Драчево прераснува во град

Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Општина Општина Кисела Вода
Население 37478 жител жители
Поштенски број 1050
Повикувачки број
Надморска височина 240 метри m
Географска широчина 41° 56' 12" сев. ш.
Географска должина 21° 31' 18" ист. д.

Драчево е населба во Општина Кисела Вода, во околината на градот Скопје. Поради својата големина и бројот на жители Драчево е прераснато во градска населба на градот Скопје. Еден дел од населбата сеуште се нарекува село Драчево и за него се водат посебни статистички податоци.

Географиja и местоположба

Драчево се наоѓа во јужниот дел на Скопската котлина на 12 километри оддалеченост од центарот на Скопје (во југо - источен правец). Населбата е рамничарска и низ неа минува локален пат за повеќе скопски села. Со центарот и другите делови на Скопје Драчево е поврзано преку автобуски линии, а истотака Драчево пртеставува и железничка станица на пругата Скопје - Гевгелија.

Историja

Пред околу 2 века кога олабавиле малтретирањата на народот во Македонија од страна на Турците и Арнаудските качаки банди македонските села почнале да се симнуваат од безбедните високи планини кон пониските места.Животот бил нешто полесен и поприлагоден.Така и жителите на село Драчево ги напуштиле безбедните прератки на Караџица и ги ставиле темелите на новото Драчево на просторот каде што и ден денес се наоѓа.Многу вода протекла низ Маркова од тогај па до пред некоја година кога целосно ја запреа.Многу приказни се испреплетеа за Драчево.
Но најголемиот пресврт Драчево го доживеа послем катастрофалниот земјотрес 1963 година кога беше донесена одлика разрушеното Скопје да се шири во правецот на селото Драчево.
Новата Скопска населба беше изградена во нивите на Драчевскиот атар, а во неа сеа населиа скопјани чии станови беа разрушени од земјотресот, како и работници на новите гооолеми фабрики: Охис, Цементарница и Стакларница.
Денес од некогашната голема Стакларница нема ни траг, Охис исто така е на залез, a Цементарница веќе оддамна своите работници не ѓи наоѓа во Драчево.Но Драчево не згасна со тоа.
Напротив почна да живее со своја душа поинаква од секаде низ Македонија.Рамниот предел, допринесе масовно населување на околината на селото и населбата Драчево.А заедничкото корзо, училиштата, пазарот и легендарниот 41 допринесоа до забрзано мешање на жителите и претопување во една неофицијална целина која едноставно си ја викаме -Драчево.
И покрај официјалната разграниченост помеѓу населбата и селото, и покрај потеклото од сите ширини на Македонија на жителите на населба Драчево и дивоградбата покрај него, сите ние себеси се нарекуваме Драчевчани.
Еден од највидните Драчевчани кој воопшто не влече Драчевски корени,
градоначалникот на општина Кисела Вода - Џорџе Арсов, успеа да внесе некој промени во разубавувањето на Драчево..
Повеќе за историјата на Драчево во книгата од Коста Митревски (долги години вработен како главен свештеник во црквата св.Спас во Драчево)

Археолошки локалитети

Белчевица, некропола од римското време. Во дворот на училиштето, при садењето на овошни насади, во 1955 година учениците откриле гробница градена од квадратни тули со скелет покрај кој биле положени стаклени сатчиња ‡ лакримарии.
Љубуш, старохристијански ротонди. На еден зарамнет врв во близината на утоката на Пеленица во Маркова Река, оддалечен 3 km југозападно од селото, има остатоци од римско утврдување чии одбранбени ѕидови го опкружуваат целото плато големо околу 1,5 хектар. Откопани се темели од повеќе градби меѓу кои и темели од две цркви ‡ ротонди. Според Ф. Месеснел, едната имала пречник повеќе од 10 m и под покриен со мозаик, организиран во повеќе правоаголни полиња. Од мотиви во полињата на мозаикот се присутни рибини лушпи, крстови, плетенки како бордури и раскошен кантарос од кој излегуваат бршленови ластари со лисја.
Пинтија (Ќуприја), некропола од доцноантичкото време. На 2 km северозападно од централниот дел на селото, во 1952 година, при подготовките на нивите за садење на лозја се откриени повеќе гробови и една гробница градена од римски надгробни споменици. Најдените прилози се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Тресалиште, осамен наод од доцноантичкото време. Во 1949 година во месноста Стефановски Дол е откриена надгробна стела со релјеф и латински натпис. Стелата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.


Економија

Населението на Драчево во најголем дел е вработено во фирми во Скопје и работи секундарни и терциерни стопански дејности, меѓутоа дел од населението сеуште се занимава со полјоделство. Најзастапени полјоделски култури се градинарските (кромид и млад кромид, праз, зелка, морков идр.). Во Драчево работат пазар и голем број на трговски дуќани. Во близината на Драчево се наоѓаат и голем број на индустриски капацитети (како „ОХИС“, „Тулана“), стоваришта, сервиси и работилници.

Демографија

Според пописот од 2006 година, селото Драчево брои 38641 жител од кои:
Македонци - 37478
Албанци- 22
Роми - 639
Турци - 146
Срби - 99
Власи - 22
Бошњаци - 74
останати 107


Општествени институции

Народна кујна во С.Драчево, Три основни училишта: Ц.О.У.Рајко Жинзифов, О.У. Кузман Шапкарев, О.У. Климент Охридски Поликлиника, Полициска станица, Пожарна, Две средни училишта: Браќа Миладиновци (гимназија, земјоделско, кортикултура) и попското средно училиште, Градинка 1ви Мај, Спортска сала, Кино сала, Пошта на Македонски Телекомуникации....


Културни и природни знаменитости

Културно рекреативен центар Три Круши и Манастир Пеленица.


Редовни настани

Културно лето Три Круши. Се одржува секое лето во Културно рекреативниот центар Три Круши.Секој петок и сабота во малиот амфитеатар настапуваат естрадни уметници, актери, театри, продефилируваат членови на повеќе културно-уметнички друштва, настапуваат гости од повеќе земји од Европа...


Личности

Една од најпознатите личности од Драчево е македонскиот кошаркар Петар Наумоски. Останати познати личности се македонските пејачи Миле Кузмановски , Есма Реџепова , Даниел Коцалев , како и фамилијата Тодевски (Тамара и Тијана)...


Култура и спорт

Со децении опстојува културно уметничкото друштво КУД КИТКА и е еден од заштитните обележја на Драчево Во Драчево има два фудбалски клуба ФК Драчево и ССК Младинец. Двете екипи се натпреваруваат во третата фудбалска лига на Р.Македонија. Во минатото постоел и ФК Партизан каде што почнал да игра познатиот Македонски фудбалер, Мирко Петров. Има и една женска кошаркарска екипа ЖКК Младинец која се натпреварува во Првата кошаркарска лига за жени на Македонија и машкиот кошаркарски клубКК Ангели, кој се натпреварува во 3 Кошаркарска лига.


Иселеништво

На поголемиот дел од населението корените на семејствата им се од Драчево, но има и многу доселеници кои бараат помирен живот надвор од центарот градот а да се во контакт со новите случувања. Има повеќе фамилии кои што ја напуштиле населбата и заминале во Австралија, а има и неколку кои што од таму дошле за да живеат во Драчево.
 

Attachments

Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Уште нешто што најдов...ова е сликано во 05:15 Изгрејсонце...Лепота
 

Attachments

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
Многу убав кромид успева во околината на Драчево, заедно со Бучинскиот мислам дека е најубав во Македонија!:vozbud:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Браво за темава драчево заслужува барем една тема на Кајгана:) доста жители има и е поголемо и од некои градови низ Македонија.Порано во близина на ПЖС местото кај што живеам блиску до Драчево(спаѓа под драчево) работеше и цигланата типо доста драчевчани работеа таму но за жал од пред неколку години не работи.Има и доста легенди од драчево Шукер,Бецко,Урко:pos2: да да џингис во право си кромидот е најбољи
ај ако најдам некоја слика ќе ставам и јас
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
ДРАЧЕВО мој роден град,јас те сакам за тебе пеам...хехе брао за идејата да отвориш тема за ДРАЧЕВО
иначе нз шо би додал ја уште се имаш кажано
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Bravo dracevo ,drad vo grad a? pozz do dracevci i do najdobriot dracevski kromid:helou::smir:
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2


















Месноста Три Круши со крстот и црквата Св. Петка изградена во 2006 година, инаку на истото место се пронајдени римски гробишта.

:)



Средното Богословско училиште.





Чешмата на сред село попознато како говедариште изградена во почетокот на 20 век.








Црквата Св. Спас изградена во средината на 19 век на темели од средновековна православна Црква.

Името на Драчево.

Точното значење на името Драчево во нашата наука сеуште не е утврдено. Според проучувачите зборот Драчево е елиптично име со посесивно значење и е изведен од некогашната атрибутска именка Драчево (место, село), што означувало елиптична топонимска единица. Потеклото на името проучувачите го објаснуваат на два начина.
Прво, во основата на името на Драчево може да се наоѓа личното име Драче кое претставува деминутивно образување изведено од антропонимот Драгољуб, Драгомир, Драгослав и сл. со деминутивниот суфикс - че. Тоа значи дека наместо целосното изговарање на името во народниот говор името добивало скратена форма и се изговарало како Драче, Дралче или Дуче.
Личното име драче кај нас е регистрирано во 16 век, а во 15 век е забележано личното име Драчо. Одтука според некои проучувачи името може да потекнува од личото име Драче, односно "село кое му припаѓало на Драче".
Второто толкување за потеклото на името Драчево се поврзува со едно растение што се викало Драч или Драча односно може да се каже дека името означува "место каде што го има растението Драч односно Драча". Апелативот драч/драча е дијалектна разновидност на фитонимот драка што значи низок трнлив храст (Paliurus aculeatus). Апелативниот драч/драча настанал со помош наименскиот суфикс - ја од драка, изведено од старословенскиот глагол драти (дере), а првобитно означувал "она што дере" односно "она што ги дере кожата и алиштата"
Според толковниот речник на Македонскиот јазик, името драч односно драка има две значења. Според едното толкување името драч потекнува од еден вид бодликава грмушкасо жолти цветови во вид на грозд и дрвенести плодови во вид на диск.
Според другото толкување, со името драч се означувало секое растение со со боцки. Денеска ова име драча во народниот говор повеќе не се употребува.
Првите историски податоци за името Драчево датираат од крајот на 13 век. Неговото име најпрво се забележува во Милутиновата грамота за манастирот Св. Георги - Георг Скопски од 1299 до 1300 година, каде што е запишано "нис појат кон оде оја Драчево"
Во следните години Драчево е евидентирано и во други стари докиументи. Така, с.Драчево е евидентирано и во турските извори од 15 и 16 век. Со формата Драчево селото е забележано во првиот опширен пописен дефтер за Скопскиот вилает од 1452 до 1453 година со вкупно потпишани 43 христијански семејства, а вовакавскиот имот при имаретот и медресата на Исхак-бег во градот Скопје се споменуваат како испустени една воденица и едно лозје во селото Драчево. Од овие први спомнувања за Драчево ке го споменеме и опширниот пописен дефтер за Скопскиот вилает од 1467 до 1468 година$ каде што селото по име се споменува како бакаф на Иса-бег син на Исхак-бег, со вкупно 63 христијански семејства. И во пописните дефтери од 1544 и 1568 година повторно селото се споменува под ова име, со таа разлика што бројот на семејствата пораснал на 155 христијански и 3 муслимански во 1544 и на 150 христијански семејства во 1568 година.
Името Драчево е евидентирано и во поновата литература од 19 век. Така со ова име селото е евидентирано во делата на Верковиќ од 1889, на С.Гопчевиќ од 1890, на Вуичиќ од 1914 и Бранкоф од 1905 година.
Сето тоа укажува дека името Драчево е доста старо и во оваа форма се забележува во во историските документации како препознатливо село со историска традиција повеќе векови наназад
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Има ли во Драчево станбени објекти? Значи е вклучено во Кисела Вода и со тоа во Град Скопје. Ако е точно тоа дека има 40.000 жители тогаш мора да биде посебна општина значи може да биде општина Драчево, но никако и град, популацијата е вклучена во ГРАД СКОПЈЕ.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Има ли во Драчево станбени објекти? Значи е вклучено во Кисела Вода и со тоа во Град Скопје. Ако е точно тоа дека има 40.000 жители тогаш мора да биде посебна општина значи може да биде општина Драчево, но никако и град, популацијата е вклучена во ГРАД СКОПЈЕ.
ИМА

е сеа дали има 40 000 незнам,мислам дека нема баш толку,али би рекол 20.000 би требало да има(бар според мене не мора да значи дека е така)
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
105
Поени од реакции
2
Има ли во Драчево станбени објекти? Значи е вклучено во Кисела Вода и со тоа во Град Скопје. Ако е точно тоа дека има 40.000 жители тогаш мора да биде посебна општина значи може да биде општина Драчево, но никако и град, популацијата е вклучена во ГРАД СКОПЈЕ.

Пред неколку години имаше иницијатива да биде општина, ама требаше во склоп на таа општина да влезат сите околни села вклучувајќи го и Студеничани, на некого му сметаше Драчево да биде општина каде што албанците ке беа малцинство затоа си направи чиста албанска општина Студеничани а Драчево остана во склоп на Кисела Вода.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Планирам да дојдам некој ден натака да прошетам да видам шо прајте, ај ќе фатам еден четрскец кај и да е :)
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Планирам да дојдам некој ден натака да прошетам да видам шо прајте, ај ќе фатам еден четрскец кај и да е :)
Ајде мор те чекаме:vozbud:кажи кога ќа идаш
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Ееееејјјјјјј од кога не сум бил во Драчево еј(освен на поминување).Ај и ја некој ден ке навратам таму да видам што,како,кој...
:salut:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Планирам да дојдам некој ден натака да прошетам да видам шо прајте, ај ќе фатам еден четрскец кај и да е :)
Ееееејјјјјјј од кога не сум бил во Драчево еј(освен на поминување).Ај и ја некој ден ке навратам таму да видам што,како,кој...
:salut:
добредојдени сте,у секое време:helou:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Е има околу 30.000-35.000 жители Драчево.
За тие што пишаа дека треба да бидеме посебна општина !
Значи кога беше тоа поделбата Драчево имаше цврст став да се оддели како општина и да небиде више под капа на Кисела Вода ама поради некои Х причини тоа не се случи!
Ама не е битно тоа во Драчево се живее има доста место за рекреација спортување лежерно шеткарање а и добар ноќен живот неколку кафичи (незнам дали знаете ама една од првите дискотеки во Скопјево беше дискотеката ДИКИ која беше во Драчево и уште од тогаш доаѓаа познати воглавно српски пеачи пошто тоа време сите биле попалени по тој тубофолк).
Драчево се делеше на стар дел -селото (чии граѓани воедно беа и стари Скопјани кои цел живот го поминале тука) и нов дел- населбата( чии граѓани после некои поголеми историски инциденти како граѓанската војна во грција и сл. беа доселувани на земјата на старите драчевци) за сега според некој нов документ во кој што пишува дека Драчево више не де дели на село и населба туку е само Драчево.
Драчево важи за мирно место за живеење (до некаде :pos2::pos2: доколку не би биле ние младинава) и не е многу етнички мешано! Највеќе преовладуваат Македонци!
На културен и спортски план не има колку толку и Аце има наведено познати личности и така!

Иначе за сите што сакате да не посетите повелете јас живеам таму кај црквата што ја гледате на сликите па повелете!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom