Сега јас си имам еден проблем со моево куче, таман мислев дека решив све, плус не е веќе мала, 20 месеци има. Ама настана сега нова ситуација.
Цело време зима некои работи од по дома што не се нејзини, на пример чорапи, ги краде од фиоки итн.. Доаѓа кај мене и како да ме предизвикува да ја карам и бркам, а одлично знае дека НЕ СМЕЕ да зима ништо што не е нејзино.
Пример јас си седам, она споро доаѓа до мене со чорапа во уста, мафта малку со опашот, ме гледа со криви очи и полека се оддалечува. Значи може комотно доколку сака да гризе чорап тајно да си земе и да го гризе, ама она намерно сака јас да ја видам. Откако ќе ја приметам ако станам и свикам почнува да ми бега. Ако ја игнорирам легнува на неколку метри од мене а чорапот го остава до неа. Штом потстанам или погледнам во нејзин правец брзински го фаќа со заби и пак истото.
Си реков ајде ќе и го направам меракот и јас од рака ќе ѝ дадам еден пар искинати чорапи. Ги зема, ги пофрла 2-3 пати и ги остави, не ги рецка. Пак вади и ми носи други, забранети. WTF??
Е сега да беше само на чорапи, ќе ја ставев на ignore, може ќе искинеше неколку пара ама ќе ѝ здосадеше. Работата е што зима и други работи, ќибрити, гуми, пенкала, сунѓери итн. кои што не можам да си дозволам да ги уништува.
Што е финтава со вакво понашање и дали може да се реши? Карање и ќотек не помага, во моментот застанува и пушта и после 5 минути пак е во акција.