Освен што државата скинува социјална помош, скинува и инвалидски пензии...
Велешанецот Јосе Крстев поради здравствени проблеми изминатите две години бил корисник на времена инвалидска пензија. Во овој временски период здравствената состојба на Јосе се влошила.
На последната контрола пред Комисијата на ПИОМ за продолжување на пензија во неговото досије пишувало дека тој боледува од канцер на носот, склероза, има валенбергов синдром и преживеано два мозочни удари, но семејството добило според нив изненадувачко Решение. Во него пишувало дека тој е работоспособен. Сопругата Драгица сигурна е дека Комисијата погрешила. Таа вели, Јосе неможе сам да се движи, а лекарите од Комисијата вели дека тој е работоспособен, ова мора да е грешка.
„Сметам прво дека не е прегледан како што треба, второ воопшто документацијата не е земена во обзир, затоа што нервниот доктор по ЦД ето кажа дека е многу влошена ситуацијта. Јосе не се движи сам, незборува со никој“, рече Драгица Крстева.
Одлуката на Комисијата, Драгица ја обжалила. Очекува неправдата да биде исправена, бара помош и од министерот за здравство.
„Да се сретнам со министерот за здравство да се разгледа предметот и би ја замолила комисијата на ПИОМ повторно да го разгледа случајот и да види дека стварно се работи за човек со многу дијагнози неспособен за работа и болести“, рече Крстева.
58 годишниот Јосе, 31 година работел во Киро Ќучук. Тој и невработената сопруга сега опстојуваат со средствата кои од Центарот за социјални работи ги добиваат на име нега за болно лице. При нашиот престој во домот во кој тие се кираџии Јосе несакаше да зборува. Неговата сопруга вели дека депресијата надвладејала кога му соопштиле дека во Црна Гора работејки на брод, несреќно животот го загубил нивниот син.
http://www.lisica.mk/index.php/veles/glavni-vesti/4334-krsteva-jose-nemozhe-sam-da-se-dvizhi-a-komisijata-veli-rabotosposoben-e.html
Ова е еден од најновите методи на ограбување на граѓаните.
Па мора некако да се наполнат дупките во буџетот, мора некако да се плати за спомениците и за Скопје 2014.
Цајканите никако да се вратат назад во станица со бараниот минимален број на пишани казни, изгледа граѓаните ги почитуваат законите и прописите, па сега ќе ги ограбуваат на ваков начин.