За болдираново се сќинав од смеење најискрено...Па овие имаат по 5-6 деца уште пред владата да го донесе законот за трето дете...Некои имаат деца од по 10-15-20 години...Тогаш тој закон не постоеше. Пак им е државата крива? Немој да ја бараш кривица таму каде што не е, државата не им е за ништо крива, сами си се криви. Никој насила не ги тера да прават по толку деца кога не работат ништо и немаат примања, на жими мајка не се гледаат деца, ниту пак да чекаш државата да ти ги гледа и да ти ги плаќа сите трошоци за нив. А толку високата стапка на невработеност во оваа држава ја прават токму они.
Добро е малку да се опуштиме и насмееме, но ако погледнеш од друга страна..."проектот" трето дете (3 и повеќе деца) токму затоа беше критикуван. Ако ги тргнеш на страна овие луѓе, дали знаеш колку чини издршка на семејство со 2 деца? Со храна, вода, греење, без купување облека, техника...значи ништо фазла освен 4-5 кока коли и неколку пива и кафе за гости. Десетина илјади се само давачки за греење, даноци, телефон (со минимум зборење), а каде се давачки за школо, факултет...види колку ќе чини додавање на овошје и макар едно парче облека, еден ваучер за мобилен, но овие вториве се нели "луксуз", така барем не убедуваат (барем велат цигари се луксуз). Од друга страна што ако влада (или друг министер, друг состав) донесе одлука да се укине помошта за над 3 деца? Сигурно не издржуваш семејство па можеби затоа изгледа смешно, но е напротив жално.
Постои голема несигурност во државава, секојдневно се менуваат или носат нови одлуки кои по правило го удираат најнискиот о оние слоеви до него.
Секако сум против оној кој заработува сума одредена на онаа за социјална заштита, истата да ја примаат. Но за тоа постојат служби кои тоа треба да го сработат, да врз основа на недвижен имот и легални редовни примања се направи селекција за социјална заштита, а не врз база на нередовни пари од стакло или пластика. Дали агенцијата за вработување им понудила работа? Дали провериле редовност и висина на приходи? Дали провериле недвижен имот?
Регуларна држава, идна членка на ЕУ... ниедна таква држава не укинува заштита по овој паушален основ без набројаните предуслови. Едно што не е законски, друго што се зголемува стапката на криминал, а се зголемуваат и други социјални и здравствени проблеми. Социјалната заштита не е тукутата воведена...ако збориме за регуларна држава, но ако разговорот се однесува на држави од типот на Хаити, тоа е друго прашање. Според муабетиве, испаднавме Елдорадо за вработување и плати.
--- надополнето ---
Коментарот ти е без никаква поента и тотално редундантен. Кој сака да работи ке најде работа.
Моите имаат фабрика. Доаѓаат луѓе на 2-3 дена и не се појавуваат веќе...тешко им било, не знаеле, ова било она било. Па уште не сакаат да бидат пријавени зашто ке го изгубат социјалното...Убаво кажаа, кој сака да најде работа ке најде. Нема да зема 1000 евра ама нема да преживува со 2000...или и јас лажам...или можда сум моментално у штаб :о Или едноставно некои луѓе не сакаат да ја видат реалната слика.
Поентата е, меѓу другото, дека има луѓе што работат и земаат социјална помош во исто време. Колку да е непоштена државата, толку е непоштен и народот.
П.С
Обично кога човек нема пристоен одговор, почнува со обвинувања, навредувања и превзема слични прости мерки.
Овие преку агенција за вработување ги барате? Сте понудиле јавни огласи со строго утврдени критериуми за работа и плата...за да видат социјалците дека работа има?
Инаку има доста такви фабрики, но муабетот кој сака да работи ќе работи добро осмислен од газди, фирмаџии кои ќе ти дадат најмала можна плата, згора на тоа ќе те казни неколкупати и ќе земеш колку за леб и млеко. Сигурно тепачките и караниците за плати и права по фабриките за чевли и текстил не се оти им е досадно на работниците.
До оние кои велат -има работа ама нема кој да работи- навистина би сакал да е така, но доколку ги тргнете дуќаните, фабриките, бизнисите на страна и побарате самите (како обични апликанти, без врски и семејни пријателства) каде може и за колку да се работи. Откако ќе поработите кај некој газда (како обичен работник, без протекции) 2-3 месеци, тогаш може да се навратиме на муабетот дали има работа и дали некој нејќе да работи и дали сте можеле да прехраните семејство и себе со тие пари...и Орка се фалеше дека има работа ама...испадна сосем друго.
Не напињам повеќе у темава пошто гледам дека сме подобри и од германците за вработувања, нема сврха да се разубедуваме луѓе од разни социјални слоеви и различни светови.