високото образование на различни места (пример, новоотворениот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, кој реално е политичка одлука на ДУИ и компанија), наместо да се насочат истите средства на неколку државни универзитети (на пример, да постојат државни универзитети само во четири града: Скопје, Тетово, Битола и Штип).
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705

realno treba da postojat najmnogu 2 univerziteti, a kako odi vremeto i eden i stroga selekcija da ima za potreben kadar so toa najmnogu ke se kreni nivoto, isto i vo sredno prvo go prajs da ne e zadolzitelno da ne se zapisuva sekoja retardirana budala i posle go krevash nivoto,ne mora da se so site petki i sekoj da uci sto najmnogu saka pa da odi da se proba za na priemen na fax, ako ispolnuva uslovi pochetni za faxot da mozi da se zapishi a ne kako sea 100 nasto od srednoskolcite na fax, isto gi kinam momentlano i segashnite privatni fakulteti, ne se tie na nivo da delat diploma od visoko obrazovanie...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Јас имам полагано и SAT и државна матура, така што можам од лично искуство да направам компарација.

Кај SAT имаш различни делови: општа математика, знаење на англиски јазик (граматичко), разбирање текст и пишување есеј на одредена тема (точно како беа деловите именувани не ми текнува, но во суштина беше ова). Дополнително, во зависност од барањата на американските универзитети на коишто сакаш да аплицираш може и да си одбереш дали сакаш да полагаш и уште некој SAT кој е специфичен за одреден предмет. Разликата помеѓу матурата и SAT е тоа што во матурата при полагање мајчин јазик нема и дел за оценување општо математичко знаење. На некој начин ова сакаа да го направат од ДПМНЕ кога сакаа да воведат задолжително полагање математика на матура. Според мене, идејата и не им беше лоша меѓутоа реално, во тој случај, би требало да се направат две посебни полагања математика. Едно основно, за сите, во кое би биле оценувани некои општи основни математички знаења (доколку се запишуваш на правен, медицина, ликовна академија и сл.) и една напредна верзија (доколку се запишуваш на технички факултет, математика и сл.).

Во однос на тоа дека непотребно се пумпаат пари во високото образование, делумно се согласувам. Непотребно се пумпаат пари во високото образование на различни места (пример, новоотворениот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, кој реално е политичка одлука на ДУИ и компанија), наместо да се насочат истите средства на неколку државни универзитети (на пример, да постојат државни универзитети само во четири града: Скопје, Тетово, Битола и Штип).
Клучна разлика е што кај САТ критериумите се стандардизирани. Тука имавме апсурдни ситуации каде во една училна се решава тестот со професорот заедно а во другата пиле не може да прелета. Така бар беше во мое време. На факс кога дојдовме децава од другите градови беа со далеку појаки перцентили иако беа доста послаби во знање од скопските гимназии како Орце, Корчагин.. Исклучок битола, од таму исто имаше спремни деца.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Тивкичко нешто на темава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom