Кајганолијо,
Јас не сум јас ако сезонски грип не ме дофати.
Абе само што се средив од она предновогодишното, дојде пролетното. Абе аман.
Од другите поважни вести, петок е денес. Колегиве сите ко заспани, нерасположени, млитави. Мислам дека неделава на сите ни дојде премногу. Стварно треба да има два викенди во една работна недела. Вака некако ту мач е.
Точка број два од денов е шо надвор пука сонце.
Точка број три е шо јадам цитрони како да нема друго овошје на светов. Животот непотребно си го загорчувам, ама сè во името на поголема доза на витамин Ц (кој воедно и како таблети го користам). Тотално небитна информација е дека не постои предозирање со витамин Ц и сè што е вишок од него организмот сам го исфрла ама добро е да се знае за ко ќе ти рече некој ’ЏАБЕ ПИЕШ ТОЛКУ НЕ СМЕЕШ ДА ПРЕТЕРУВАШ’ да имаш контра аргумент.
Види, непланирано цел расказ напишав.
Дополнително шо уште не можам да се приберам како некој може да лаже за терминални болести. Има луѓе со тешки психози. И нив мислам ни камион да ги мавне нема да ги спаси.
Одјава Кајг за сега.