Држава во која живееме

Член од
16 март 2017
Мислења
12
Поени од реакции
20
Темава ја отварам за да споделите слични искуства со моиве, да лечиме комплекси предизвикани од нашата мила држава.
Пред неколку месеци купив ново (12 години старо се смета за понова кола кај нас нели) возило со потрошен сет ламела. Си отидов во сервис со комплет нов оригинален сет за кој платив повеќе од 200еу. После само неколку илјади километри сетот откажа повторно (потисната плоча и друк лагер), ама овој пат на мое изненадување не само што треба да платам работна рака за новиот (рекламиран сет (фала ти господе)), туку треба да купам и нов варијабилен замаец бидеќи претходно здравиот е оштетен благодарение на вибрациите од фабрички неисправниот сет. И така радосен бидеќи ќе си платам околу 600еу ни крив ни должен, си отидов на свирка (пејач сум), и си го местам микрофонот за да ме пречека уште поголемо изненадување. Новиот sennheiser микрофон (претставен во Јуни годинава) за кој платив 750еу од овластена продавница, не функционира. Дугмето чија задача е да го мутира сигналот на микрофонот, не функционора. (Само за инфо, на стрес тест е предвидена бројка од неколку стотици илјади пати притискање). Микрофонот го имав месец дена и е користен околи 10 пати. Сабајлево заврши во пратка на сервис. Кулминацијата во овие 3 дена се случи откако дома најдов писмо дека пратката од ebay е пристигната, поштарот дошол ама немало никој дома и оставил документ дека е вратена во поштата во ПП. Си велам еј супер ми дојде кинеското радио за во кола. И така среќен одам во пошта, добивам одговор да се вратам поручек бидеќи пакетов бил кај поштарот уште, ќе го донесел после 15h. Си одам дома изреволтиран како е можно поштарот да се шета со мојот пакет 3 цели дена. Ајде си велам ексик се случува. Се враќам во 16h и оп друга смена во поштава, си го барам пакетов, вработената го гледа документот неколку секунди превртува очи и ми вели утре сабајле во 07 дојди. Моментално ми се крена притисокот и и велам неможе утре, 3 ден е ова дајте ми ја пратката или податоци од поштарот па или ќе го барам лично или ќе пријавам кражба во полиција. Типкава се изнервира и стана почна да пребарува и да издишува, цинично ме праша кој сум бил јас и дали сум носел лична карта да проверела дали сум јас, па после доставување на сите потребни документи отиде во магацин, ја донесе и буквално ми ја фрли преку шалтер. Да и го искоментирам однесувањето не ми дозволи писмото кое ми го фрли бидеќи ми одвлече внимание. Чекај сега, чекам пакет со радио, а добивам писмо? Го отварам писмото и добивам информации дека пакетот е во царина во Скопје поради царински трошоци. А? Царински трошоци за кинеско радио од 19eu. Во неверување вртам на броевите од царина доставени заедно со документов и се разбира едниот е недостапен, на другиот никој не одговара. Ова ми е 76 пратка од интернет патем. Никако да сфатам за што се работи, зошто ми бараат царина за уред од 19еу, кога според закон не се плаќа до 45еу. По кратка консултација со колега, дознав дека при проверка на пакетов, не верувале дека е толку ефтин и сега ми бараат дополнотелни извештаи од банка, ebay и тн дека стварно сум платил толку. Автоматски пратката која што и онака доцнеше недела дена, благодарение на мк пошти, сега ќе доцни уште толку благодарение на царина која не треба да ја има воопшто.
Ова е мојот личен дневник како граѓанин на Македонија во само 3 дена.
Прашањето ми е: какви производи ни продаваат во државава и дали некој има задолжен за проверка на квалитетот на истите? И која будала не е писмена да прочита дека се работи за кинеско радио кое што неможе да помине цена повисока од 30-40еу? Зошто воопшто е на функција за која не е способен?
Ps: не мешајте политика исти пенис се сите.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Така е, смрт за сечачи на нокти потпрени на балкон и за јадачи на кајсии кој фрлаат голушки на хауби од коли.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Со царинење поштенски пратки, таква ти е работата кај нас - зависи како станал тој што работи таму. Дали расположен или не. Имам милион случаи каде што бараат царина за нешта, за кои во ниту една земја во светот не бараат. Или пак несоодветно високи царини, без никаква причина. Дури и неколку случаи каде што немало никаква царина за скапи производи.
А при увоз на стока, царинењето е посебна приказна - на пример увезуваш серија на Најк патики со ликови од Дизни. Ти бараат доказ, не дека се оригинал (тоа е очигледно и без дилема), туку доказ дека Најк има право да става ликови од Дизни на патиките. Ти посочуваат да им покажеш копија од договорот помеѓу тие две фирми/бренда. Ти ги контактираш Најк и им кажуваш, што ти треба од нив, за да ја увезеш стоката. Они се крстат... True Story
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
За случај со царина е не е толку проблем - ќе платиш и тераш, ама најинтересно е кога нештото што си го нарачал и чекал толку време завршува кај поштарот дома.
 
F

Flatter

Гостин
За случај со царина е не е толку проблем - ќе платиш и тераш, ама најинтересно е кога нештото што си го нарачал и чекал толку време завршува кај поштарот дома.
Можеби поштарот сакал да слуша радио неколку дена :D
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Дa се нaдoврзaм зa царината бидеќи честo пoрaчувaм прaтки oд ибеј и aли.
Случaјнo или не aмa oд кoгa дoјде живoтoт цaринaвa стaнa мнoгу пo ригорозна. Ми имaaт цaринетo прaтки oд 30 и 45 дoлaри. А зa вo споредба вo минaтите 4 гoдини сaмo еднaш сум плaтил цaринa a сум требaлo дa плaтaм бaрем 10тинa пaти. Сегa чекaм прaткa oд 300еу, кoјзнaе кoлку ќе ме сoгoлaт. Знaчи немa веќе гaгa т.е кaкo ќе ти се пoгoди нa цaринa.

Втoрo oткaкo вoведoa трaкинг систем нa сите прaтки, пoштaвa стaнa дуплo пoбaвнa. Еднa неделa им требa прaткa стигнaтa вo СК дa јa пуштaт зa OХ.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Нема да мешам политика не ме интересира. До сега имам преку 70 порачки онлајн и си ги знам законите. Царина за електронски уред до 45еу НЕМА. Тие ми бараат докази дека радиото е стварно толку ефтино. BTW денес добив одговор дека бројот (trucking number) не "соодејствува??" Со тој шо сум го пратил. Па им пратив 9 слики со потцртан број за да можат полесно да го најдат. Ова не е хумано..
 
Зa твoетo рaдиo oд 19 еу не требa ни цaринa ни дaнoк. Инaче нa 22 еу се плaќa дaнoк, a нaд 45 еу и дaнoк и цaринa. Oвa е вo глoбaлa, имa и исклучoци. Зa тoa требa дa се пoгледне царинскиот тaрифник.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
16 март 2017
Мислења
12
Поени од реакции
20
Само да ве поздравам. За радиото чија вредност е 1280ден, платив 680денари за да го подигнам. Платив и царина и ддв и лежарина и не знам уште шо. Фактички скоро 60% од цената си лапна државата.
 
Од секогаш се случувале овие работи со царината и поштата. Типична лотрија... Добродојде во оваа БАНАНА ДРЖАВА другар... тоа е тоа
 
S

silmarillion

Гостин
У вези царина, еднаш нарачав роба од Англија преку DHL (не ни знаев дека се они достава), робата беше околу 60 ЕУР. Еве уште чекам резултати од анализа на крв и генетски предиспозиции за наследни болести за да ја стават робата на зелен канал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom