Државата скинува социјална помош - уште колку време остана до банкрот?

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
За социјална помош извисија 11.000 семејства



Со масовно укинување на социјалните пари за најсиромашните граѓани, власта произведува социјална бомба, обвини Зоран Заев

СТРУМИЦА - „За социјална помош извисија 11.000 семејства во Македонија или 40.000-50.000 граѓани. Само во Струмица се изготвени или издадени повеќе од 600 решенија за укинување на правото за добивање месечна социјална помош“, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција. Тој ја обвини власта дека произведува социјална бомба со масовното укинување на социјалните пари за најсиромашните.

Дел од социјалците во Струмичкиот регион на кои во 2011 година им е укинато правото за добивање надомест вчера протестираа пред Центарот за социјална работа во Струмица. Сите беа гневни и револтирани од ваквата одлука на центарот бидејќи, како што изјавија, ообразложенијата за неа биле неосновани и неиздржани.

„Владата на Груевски остави илјадници семејства без корка леб, без око да и' трепне и без да размисли за судбината на тие луѓе. Веројатно секому му е јасно дека месечната помош од 1.800, 2.000 или 2.500 денари е само за леб. Треба ли со лебот уште нешто за јадење, парче облека, огрев за да имаат топол дом или да ги платат сметките за струја и за вода. Тогаш нормално е луѓето да бараат спас за да дојдат до некој денар повеќе. Сезонското аргатување, собирањето пластични шишиња или старо железо и слични работи како обид за преживување не треба да бидат причина за укинување на парите без предупредување или укажување да се пријават тие приходи“, истакна Заев на вчерашната прес-конференција.

Според него, има примери на граѓани кои од социјалната програма на Општина Струмица примиле 2.000-3.000 денари за лекување дете, купување кубик дрва или за слични потреби, поради што останале без социјална помош. „Малку и' беше на власта што успеа од Македонија да направи европски рекордер во сиромаштија, па како да сака да ја докусури и онака бедната социјална слика за нашава земја. Масовното укинување на социјалната помош е уште еден доказ дека оваа расипничка политичка гарнитура не избира средства како да го исцеди и последниот денар од граѓаните за реализација на своите мегаломански и налудничави проекти од типот ‘Скопје 2014‘, кои се буре без дно“, истакна Заев. Тој го повика Министерството за труд и социјална политика да ги преиспита, односно да ги повлече решенијата за укинување на помошта.

Социјалците од Струмица приложија решенија од кои можеше да се види дека укинувањето на помошта било направено поради минималните приходи што ги оствариле во минатата година, а ги добиле на трансакциски сметки што биле евидентирани во Управата за јавни приходи. Граѓаните што останаа без пари најавија дека правдата ќе ја бараат на суд.

„Примав социјална помош. Во меѓувреме побарав и добив помош од Општината во износ од 2.000 денари зашто детето ми беше болно. Токму ова ми се смета како дополнителен приход бидејќи исплатата одеше преку сметка, па ми ја укинаа социјалната помош од која живееше моето петчлено семејство“, се пожали Абди Арифов, еден од луѓето што протестираа пред центарот во Струмица.

Директорот на Центарот за социјални работи, Кире Поп Трајков, вчера потврди дека 500 домаќинства останале без социјална помош. „При годишната обнова на документите за социјална помош преку Управата за јавни приходи е утврдено дека овие семејства во текот на 2009 година преку своите трансакциски сметки имаат остварени приходи што не ги пријавиле при годишното обновување во документите за социјална помош. Затоа што лажно ја прикажале имотната состојба на своето домаќинство, тие го изгубиле правото на социјална помош во наредните 12 месеци. Исто така, се задолжуваат да и' ги вратат на државата парите што ги зеле неоправдано “, објасни Кире Поп Трајков, директор на центарот.

Инаку, вчера министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ги демантираше обвинувањата од Зоран Заев, дека масовно се укинува социјалната помош. Тој појасни дека станува збор за корисници за кои е утврдено дека остварувале приходи по други основи. „Ние ја разбираме потребата за добивање евтини политички поени на партиите, но не можеме да разбереме како може политичка партија да се труди да го заштити незаконското искористување на буџетските средства“, рече Бајрами. Тој информира дека имало случаи во кои за корисник на социјална помош е утврдено дека има остварено приходи од еден милион и 500 илјади денари, како и од 600, 500, 400 илјади денари... Против лицата за кои е утврдено дека биле корисници на социјална помош, а остварувале приходи по други основи ќе бидат изготвени решенија за враќање на незаконско користење буџетски средства. (Е.П.)
http://daily.mk/cluster3/614f8e0b99549477224b03d819c138f7/550447

Се спремаат и да ги тужат
Колку луѓе можат да преживеат на 1500-2000-2500 денари месечно?

Ова е сигурен знак дека нема пари во Буџетот
Банкрот кога ?
Мај ?
Јуни?
Јули ?
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Таква е политиката на државата,
на форумов потиликата е забранета.
Не коментирам повеќе.

Морам морам да искоментирам.
МИЛО И СРЕЌЕН ќе бидам кога ќе ги казнуваат.
Ради таквите децата без родители неможат да дојдат на ред за своите парични финансии кои им следуваат.
Веќе 3 месеци се борам за своите права заедно со братми и сестрами.
Не да ги казнат нека ги уништат тие кои имале парични средства од друга страна и добивале пари од социјалното.
Убаво во законот стои кој има право а кој не.
Слободно нека ги иселат од дружавата.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Таква е политиката на државата,
на форумов потиликата е забранета.
Не коментирам повеќе.
збориме за економија и буџетот
Кога се кинат пари кај најсиромашните и се ризикува да се има социјални немири значи дека касата на државата е празна. Патем политиката и економијата овде се испреплетени така да не може да гледаш скинување социјална помош како само политика овде е повеќе економија то ест означува нешто друго на економски план
Морам морам да искоментирам.
МИЛО И СРЕЌЕН ќе бидам кога ќе ги казнуваат.
Ради таквите децата без родители неможат да дојдат на ред за своите парични финансии кои им следуваат.
Веќе 3 месеци се борам за своите права заедно со братми и сестрами.
Не да ги казнат нека ги уништат тие кои имале парични средства од друга страна и добивале пари од социјалното.
Убаво во законот стои кој има право а кој не.
Слободно нека ги иселат од дружавата.
:nesum:
Кажи ми само си пробал да живееш со 2000 денари месечно?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
збориме за економија и буџетот
Кога се кинат пари кај најсиромашните и се ризикува да се има социјални немири значи дека касата на државата е празна. Патем политиката и економијата овде се испреплетени така да не може да гледаш скинување социјална помош како само политика овде е повеќе економија то ест означува нешто друго на економски план

:nesum:
Кажи ми само си пробал да живееш со 2000 денари месечно?
Не ги знам подробностите, само нагаѓам...да не се работи за луѓе кои имаат имоти, работат или слично?
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Дочитајми го коментарот бидејќи пополнет ми е.
Ти го прочитав мислам дека не си го прочитал текстот или си читал тоа што ти одговара
Повеќето луѓе не можат да преживеат само со 2000 ден социјална помош, дел од нив им била скратена помошта ради тоа што користеле помош од други програми како пари за операција или за купување огрев, дел од нив им била скината бидејќи земале пари од бавчата што саделе позади ( декар - 1000 квадртатни) и собирале старо железо, дел од нив работеле како сензонски работници ( пази сезонски) за неколку стотина денари дневно.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
На факултет сум.
Сестрами и братми се средно.
Не работам никаде.
А некој што имал мал бизнис и плус земал пари па тоа е за стрелање според мене.
Во која држава ти си видел дека децата без родители и родителска грижа се без пари?!?!
Одговорими на тоа прашање.

Тие што земаат 1000-2000 се работно способни луѓе моажат и требаат да работаат.
А не да седат и чекаат од државата.
Како што јас едвај чекам овој факултет да го завршам и да се вработам и тие можат да одат да работаат.

Ради таквите паразити, децата интелигентни страдаат зборам за оние со мојот статус.
НЕмаш пари за ова, немаш пари за она.
Зошто? Епа има илјадници случаеви кои за 30 евра прават мајмунлук и земаат социјалното иако имаат преку 1000 евреи месечно примања непријавени.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Не ги знам подробностите, само нагаѓам...да не се работи за луѓе кои имаат имоти, работат или слично?
Не бе мило се работи за луѓе кој што собирале старо железо а на предавање на истото морат да дадат лична карта и да бидат запишани,или за пластични шишиња собирање па некој од мало ги искодошил кај градоначалникот или некој што бил на гроздобер или берење јаболка еднаш во годината
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
На факултет сум.
Сестрами и братми се средно.
Не работам никаде.
А некој што имал мал бизнис и плус земал пари па тоа е за стрелање според мене.
Во која држава ти си видел дека децата без родители и родителска грижа се без пари?!?!
Одговорими на тоа прашање.

Тие што земаат 1000-2000 се работно способни луѓе моажат и требаат да работаат.
А не да седат и чекаат од државата.
Како што јас едвај чекам овој факултет да го завршам и да се вработам и тие можат да одат да работаат.

Ради таквите паразити, децата интелигентни страдаат зборам за оние со мојот статус.
НЕмаш пари за ова, немаш пари за она.
Зошто? Епа има илјадници случаеви кои за 30 евра прават мајмунлук и земаат социјалното иако имаат преку 1000 евреи месечно примања непријавени.
Наброј еден
Сеа ќе почнат бајките од типот ’има луѓе по кафани значи добро е“
Дали прочита дека повеќето едвај се издржуваат и дека на некои им скратиле помош пошто користеле други програми?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
На факултет сум.
Сестрами и братми се средно.
Не работам никаде.
А некој што имал мал бизнис и плус земал пари па тоа е за стрелање според мене.
Во која држава ти си видел дека децата без родители и родителска грижа се без пари?!?!
Одговорими на тоа прашање.

Тие што земаат 1000-2000 се работно способни луѓе моажат и требаат да работаат.
А не да седат и чекаат од државата.
Како што јас едвај чекам овој факултет да го завршам и да се вработам и тие можат да одат да работаат.

Ради таквите паразити, децата интелигентни страдаат зборам за оние со мојот статус.
НЕмаш пари за ова, немаш пари за она.
Зошто? Епа има илјадници случаеви кои за 30 евра прават мајмунлук и земаат социјалното иако имаат преку 1000 евреи месечно примања непријавени.
Знам дека си револтиран ама не трескај глупости кој со над 1000 евра месечно би одел да бара 30 еу соцјалка ? па нека бидат и 300 еу месечно ??? ПС : да не звучам лошо но зошто бе бате мислиш дека ако си дете без родители треба да имаш повластици? па и децата на оние родители кој земаат соцјално се бетер од тебе тие неможат ни на факултет да се запишат? по кој основ ти треба да бидеш привилигиран ? само затоа што те оставиле родителите сам и отишле во странство да печалат ? тоа ли тие нај големиот ергумент ? Па плус и станови требало да ви се даде волови по 30 години се деца без родители кој сакаат гага стан иако малтене познавам случаеви кој немаат татко и мајка од 18 години ама нели тие имале до 17 18 години нив кој ги ебе, битни сте вие станче ова она па работа. Нема бе бате наполниш 18 години кој те ебе грижисе самиот за себе ова според твојата логика
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Законот го знаем ко Оче Наш.
Законски им следуваат тие 600 денари за огрев или струја.
Заради тоа сигурно не им е ускратена помошта!
Мора од трансакција некоја на нивните пари да влегла во извештајот во Општина во оној Нето Приход.

Ме прашуваш дали можам да живеам со 2.000.
Сум бил и месец дена на леб и маргарин.
Не ми опраај со колку можам да живеам.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Знам дека си револтиран ама не трескај глупости кој со над 1000 евра месечно би одел да бара 30 еу соцјалка ? па нека бидат и 300 еу месечно ???
Море остај тоа секогаш ќе има глупав народ мислејќи дека некој беден таму што зачпарал 3000-4000 на црно им е крив а не оние кои седат во фотелја . Во америка таквите се нарекуваат useful idiot .
Туку колку време пред банкрот ниеден не е луд да крати помош за најасиромашните освен ако ептен не е работата до нож стигната

--- надополнето ---

Законот го знаем ко Оче Наш.
Законски им следуваат тие 600 денари за огрев или струја.
Заради тоа сигурно не им е ускратена помошта!
Мора од трансакција некоја на нивните пари да влегла во извештајот во Општина во оној Нето Приход.

Ме прашуваш дали можам да живеам со 2.000.
Сум бил и месец дена на леб и маргарин.
Не ми опраај со колку можам да живеам.
Од каде интернет тогаш?
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Знам дека си револтиран ама не трескај глупости кој со над 1000 евра месечно би одел да бара 30 еу соцјалка ? па нека бидат и 300 еу месечно ???
Ти знаеш ли што се дешава?

Доволно ти е да имаш нелегален бизнис/непријавен.
Парите ќе ги земаш нели и нема да имаш документ од каде дошле парите.
За да го искористиш тоа доволно е да имаш човек во Социјалното.
Некој социјален работник.
Доколку твоите документи немаат цифри од пари твои ти добијаш социјална помош.
Добија сите по 12.000 за деца ученици? Добија...
А да, за мајмунлукот, епа така прават 20 евра јас 10 евра социјалниот работник.
Да така прават.

Не само тие социјалци туку и работниците кои им помагале треба да се казнат.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Скај Дог, поентата е дали мислиш дека сега ти ќе ги добиеш парите кои те следуваат?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ти знаеш ли што се дешава?

Доволно ти е да имаш нелегален бизнис/непријавен.
Парите ќе ги земаш нели и нема да имаш документ од каде дошле парите.
За да го искористиш тоа доволно е да имаш човек во Социјалното.
Некој социјален работник.
Доколку твоите документи немаат цифри од пари твои ти добијаш социјална помош.
Добија сите по 12.000 за деца ученици? Добија...
А да, за мајмунлукот, епа така прават 20 евра јас 10 евра социјалниот работник.
Да така прават.

Не само тие социјалци туку и работниците кои им помагале треба да се казнат.
Пак тресеш глупости имаш компјутер 24 / 7 од каде ти пари за тоа ? интернетот не е потреба! не е ни мобилниот а според мене и ти имаш не пријавен бизнис и само сакаш да ќариш некоја пара поише и бесплатен стан
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Ти знаеш ли што се дешава?

Доволно ти е да имаш нелегален бизнис/непријавен.
Парите ќе ги земаш нели и нема да имаш документ од каде дошле парите.
За да го искористиш тоа доволно е да имаш човек во Социјалното.
Некој социјален работник.
Доколку твоите документи немаат цифри од пари твои ти добијаш социјална помош.
Добија сите по 12.000 за деца ученици? Добија...
А да, за мајмунлукот, епа така прават 20 евра јас 10 евра социјалниот работник.
Да така прават.

Не само тие социјалци туку и работниците кои им помагале треба да се казнат.
Кој нормален што заработува добро би се чепател за 20 евра месечно по институции ?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom