Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 4.999
- Поени од реакции
- 12.580
@Uluru , да, се што напиша погоре е точно. Би додала дека пред да се разболи имаше период од 2 - 3 месеци кога немавме проблеми да го оставиме сам, почнавме прво полека на заграден простор со по еден час дневно па постепено зголемувавме. Не му беше проблем да е сам кога знае дека нема никој во куќата, е кога ќе не осетеше дека сме дошле дома почнуваше да лае ама ќе се смиреше после некое време. Сега кога излегуваме од дома, посебно татко ми кога излегува, не можам да ви опишам колку панично лае и општо се однесува панично , абе ти се чини го оставаш и не се враќаш. Се смирува после некое време кога не сме дома, ама кога се враќаме сите од работа пошто знае дека сме дома готово, завива цело попладне. 5 минути да не ме видел кога ќе излезам надвор стално е како да не сме се виделе 5 години, радосен, скока, трча хиперактивно.
На ветеринар нема шанси да стои мирен ни за преглед, тоа е права борба. Знам дека е истрауматизиран од луѓе, кој стигна го боцна или го прсна со нешто, сега ни бега и нас кога треба да го прскаме/капиме за демодексот. Имаше и рани нели, му ги мачкав со кантарион, по саат, саат и пол сме го мачкале пошто бега и од нас веќе.
Ќе го спомнам и ова пошто мислам дека е важно. За првичната дијагноза - шуга, ветеринарот ни даде да го испрскаме со сулфур. Тие денови имаше температура, секој ден бевме на инфузии, паралелно го прскавме со амитраз, хаос. Песот многу лошо го поднесе сулфурот, после пола сат имаше многу лоша реакција на сулфурот, имаше тикови на задната нога и му се јавив на ветеринарот во паника. Ми рече измиј го само со топла вода. Вечерта не спиеше, т.е од страв спиеше стоејќи. Сабајлето кога станавме бегаше од нас домашните, само ќе седнеше на крај на дворот сам, кога и да му се доближеше некој веднаш заминуваше подалеку. Не спиеше, чекаше да се увери дека нема никој околу него за да заспие, и тоа заспиваше стоечки и ќе се струполеше од умор. Јас тој викенд го преплакав пошо бев убедена дека кучето нема да се избори. Два дена после ова почна со лендоцинот пошо не му паѓаше температурата, па постепено се крена.
А добро еве настрана фактот што ја нападна другарка ми, мада ја знаеше од порано, уште пред да почне со терапијата, ама зошто кога тргнав накај него ми се сврти и мене и спрема мене се понашаше агресивно?