Мене ме интересираат некој конкретни работи од луѓето кои таму се вработени.
Колку смени се работи?
Кога почнуват и кога завршува секоја смена. Колку паузи има и колку се долги и од колку до колку саат исто така за секоај смена посебно?
Колку трае паузата за прехрана во кантината и каква е храната?
Колку саати неделно е регуларното работно време. Дали саботите се регуларно работни или се работат кога има потреба и се надвор од регуларното и договорено работно време?
Колку дена (работни) во годината се предвидени за одмор?
Ете за почеток неколку конкретни прашања кои мислам дека се многу битни.
Еве јас како вработен ке ти одговорам, се работи во три смени, прва смена почнува во 6 часот наутро, завршува во 14 попладне, втора почнува во 14 завршува во 22 часот, а трета од 22 часот до 6 часот сабајле. Пауза се вкупно во тек на едно работно време имаш пола саат, односно првата пауза е по два работни часа и трае 5 минути, втората пауза за ручек е по 2-3 саата од првата пауза, во зависно од тоа во кој оддел работиш, бидејќи не може сите заедно да одат, и трае се на се 20 минути. А третата пауза иде по час, час и половина од паузата за ручек, и исто така трае 5 минути. Саботите не се регуларно работни, се работи по потреба, ама повеќето саботи се работат, и се работи според регуларното работно време, освен во недела втора смена кога се работи од 14 часот до 18 часот, односно пола смена. А да, заборавив, храната според мене е супер, и вкусна и добро зготвена и топла секогаш. За одмор е стандарт како и секаде, 20 работни денови ти следуваат, секако првиот одмор ( летниот) треба да ти биде 12 дена. Ама одморот годинава беше тотално неорганизиран, и некој фана 12 дена, некој 5 некој ниту еден, тоа е тоа во глобала.