Драг спомен од вашето дество?

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
Кошот у маало кај плочникот. Boy oh boy откако го ставија (имав некои 8 години) преку неколку репарации во текот на рана адолесценција до ден денес сведочи на некогашното детство што цело маало го имаше. Денес зјае пусто, понекое детенце ќе фрли топка ама толку.
Дворот на бараката на баба ми, горе на Водно. Колку цреши, вишни, јаболки, кајсии имаме собрано, па после ги делевме на три куќи подеднакво. Па едно време ги прскавме со црево мажјаците да не и` се качуваат на кучката, па ставај, поправај живи огради, а овие уште толку упорни копаа ровови и се провнуваа. Многу лична кучка имавме изгледа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Кошот у маало кај плочникот. Boy oh boy откако го ставија (имав некои 8 години) преку неколку репарации во текот на рана адолесценција до ден денес сведочи на некогашното детство што цело маало го имаше. Денес зјае пусто, понекое детенце ќе фрли топка ама толку.
Изгледа дека секое маало си има таков кош, еден од оние што се чудесно отпорни на временските (не)прилики и на локалните орангутани. Нашиот стоеше долго време, не ни паметам кој го поставил. Го тргнаа пред неколку години, но тоа не беше важно, бидејќи децата кои се вртеа таму одамна ги немаше. Сепак, беше потсетник на едно убаво време.

Спомени има многу - навидум бескрајни летни распусти, кога ќе заборавиш кој ден е, и возбудливи зими со многу снег, бункери, санки па и со некоја настинка како бонус.

Другарите - за големо чудо и за голема среќа, моите најдобри другари, а таквите никогаш ги нема многу, ги запознав во овој период. Голем дел од убавите спомени делам токму со нив.

Првата љубов (ако така може да се каже) и втората.

Преспанско и Охридско Езеро, карти, шах, ризик(о), стрипови, флипери, книги, мастерс фигури (He Man), Штрумфови....

Готвењето на моите две баби, човечноста и широчината на дедо ми, натопената кришка леб со шеќер од прабаба ми и преполниот подрум со разни алатки на прадедо ми, кој тогаш ми личеше на
средновековен воен арсенал (не дедо ми, подрумот) .
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Колку само спомени имам од детството, што од дружењето со другарите од маалото, што од дружењето со мои дома. Готово се расплакав уште на почеток но ке продолжам. Прво, за дружењето со децата од маалото. Бевме дружина од 10 деца. Ке станевме околу 8 ке појадувавме до 8 и 30 и после право на улица до 12-13 часот зависи колку беше топло (ова е за летно време) После тоа секој дома преспива до 15-15 и 30 и потоа на компјутер и сите игравме симс. Тогаш ја имаше само 1та и 2та и бидејќи 2та беше тазе излезена неа ја игравме највеќе. Се допишувавме преку Windows Live Messenger ако го памтите тогаш уште го немаше Фејсбукот. Прашувавме кој до каде стигнал каква куќа направил и такви работи. После од 16-19 часот гледавме шпански серии тогаш тие беа хит и ако не ги гледаш се сметаше за заостанат. И после до 00-01 на улица пак: жмурка, карти, монопол, клен за војска, штркот бара боја, нека бие нека бие, фудбал, сладолед, велосипед, сончоглед, ролери... Имавме и едно наше шоу каде што сите женски од маалото приготвуваа претстава на улица. Тие смислуваа кореографија и играа на песна пуштена на ДВД со огромни звучници надвор абе ечеше маалото, а машките свиреа на инструменти: гитара, усна хармоника, тапани (тоа всушност беше канче од кисело млеко со песок внатре и демек тапан).... Секое лето приготвувавме нова претстава и присуствуваа постарите сите се восхитуваа.. Многу ми е криво кога денес некој постар ке праша каде се тие ваши претстави што ги правевте, милина за очи беа и спокој за срцето гледајќи ве како се дружите. Денеска го нема тоа сите се на Фејсбук и изиграваат некои големи градски риби и фраери...А сега за зимскиот распуст. Тогаш го прославуав и мојот роденден па за среќа секоја година имаше снег и неверојатно се забавувавме играјќи се во внегот, лизгајќи се на санките, на џак. Една година добив сипаници и не смеев никако надвор да излегувам и ги гледав децата преку прозорец како се играат во снегот а јас ронам ли солзи ронам. Заедно сме прославувале и Нова Година..Сме биле како браќа сите но денеска ниту еден не сотана другар со некој друг од некогашното големо друштво. Сите на своја страна и никој никого не познава иако сите сме соседи и живееме на иста улица.
Што се однесува до моите дома. тука ке ја издвојам баба ми која секако се жртвуваше за своите внуци и не прикриваше ако направевме некое лошо дело јас или сестра ми. Секоја недела се собираа сите нејзини сестри кај нас дома (беа 5 сестри и еден брат но тој за жал починал) и месеа зелник со праз.. Мммм колку вкусно беше прсти да си излижеш уште пак кога со кисело млеко го јадев....Што да ви кажувам. Сега ниту една баба не остана сите умреа во рок од 10 години од која едната баш на мојот роденден. Одтогаш и не славам роденден воошто бидејќи бев многу приврзам за неа. Дедо имав само еден тој беше душа од човек се ми угодуваше што сакав тоа ми купуваше но и тој не поживеа многу. Зборовите баба и дедо не сум ги изустил повеќе од 10 години многу ми е тешко кога другите зборуваат како нивните дедо и баба им купуваат, им прават јадења, а јас што да кажам? Само ги голтам солзите и веднаш се тргнувам на страна. Додека го пишувам ова седам во собата на баба ми и дедо ми тука има и нивна слика кога ке ги видам душава ми затреперува седнувам и си плачам за годините неповратно поминати со нив. Затоа еден совет до сите кои имаат живи баба и дедо. Чувајте ги и гледајте ги додека се живи бидејќи кога ке умрат веќе нема враќање назад. Ке сакате да ги вратите годините но залудно. Тие нема да се вратат.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

-
доручекот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom