Дресура

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
[SIZE=+1]Истрчан пес + брзо одење = можеме да започнеме[/SIZE].
Можете да одберете збор кој ви одговара: НОГА, ПОРЕД, ЛЕВА...
Поставете го кученцето во положбата "СЕДИ" од вашата лева страна. Кажете: НОГА и тргнете полека во некој правец, тргнете со левата нога, не со десната. Со благо трзнување на поводникот потстикнете го кученцето да стане и да тргне.
Ако кученцето оди многу брзо или заостанува, со благо трзнување на поводникот повлечете го или сопрете го и вратете го кај вашата лева нога. Продолжете да одите со истата брзина, во ист правец, и секогаш ако побрза или ако заостане, прекорете го со поводникот.
Секој пат кога ке побрза или заостане, ке осети непријатно затегнување на поводникот, а ако тоа не е доволно да го спречи во непожелното однесување, опоменете го со нежно повлекување на поводникот.
Штом ова добро се совлада, почнете да се движите на различни начини. Осмица, цик-цак, вртење на лево или десно... Трудете се кучето да биде весело и заинтересирано, Од време на време застанете и кажете му да седне, па пак одново, фалете го обилно.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Поводникот држете го со двете раце. Крајот на поводникот држете го во десната рака, и тоа ви е ”главна” рака со која што го водите песот! Со левата рака само лабаво го придржувате поводникот, т.е. со левата рака ”го управувате песот”.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
ПРАВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ

Изиграјте се со песот на некое на него познато место и терен, по можност заштитен од многу надразнувања (сообракај, минувачи, други песови). Потоа ставите му ја "давилката" и тргнете со брзо одење да се шетате. Песот веројатно ке очекува да започне некоја нова игра па внимателно ке гледа на Вас. Ако се движите доволно брзо и песот прописно сте го умориле, постои голема можност да тој веднаш тргне како што треба. Никако не пропуштајте го тој момент, гласно изговорете ја командата ПОРЕД и обавезно наградете го со зборовите браво, добар или сл., а можете за момент и да го потапкате по левата плешка и така уште малку да го привлечете при себе. Ако песот тргне да ве влече или да заостанува позади Вас, лесно но одлучно повлечете го во правилна положба и гласно задајте ја командата(ПОРЕД), кога во таа положба ке помине неколку чекори наградите го. Трудете се да не го "трзате" премногу, туку таа корекција да биде повеке повлекување, но доволно снажно и одлучно. Тоа е поради тоа што "трзањето" песот го доживува како казна, а нема причина да го казнувате ако нешто сеуште не е научил.
Инаку, трзањето со поводникот ке биде универзална казна за повекето команди, но тек откако песот научил што треба да направи но одбива.
--- Своите бултериери ке морате почесто да ги трзате поради нивната тврдоглавост и "јаката личност". Ако ова не Ви се допаѓа, набавете некоја друга раса (лабрадор, доберман, службени песови...). (Кога кучката сака да го казни своето кученце таа го гризнува за врат и го протресува, исто како кога ние го ”трзнуваме”)
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Од темпераментот на песот зависи колку ке го наградувате, колку ке бидат гласни Вашите команди, и колку силно ке го трзате.
Во почетокот движете се исклучиво со неговата брзина те. со брзината на неговиот брз кас. Исто така во почетокот избегнувајте нагли промени на движењето, не свртувајте.
Штом песот сватил како треба да се движи обидете се малку да забрзате или да забавите. Во почетокот нека песот и понатаму остане во кас бидејки така ке му биде полесно. При секоја поголема промена на ритамот (на пример ако од одење преминете во трчање) повторете ја командата (поред).
Не претерувајте со вежбата на почетокот! 10 - 15 минути при секое шетање ке биде сосема доволно да песот за 3 - 4 дена научи да оди покрај Вас. (Претпоставувам дека Вашето милениче го изведувате барем 2 пати дневно?). Вие сепак не се занимавате професионално со дресура!
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
СВРТУВАЊЕ (промена на правецот)

Кога песот научил и увежбал да се движи праволиниски свртувањето нема да претставува проблем. Секогаш кога свртувате изведувајте го тоа со левата нога, односно застанете на десната нога и завртете се околу неа. При вежбањето ке користите свртување под прав агол и потполно завртување. - налево круг. Во праксата ретко ке свртувате токму вака, но песовите најлесно ке научат што се бара од нив.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Десно - Најлесно е да го научите песот да сврти надесно. Додека одите право, изговорете ја командата поред и едноставно завртете под прав агол на десната страна. Свртувањето започнете го со левата нога. Истовремено можете песот да го повлечете по вас со поводникот. Важно е песот да не заостане позади вас, те. да не чека Вие да се завртите па тек потоа тој да ве престигне. Затоа командата исговорете ја пред да свртите или на почетокот на свртувањето, за да песот има време да Ве погледне и да види што барате од него. Од таа причина кога свртувате Вие се трудите да се свртите во место, околу својата оска, дури и тоа свртување да го изведете така што ке се вратите пола чекор на назад (во почетокот), за да песот да мора да заобиколи оклу Вас и да ја завземе правата положба. Штом песот правилно свртел, наградете го.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Лево - при свртувањето на лево Вие практично му го сечете патот на песот. Поради тоа на почетокот ова изведете го со нешто побавно одење. Внимавајте случајно да не го нагазите песот, за да не предизвикате кај него страв. Значи лесно одете, изговорете ја командата поред и свртете под агол од 90 степени во лево. Свтувањето започнете го како и секогаш со левата нога. При тоа можете лесно да го одгурнете песот со левата нога на што тој ке мора да сврти. Штом песот правилно свртил, наградете го.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
На лево круг (или завртување за 180 степени) - ова веројатно во праксата нема да ви треба, но добро е за увежбување на движењето. Додека одете на право, изговорете ја командата поред и завртете се на назад (во насоката од која што сте дошле). Свртувањето изведете го во левата страна. Пред да се завртите, пуштете го поводникот од левата рака и држете го само во десната. Додека се завртувате, префрлете го позади грбот поводникот во левата рака и штом сте се завртиле фатете го повторно како што треба (види како треба). Штом сте се завртиле продолжете го движењето. Песот кога ја изговарате командата -поред - и започнете со свртувањето лесно повлечете го, но обавезно во правецот во кој што ке го продолжите движењето. Кон лекцијата "ПОРЕД" :
1. Исправена положба, види ги рацете.
2. Пофалба (го тапкаме по градите, и му кажуваме "браво ПОРЕД") во истото време бараме во десниот џеб...
3. Со десната рака сме бркнале во џебот, без да запираме му го даваме лакомството.
4. Лакомствотот е симболично, лесно се лапнува и голтнува без да го задавиме кучето.
5. Запираме - сликата е истата - "Браво ПОРЕД".



Одење "ПОРЕД": во третиот случај кучето започнува да избрзува - треба да го коригираме, но е идеално пак за изложба.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
[FONT=Comic Sans MS, Arial, Times New Roman]Вежба - СЕДИ[/FONT]

На ова кучето можете да го научите без никаков контакт. Држете ја едната рака над главата на кучето, со стиснати прсти, како да криете нешто. Кучето ке се заинтересира за тоа што би можело да биде во вашата рака, ке сака да ја види. Штом ке го проба тоа, повлечете ја раката на назад, и кучето, за да види, ке биде приморано да седне. Веднаш, изговорете: СЕДИ..
Ако кучето не реагира вака, помогнете му малку. Ставете му поводник, лезерно притиснете го задниот дел надолу, истовремено повлечете го поводникот нагоре и кажете: СЕДИ.
Пофалете го, не мора да му давате храна, за оваа вежба доволно е да го пофалите срдечно и да го погалите.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Команда "Седни" или "Зиц" (Sitz)
Во ова соопштение запирам поспецијано на седни од движење. Сигурно секој го научил своето малечко кученце да седи со помош на неколку лакомства и пофални зборови - тоа е страшно лесно, зошто тој го прави тоа секогаш кога сака нешто од вас. Но доаѓа времето да го научите да ја извршува командата "СЕДИ" од движење, со претстој од растојание.
Неколку зборови за командата. Тоа е можеби клучната команда во обуката. Само замислете си - со добро научено куче да оди покрај вашата лева нога и командата „СЕДИ„ вие веќе имате куче, со кое што нема да очекувате непријатности во какви и да било ситуации.
Ви обракам внимание на тоа, дека "СЕДИ" означува кучето да седне и да ја задржи таа положба се додека не кажете нешто друго. Нема команда "Стој така", таа е неопходна, затоа уште при првите вежбања не задоволувајте се со тоа, што кучето седнало. Не дозволувајте му да стане, се додека не му зададете друга команда или не го ослободите.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Како се учи?
Од движење со поводник, право напред, запираме, и кажуваме јасно "СЕДИ". Во почетокот ја извршуваме следната корекција: (корекциите се опишани сеедно така што кучето ви се движи од вашата лева страна):
Корекција 1: фатете го поводникот со десната рака на околу една педа од каишката и дрпнете го силно вертикално нагоре. Во истото време со левата рака притиснете му го задниот дел на трупот надолу. Удобната положба на левата рака е таква: палецот е одалечен од останатите прсти, со вдлабнатината помеѓу палецот и показалецот притискаме надолу. Собраните 4 прсти гледат надолу покрај рбетот на кучето, тие се слободни и го контрилраат дупето на кучето да не избега во лево. При добро изведување на командата кучето треба да седне до вас на растојание не повеке од една педа, без да избегнува на напред, да се врти на страна или најлошото - да се заврти со муцката кон вас.
Суштината и силата на корекцијата е во поводникот, НЕ е во притисокот по грбот (рбетот), обратете специјално внимание на тоа.
При оваа команда работиме по методата на наградување/корекција точно како што ја опишав по редосле: задавање на командата, давање 1 секунда за извршување, после тоа коригираме, штом кучето ке ја заземе саканата положба - го наградуваме со "Браво седи", го потапкуваме по градите и му даваме лакомство. И повторно повторувам, дека силата на корекцијата е (од поводникот) многу важна - од неа зависи колку брзо ке го научите кучето да ја извршува командата.
Лично јас дозволував да се прави грешката за да се сконцентрирам врз притисокот на рбетот, а со десната рака не бев сигурен што точно правам - таа дрпнуваше во неодредена насока и многу ретко по саканата вертикална траекторија. Што да се прави, кога сум левичар и тоа се случуваше несвесно (ги предупредувам левичарите). Затоа ми се наложи да преминам кон корекцијата, опишана подолу.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
После некое време нашиот миленик свикнува да не се врти при командата СЕДИ. Тогаш преминете кон корекција само од поводник, која што се извршува вака:
Корекција 2: Фатете го поводникот со двете раце свиени во тупаници на околу една педа од каишката, рацете една над другата и максимално блиску. Дрпнете го брзо и снажно нагоре, така да му ги одлепите предните нозе на кучето од земјата, силно и кратко, и отпуштете. Нема куче, кое што нема да седне при такво дејствие.
Конкретно кај нас со Реџи имаше еден смешен период, во кој што тој потскокнуваше со предните нозе штом ке слушнеше "седи", за да го избегне дрпнувањето, и дури после тоа седнуваше. Ако ви се случи тоа - не возбудувајте се, тоа означува, дека кучето сватило за што станува збор. Набргу ке разбере, дека при изведување навреме нема корекција.

Ако некој има проблем со тоа, што кучето секогаш се извртува со муцката кон него, дури ржи или потскокнува (овде е моментот, во кој што ке разбереме каков степен на доминантност е заложена во карактерот на нашето куче) ке ви раскажам специјално за уште една корекција, само кажете, но подобро е ако се справите без неа.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
И така ете ја следната вежба:
"Одење покрај левата нога/седи".
Ништо повеке од еден чекор напред - седни, и така - 10 пати. Го фалиме со потапкување и лакомство веднаш после секои 4-5 седнувања. Звучиме така: "ПОРЕД, СЕДИ, БРАВО СЕДИ! ПОРЕД, СЕДИ, БРАВО СЕДИ! .... БРАААААААВО СЕДИ!" и.т.н.
Оваа вежба е многу корисна. Реално при нас со Реџи тоа беше Рубиконот, за да ме прифати тој кој стои повисоко во хиерархијата и да започне да ме слуша. Оваа вежба ја користам во следниве случаеви:
1. За да го натерам кучето да се сконцентрира ако зјапа на некаде при тренирањето;
2. За да му го одвлечам вниманието при тешка ситуација, на пример минуваме покрај глутница и тој покажува, дека е склом да ме погледне наваму-натаму.
3. Во квалитетот на силната корекција при неисполнување на командата од растојание, на пример, кога тренираме СЕДИ со задржување, а тој стане и се одалечи од местото, го одведум на одреденото место на тој начин, смисолот е "ако не ти е јасно, ке треба да извршуваш, за да ти стане јасне!" Како 20 склека во касарната :)
Ако кучето започне да ржи или да изразува незадоволство за време на вежбата - ете го погодниот момент да му покажете кој командува. Ако сепак многу се растројува или се свива - намалете ја силата на "притисокот" и напредувајте постепено. Вежбање на "СЕДИ" со задржување.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Вежба 1:
Од движење покрај левата нога ја задаваме командата "СЕДИ". Штом кучето ке ја изврши, правиме еден-два чекори напред, без да кажеме ништо. Скоро секое куче ке тргне по вас. Штом кучето ке се обиде да тргне, го коригираме и го поставуваме повторно во седната положба, го фалиме ако не тргне. Покасно при седната положба на кучето после зададената команда освен да се движиме на напред, започнуваме лесно да го подрпнуваме поводникот, без да кажеме ништо. Дејствуваме на истиот начин. Саканиот резултат е постигнат кога колку и да го дрпнеме, кучето седи како дрво се додека не му зададеме друга команда.

Вежба 2:
Од движење покрај левата нога ја задаваме командата "СЕДИ". За да го маркираме почетокот на вежбата, се приближуваме до него, левата нога се наоѓа до неговите гради, се наведнуваме, го потапкуваме по градите, повторуваме строго "СЕДИ". Држејки го поводникот се одалечуваме в десно од неговата страна, на 1-1.5 м. Започнуваме да опишуваме лак со центарот на седнатото куче и радиус со поводникот, кој што не треба да биде затегнат. Во почетокот остваруваме контакт со очите, го ограничуваме со 1/4 опкруженост, додека да застанеме точно спротив кучето, лице во лице. Се вракаме обратно по истата траекторија во исправена положба, со брзо приближување го потапкувате по градите "БРАВО СЕДИ" го маркираме крајот на вежбата.
Лично за мене беше зачудувачки колку брзо кучето свати што се сака во задачата, очекував друго.
 

mkdpro.AceBoy

Кајгана 24/7
Член од
14 јуни 2007
Мислења
520
Поени од реакции
13
Понатаму е само прашање на вежбањето. Го пуштаме поводникот, постепено започнуваме да опишуваме половина круг околу кучето, после и цел. Повторуваме после некое одредено време "БРАВО СЕДИ". Лека-полека го зголемуваме растојанието. Го зголемуваме и времето на задржување. Ако тоа време достигне до 5 минути, а растојанието - 50-60 чекори, можеме да сметаме, дека вежбата е научена. И како и во се друго како и до сега, постепено воведуваме надразнувачи - ја вежбаме додека се приближуваат велосипедисти, други кучиња, покрај него поминуваат луѓе. Започнуваме да се криеме зад дрвата, грмушки, некој зид - кучето треба да седи и тогаш, кога не не гледа. Можеме да ја вежбаме дома, пред јадење. Најважното е да ја вежбаме редовно.
Суштинската тешкотија доаѓа тогаш, кога ке започнеме да се одалечуваме на 20 и повеке метри со грбот кон кучето. Од време на време фрламе поглед кон него. Ако стане и тргне, го вракаме брзо на почетокот, го одведуваме на местото, каде што требало седи, така што го "искаруваме" незадоволни, може и со повеке зборови, важно е да осети дека тоа не му се дозволува. Можеме да го однесеме назад под притисок ПОРЕД/СЕДИ. Добро е во почетокот да го оставиме поводникот на него, така лесно ке го настапиме ако тргне некаде. Некои тренери препорачуваат да се користи 20 м. поводник, но при Реџи тоа не даде резултат, тој се однесуваше како на англиски да му викаат "leash-smart" - многу јасно ја свакаше разликата кога е со поводник и кога не е. Но подобро дејствуваше подршката со вербалната команда и со гест: Штом ке стане и се обиде да тргне (а тоа го прави колебливо, така што ме гледа со испружен врат) кажувам "СЕДИ" и ја испружувам раката со завртена кон него дланка како "стоп". Некои тренери го одобруваат користењето на гестови, други го негираат. Експериментирајте. Воопшто во тој момент на обуката има доста трчање. Важно е да реагираме секогаш исто.
Моментот е погоден да се комбинира "СЕДИ" со "ДОЈДИ", и "МЕСТО".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom