Дали статус во вид на „ne otvarajte poraki od mene po6to se virussssssssssss“ или коментар на слика на екстремно јака женска „Super si zhenska,,,,,jaka si aj addme po6to sum na blok,,,,,kissss“
Кајг, моментот кога ни ти ни your brother from another mother кој моментално ти е на гости не можете да спиете...
Земате шише ракија во 5 сабајле и салата:
Почнува муабет, јас на ред пошо нешо читав низ Религија,
па историја, па Маите и Ацтеките, па некоја филозофија... тргна на дрога и добри/лоши работи за дрогата, премина муабетот на политика, продолжи на наука и моментално сме на брачни совети и психологија.
А има уште ракија...
И после, кој рекол дека ракијата не те прави интелегентен?
Денес морав да станам рано затоа што требаше да му помогнам нешто на татко ми. Е арно ама помошта беше околу дваесетина минути. А ја чим станам заспивање амин, па макар и само два саати имам преспано.
И си викам што да правам, ај ќе симнам филм и ќе го утепам некако времето. Пуштив да се симиња филмот и си викам во меѓувреме што да јадам додека го гледам филмот... Изборот падна на јуфки, пошо више беа направени а ме мрзеше нешто друго да си правам. И така си ставив јуфки, седнав пак пред PC, прошарав нешто низ форумов, ги изедов јуфките и еве сеа ќе седнам да го гледам филмот.
Драга Кајгана,
Колку интересни гледни точки има за тоа каква музика човек слуша.
Ако слуша рок - тепач е,
ако слуша метал - наркоман е,
ако слуша џез - забеган е и се понаша амерички,
ако слуша класика - си има некоја отскочна даска во главата,
ако слуша турбофолк - сељак е.
Овие поделби можеме да ги чуеме баш од оние кои биле ,,нормални'' и слушале забавна музика..............., а колку само тоа нема врска. Баш тие таквите што ја прават поделбата се некои отидени, во кој правец и да погледнеш
Еве еден интересен пример како некој се труди да заработи некој денар...знаеме дека има доста што просат од икс причини..ама еве детенцево како така се труди бар со нешто да заработи а не да проси...камо бар пола од луѓето да не беа мрзливи и да најдеа некој начин како детево да заработат некои пари а не да чекаат од небо да им падне а до тогаш да кукаат...
Ок К
Нешто заклучив, луѓето се клети, и скоро сите ги мразам зошто не го заслужуваат своето постоење а нит моето време... Тоа значи дека ако се уште ти зборам и се смеам на твоите шеги, вредиш и си добар човек/човечка
Ако не ти зборам или избегнувам да ти зборам, тогаш си најнебитното суштество на оваа планета (за мене) и сигурно имаш ептен проклета душа за да морам да превземам мерки за незборење.
Драга, го знаеш она чувство кога ти се иде од кожа да излезеш ама се плашиш дека нема да знаеш да се вратиш назад? Па на моменти и на себеси си сметаш.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.